Контакт

Регион

Екс-ју земја забрани трубачи до крајот на декември: „Балканската музика нема врска со нас“

Објавено пред

Градскиот совет на Љубљана изгласа забрана за спонтани улични настапи со музички инструменти, а одлуката ќе важи до крајот на декември. Предлогот дојде директно од градоначалникот Зоран Јанковиќ и стапува на сила веднаш, со што од улиците на словенечката престолнина се отстрануваат популарните „трубачи“, пишува 24ur.com.

dobivaj vesti na viber

Целата расправа беше покрената со прашање од градската советничка од СДС, Маруша Бабник. Таа предупреди дека Љубљана, за разлика од други европски градови кои со гордост ја истакнуваат својата култура, за време на празниците недоволно ја негува сопствената традиција, пренесе „Телеграф“.

„Градската општина Љубљана во празничниот период дозволува фаворизирање на балканската музика, ‘трубачите’, кои со Љубљана, словенечкиот културен идентитет и божиќната традиција немаат никаква врска“, изјави Бабник, сметајќи дека градот се срами од сопствената култура.

Од друга страна, заменичката директорка на Туризам Љубљана, Ана Лампич, ја бранеше градската програма. Таа истакна дека таа вклучува бројни содржини од словенечката традиција.

„Посетителите ја доживуваат Љубљана како отворена, жива и културно богата европска престолнина. Уличните музичари, меѓу кои спаѓаат и трубачите, не се дел од официјалната декемвриска програма“, нагласи Лампич.

По расправата, градоначалникот Јанковиќ реши да пресече. Тој предложи одлука за забрана на спонтани улични настапи и веднаш покрена гласање, што предизвика конфузија меѓу советниците.

„Сега ќе имаме гласање за да се забранат трубачите, за да биде јасно“, порача тој.

На барање на советниците, гласањето беше повторено, а одлуката на крајот беше донесена со 25 гласа „за“ и шест „против“.

„Тоа не значи дека ќе можат на едниот крај два часа, па потоа на другиот. Сега веќе не смеат да настапуваат“, појасни Јанковиќ, додавајќи дека градскиот инспекторат веќе изрекол казни на некои музичари.

Одлуката не помина без критики. Градскиот советник, Денис Стриковиќ, оцени дека гласањето е неважечко, бидејќи ваква забрана може да се воведе само со измена на постојната одлука, а не со ваков заклучок. Целата постапка ја нарече нетолеранција кон трубачите.

Јанковиќ ги отфрли приговорите, објаснувајќи дека не станува збор за измена на одлуката за посебна употреба на јавните површини, туку за заклучок кој е во согласност со неа и кој постојната одлука го овозможува.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Вучиќ: Имаме договор за продолжување на снабдувањето со гас

Објавено пред

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави дека Србија има договор со Русија за продолжување на снабдувањето со гас за уште три месеци.

dobivaj vesti na viber

Вучиќ, откако им додели договори за работа на најдобрите дипломирани студенти на медицинските факултети и средните медицински училишта, изјави дека нема да има проблем со снабдувањето со гас до 31 март.

„Имаме договор за продолжување на снабдувањето со гас за уште три месеци, до 31 март, за луѓето да може да бидат безбедни и мирно да спијат“, рече Вучиќ.

Како што додаде, Србија ќе има електрична енергија и доволно гас за претстојната зимска сезона.

Тој изјави дека има информации оти претставници на „Газпром“ разговараат за продажба на акции во НИС, меѓу другите, со унгарската национална компанија МОЛ и дека српското раководство нема ништо против тоа.

„Унгарците се наши пријатели и тоа е во ред. Само да завршиме што е можно повеќе пред 15 јануари. Бидејќи мора да имате предвид дека сè оди совршено и дека немаме никаков проблем со, да речеме, секундарни санкции, а имаме и ќе имаме. И дека немаме никаков проблем со баржи, возови и камиони, дека увезуваме, да речеме, дизел – не можеме да увезуваме 6.000 тони дневно, што ги трошиме. Значи, само сакам да ви кажам дека тоа е невозможна мисија“, рече Вучиќ како одговор на прашањето дали има информации дека се водат преговори меѓу унгарскиот МОЛ и „Газпром“.

