Регион
Жестоки протести пред гркиот парламент
Илјадници демонстранти ноќта во средата спроти четвртокот жестоко протестираа пред грчкиот парламент, кој рано изутрината го усвои пакетот реформи како услов за финансиска помош.
Додека пратениците водеа жолчна расправа околу тоа дали треба да бидат прифатени реформите, демонстрантите пред парламентот со молотови коктели фрлаа врз полицијата, која им возврати со солзавец.
Демонстрантите ги повикаа пратениците да кажат „не“ на мерките на штење, а не изостанаа сцените кои беа чести на атинските улици, откако започна грчката должничка криза.
Одредени медиуми јавуваат дека улиците на Атина изледаат како да се одвивале вистинска војна, има запалени автомобили, траги од изгорени бензин на плошниците, а 50 демонстранти се упасени.
Состојбата во текот на ноѓта се смири, но во наредните денови можно е да уследат нови протести на Грците кои не сакат да ги прифатат условите кои им ги наметна Европа.
Грчкиот парламент го усвои пакетот реформи, кои вклучуваат зглемување на даноците и кревање на старосната граница за заминување во пензија.
По жестоката расправа која траеше повеќе од четири часа, 229 од 300 пратеници гласаа „за“, 64 „против“, а шестмина беа воздржани.
Против или воздржани беа 38 пратеници на владејачка партија Сириза на премиерот Алексис Ципрас кој неволно ги повика пратениците да гласаат за непопуларните реформи.
Меѓу истакнатиот членови на Сириза кои беа против мерките се поранешниот министер за финансии Јанис Варуфакис, министерот за енергетика Паниотис Лафазанис и заменик министерто за труд Димитрис Стратоулис.
Против беше и претседателката на парламентот Зое Констатополу, која ја напушти салата пред гласањето, а потоа се врати и одржа остар говор во кој го осуди „црниот ден за демократијата во Европа“.
Повеќе од половината членови на централниот одбор на Сириза потпишаа изјава со која го осудија пакетот мерки, нарекувајќи го државен удар на европските лидери против Грција.
Илјадници граѓани излегоа во средата вечерта на атинските улици и цел ден учествуваа во низа мирни маршови против новиот пакет помош со кој Грција би се спасила од банкрот.
Во средата во знак на протест против мерките државните службеници започнаа 24-часовен штрајк, а апотекарите ги затворија аптеките. /крај/мф/ап
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Автобус изгоре на автопат кај Солун, патниците навреме евакуирани
Пожар избувна рано утринава во градски автобус што сообраќал на линија во предградието Синдос во Солун, во северна Грција, јавува „Катимерини“.
Пожарот настанал додека автобусот се движел по автопатот Патра–Атина–Солун–Евзони. Сите тројца патници и возачот навреме го напуштиле возилото, додека автобусот целосно бил уништен од огнот.
Противпожарната служба интервенирала за гаснење на пожарот и спроведува истрага за причините за инцидентот.
Фото: илустрација (Depositphotos)
Регион
Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград
Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње.
Полицијата и дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград се на местото на настанот, а истрагата е во тек, пренесуваат медиумите во регионот.
Деталите, според написите, засега не се познати, но според извештаите никој не е повреден во експлозијата, но е причинета голема материјална штета, пишува „Телеграф“.
Пејачот бил во куќата
Полицијата веднаш ги блокирала приодите кон куќата по приемот на пријавата.
Припадници на Министерството за внатрешни работи спроведуваат истрага, а форензички експерти собираат докази и ги прегледуваат снимките од безбедносните камери за да го идентификуваат сторителот, пишува медиумот.
Во моментот кога била фрлена бомбата, Чолиќ, неговата сопруга и помладата ќерка Лара биле во вилата.
Според Телеграф, тие спиеле во моментот на експлозијата, а звукот ги разбудил.
Фото: ЕПА
Регион
Фалсификуваните пари за Балканот и ЕУ најчесто доаѓаат од Романија
Најголемите количини фалсификувани пари што пристигнуваат на Балканот и во земјите на Европската Унија потекнуваат од илегални фабрики во Романија.
Криминалните групи ги набавуваат фалсификатите по цена од околу 20 отсто од вредноста на оригиналниот новац, што значи дека за еден милион евра лажни пари се плаќаат околу 200.000 евра.
Според наводите, во Романија се фалсификуваат евра, кувајтски динари и американски долари, додека британската фунта се смета за најтешка за фалсификување.
Членовите на овие групи често се претставуваат како Италијанци, Арапи, Грци или Чеси, а меѓу нив има и криминалци од просторот на поранешна Југославија. Тие преку огласи бараат недвижности, луксузни автомобили, јахти, скап накит, уметнички дела и други вредни предмети.
Средбите најчесто се организираат во градови на северот на Италија, а како алтернативи се користат и градови во Франција, земјите на Бенелукс или Шпанија. Криминалните групи дејствуваат во поголем состав, со цел да ѝ го отежнат работењето на полицијата, пренесе Танјуг.

