Регион
Бугарите излегуваат на гласање: Земјата е поделена поради руската инвазија на Украина

Бугарите денеска излегуваат на гласање по петти пат во последните две години, длабоко поделени околу руската инвазија на Украина, земја која е традиционално блиска до Москва. Руската инвазија на нејзиниот сосед ја продлабочи политичката криза што ја зафати најсиромашната членка на ЕУ, Бугарија, од 2020 година, најнестабилниот период од падот на комунизмот.
Во 2020 година, Бугарите излегоа на улиците на најголемите протести од падот на комунизмот со желба да го соборат долгогодишниот премиер Бојко Борисов поради распространетата корупција.
Избирачките места се затвораат во 20 часот
Борбата против корупцијата остана на втор план, оставајќи многу демонстранти во 2020 година разочарани. Истражувањата на јавното мислење пред изборите покажуваат дека излезноста може да биде мала. Избирачките места се отворени во 7:00 часот, а првите резултати се очекуваат по затворањето на гласачките места во 20:00 часот.
Според последните анкети, партијата ГЕРБ на Бојко Борисов има поддршка од околу 25 отсто од гласачите и е во тесна трка со прозападната реформистичка партија Продолжуваме со промените (ПП) предводена од Кирил Петков (42) образован на Харвард, кој беше накратко премиер во 2022 година, ПП ги здружи силите со малата десничарска коалиција Демократска Бугарија.
Ултранационалистичката партија Препород, која рапидно расте на анкетите, и Бугарската социјалистичка партија (БСП), наследникот на поранешните комунисти, го бранат Кремљ кога станува збор за инвазијата на Украина.
Бугарскиот проруски претседател Румен Радев, кој назначи привремени влади меѓу серијата избори, ги критикува Петков и неговите сојузници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.