Како што рече, само прашање на време е кога и на кој начин ова ќе мора да се промени бидејќи денес е точно 75-тиот ден откако ниту една капка сурова нафта не влегла во Србија.

„Горд сум на Србија, горд сум на граѓаните на Србија. Да бидеме фер кон себе еднаш. Дали некогаш сте замислиле дека е можно Србија да не добие ни капка нафта 75 дена и да нема метеж никаде, никој да не носи кофи или нешто слично, 75 дена, тоа не се седум дена. Да имаме толку многу резерви, да сме толку подготвени за сè и да сме се однесувале толку сериозно и одговорно“, нагласи Вучиќ.

Тој додаде дека ако нема решение, приказната за НИС ќе заврши како што рече претходно – дека државата ќе го преземе НИС и ќе им плати на Русите за нивниот дел.

„Значи, и тој датум (15 јануари) се приближува, се надевам дека ќе се најдат решенија пред тоа, ако не, што треба да правиме“, рече Вучиќ, објави „Танјуг“.

Фото: депозитфотос

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ: Следната година е многу важна, ќе ја одреди судбината на Србија

Објавено пред

Српскиот претседател Александар Вучиќ ја оцени 2026 година како исклучително важна година поради изборите што ќе „ја одредат судбината на Србија“ и големите инвестиции планирани како дел од подготовките за изложбата ЕКСПО 2027, пишува „n1info.rs“.

dobivaj vesti na viber

Вучиќ изрази надеж дека граѓаните ќе „судат според постапките“ кога гласаат и ќе дадат поддршка на Српската напредна партија.

„Донесете ја одлуката со ладна глава и рационално. Погледнете што е направено, разгледајте ги плановите, програмите и луѓето кои се способни да спроведат нешто или не се способни“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека за него е важно што знае колку народот дал за да ја спаси земјата.

„Знам колку разбравте дека вашата земја е загрозена и колку сакавте да помогнете, и затоа сум ви бескрајно благодарен. Благодарение на вас и вашата сила, успеавме да се бориме, успеавме да ја одбраниме и зачуваме Србија и сега само гледаме како Србија може да продолжи напред. Ви благодарам за вашата поддршка“, рече тој.

Фото: депозитфотос

Прикажи повеќе...

Регион

Рама објави укинување на забраната за „Тик-ток“ во Албанија

Објавено пред

Од

Албанскиот премиер Еди Рама објави дека социјалната мрежа „Тик-ток“ повторно ќе биде достапна во Албанија.

dobivaj vesti na viber

Рама во интервју за „Политико“ истакна дека албанската влада постигнала партнерство со претставници на социјалната мрежа и дека набргу ќе претстави нови мерки за заштита на јавноста во оваа земја.

„Задоволни сме од резултатот. Постигнавме партнерство и се надевам дека во наредните недели или месеци ќе го презентираме планот пред албанските граѓани, како што ветивме“, рече Рама.

Албанската влада го забрани „Тик-ток“ пред една година кога објавите на платформата предизвикаа тепачка меѓу млади, во која 14-годишно момче беше избодено до смрт.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

Владата на денешната редовна владина седница, на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со...

Македонија6 часа

Сиљановска-Давкова: Кочани нè доведе до ѕидот на срамот, од овој процес ќе зависи дали судството ќе ја стекне, или трајно ќе ја изгуби довербата на граѓаните

2025 ќе остане врежана во нашите мисли и срца како година на ужасната трагедија во Кочани. Сите ние до крајот...

Македонија7 часа

(Видео) Филипче за изјавите на Ахмети: Ако мисли да ја растура Македонија како што се фали за Југославија тоа нема да му помине

Ние имаме одличен соживот со сите наши сограѓани од сите националности во нашата партија, во раководството на партијата. Сметам дека...

