Регион
Борисов: Мора да има Влада ако не сакаме како народ да се самоубиеме

„Ги повикувам сите да гласаат. Денес е лесно, утре станува тешко“. Ова го изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, по гласањето на изборите за 49. Народно собрание.
„Очекувам поголема излезност на гласачите, бидејќи ова е демократскиот начин народот да покаже како сака да се управува со една земја. Но, според тоа што го гледам, ќе треба многу мудрост од политичарите. Ова е петти пат да се собереме овде да разговараме за истото. Со оваа страшна војна во Украина, со оваа прераспределба на светот, на целиот синџир на снабдување, мораме да застанеме на демократскиот избор“, објасни Борисов.
„Мора да има Влада „ако не сакаме како народ да се самоубиеме“, додаде тој.
Според него, катастрофа за државата ќе биде доколку не може да се формира владејачко мнозинство. Затоа, тој е подготвен на компромис, пренесе БТА.
„Отсекогаш сум демонстрирал компромиси. Колку голем компромис ќе направам зависи од резултатите“, објасни Борисов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.