Македонија7 часа

На Клиниката за пластична хирургија извршени две сложени микрохируршки операции

На Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија се извршени две исклучително сложени микрохируршки операции кои траеја од 6 до...

Македонија9 часа

Од 1 јануари повисоки сметки за струја, РКЕ објави за колку ќе поскапи

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) информира дека изврши корекција на доставената...

Македонија12 часа

Прекинат прагот на алармирање, престануваат да важат мерките и препораките за загадувањето

Прекинат прагот на алармирање, престануваат да важат мерките и препораките за загадувањето, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање....

Македонија13 часа

(Фото) Николоски: Интензивно работиме на реконструкцијата на превојот Пресека во должина од 11 километри

Интензивно работиме на рехабилитација на превојот Пресека и очекувам до месец февруари целиот патен правец да биде завршен и да...

Свет15 часа

(Видео) Американската војска изврши нов напад врз брод во Тихиот Океан, едно лице загина

Американската војска изврши уште еден напад врз таканаречен „нископрофилен брод“ осомничен за шверц на дрога во источниот Тихи Океан, при...

Свет15 часа

Судот нареди враќање на депортираните Венецуелци од Ел Салвадор во САД

Американски судија пресуди дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп мора итно да организира враќање на околу 137 Венецуелци кои беа...

Македонија15 часа

Намалена видливост на неколку патни правци

Поради појава на магла се бележи намалена видливост до 100 метри на патниот правец Страцин – Кратово, од 30 до...

Свет16 часа

(Видео) Масовен прекин на струјата во Сан Франциско: роботските такси-возила предизвикаа сообраќаен хаос

Масовниот прекин на електричната енергија во Сан Франциско во текот на викендот доведе до застој на робот-такси возилата на Waymo,...

Европа16 часа

Зеленски: Мировните преговори се многу блиску до вистински резултат

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека разговорите со САД и европските земји со цел да се стави крај на речиси...

Економија1 ден

Минималната плата ќе се зголеми во март за 1.500-2.000 денари, зголемување пред март ќе значи отпуштање работници, вели Дурмиши

Економско – социјалниот совет на денешната седница не се договори за зголемување на минималната плата барем на 500 евра, според...

Македонија1 ден

На аеродромот во Скопје откажани се осум лета, а еден е пренасочен

Авиосообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје се стабилизира, реализирани се 27 лета, откажани се осум лета, а еден е пренасочен, соопшти...

Македонија1 ден

(Фото) Николоски: На автопатот Охрид – Кичево се вршат сложени инженерски зафати, кои првпат се користат во регионот

Првпат на автопатот Охрид-Кичево изведуваме сложени инженерски и градежни зафати и ова првпат се изведува во регионот, а се со...

Македонија1 ден

Мисајловски: Буџетот за одбрана за 2026 е 358 милиони евра, што е 8,4 проценти повеќе од годинава

Стабилно буџетирање, дополнителен стимул во процесот на модернизација и целосното почитување и унапредување на правата и обврските кон вработените, се...

Македонија1 ден

Мицкоски: Зголемувањето на минималната плата мора да биде резултат на заедничка согласност меѓу работниците и работодавците

Целта на Владата е да создаде посилна економија која отвора нови работни места и обезбедува достоинствен животен стандард за секој...

Македонија1 ден

Трамп менува 30 амбасадори, меѓу кои и Агелер

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп заменува 30 дипломати од кариера од амбасадорски и од други позиции во амбасадите, меѓу...

Македонија1 ден

Македонија трета во Европа по убиства на жени од партнер или член на семејство

Македонија се најде на третото место во Европа според стапката на убиства на жени извршени од партнер или член на...

Европа2 дена

(Видео) Руски генерал убиен во Москва

Руски генерал е убиен во експлозија во Москва, потврдија руските власти. Рускиот истражен комитет соопшти дека генерал-потполковник Фанил Сарваров е...