Регион
Повеќето земји од регионот со над 200 новозаразени со коронавирус
Регионот и денеска се соочува со високи бројки на новозаразени од коронавирус.
Грција – 267 новозаразени
Во Грција регистрирани се 267 нови случаи на Ковид-19 и уште седум починати лица.
Со тоа, вкупниот број на заболени лица во земјата се зголеми на 19.613. Досега починале 405 лица.
БиХ – 263 новозаразени
Во изминатите 24 часа во Босна и Херцеговина се регистрирани вкупно 263 новозаразени лица.
Досега се тестирани вкупно 161.621 лица, а коронавирусит е потврден кај 18.371 лице.
Во Федерацијата БиХ од денес се излекувани 14.626 пациенти, а во изминатите 24 часа е забележано опоравување кај 225 пациенти. Во моментов има 3.203 активни случаи на зараза со коронавирус.
Во изминатите 24 часа беа пријавени шест нови смртни случаи, а вкупно 542 лица починале од почетокот на епидемијата.
Црна Гора – 244 новозаразени
Во последните 24 часа, 244 нови случаи на коронавирус се потврдени во Црна Гора, а две лица починаа, објави Институтот за јавно здравје.
Од последниот пресек, тестирани се 838 примероци.
Во моментов, активни се 3.957 случаи. Вкупниот број на смртни случаи од почетокот на јуни е 167.
Хрватска -241 новозаразени
Во последните 24 часа, во Хрватска се евидентирани 241 новозаразени со коронавирус, а две лица починаа, објави Националниот штаб за цивилна заштита.
Бројот на активни случаи во моментов е 1.447. Од нив, 289 пациенти се во болница, а 23 се на апарати за дишење.
Од почетокот на епидемијата, коронавирусот е потврден кај 16.621 лице, а починале 277 лица.
Бугарија -240 новозаразени
Во Бугарија се потврдени 240 нови случаи на коронавирус, со направени 4.820 тестови.
Шест лица починаа во последните 24 часа.
Словенија – 227 новозаразени
Во Словенија, потврдени се уште 227 случаи на коронавирус од 2.893 тестирани примероци.
Вкупниот број на потврдени случаи на коронавирус од почетокот на пандемијата изнесува 6.330, а досега починале 155 лица.
Србија – 107 новозаразени
Според официјалните податоци, во последните 24 часа две лица починале како резултат на коронавирусот во Србија, со што вкупниот број на жртви се искачи на 753, објави Министерството за здравство.
Во изминатото деноноќие, 4.751 лице е тестирано за коронавирус, а регистрирани се 107 нови случаи на зараза.
Од почетокот на епидемијата во Србија се потврдени 33.842 случаи на зараза. Вкупно 276 лица се хоспитализирани.
Косово – 53 новозаразени
Во последните 24 часа, во Косово беа потврдени 53 нови случаи со коронавирус врз основа на 544 тестови, а тројца пациенти починаа.
Како што е објавено, најмногу позитивни има во Приштина – 11.
Од почетокот на пандемијата на Косово, регистрирани се 15.758 случаи на коронавирус, а тестирани се 69.652 лица.
Досега починале 630 пациенти, а вкупно излечени се 13.787. Во моментов има 1.341 активен случај на коронавирус.
Во Македонија денеска беа регистрирани рекордни 243 нови случаи на коронавирус, а починаа 4 лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
„Видов дете на подот од училницата, се плашев од најлошото“: родителите раскажуваат за моментите на ужас во Загреб
Цела Хрватска е во шок поради трагедијата во Загреб. 19-годишен напаѓач со нож утрово влегол во основно училиште, ги нападнал учениците и наставничката. Едно дете загина, неколку се повредени. Наставничката е оперирана и е стабилна, според написите.
Напаѓачот е повреден и е под полициски надзор, едно дете е пренесено во болница со хеликоптер, а очевидците на овој невиден чин се во неверување, пренесуват медиумите.
Репортерката на „Дневник“, во разговар со две мајки на деца кои одат во тоа училиште, пренесува дел од моментот.
„Родителите се уште се во шок и потресени, нема вистински зборови со кои може да се опише тагата и болката на починатото дете. Тие спонтано почнаа да се собираат на училишното игралиште, палат свеќи, носат играчки и пораки за починатото седумгодишно дете“, вели таа.
Револтираните родители кои беа сведоци на ужасните сцени од утрово истите ги раскажаа во изјава за медиумот.
„Ми се јави другарка, инаку, син ми оди во истиот клас каде што се случи трагедијата. На повик на другарка, чија ќерка оди во истиот клас, јас буквално дојдов овде во пижами. Добив информација дека некој со нож бил во училиштето, најдов 10-15 родители, никој ништо не знаеше, но во рок од пет минути сите родители беа околу училиштето, ги повикуваа своите деца и бараа да ги пуштат надвор“, рече Маја Јелиќ.
„Ја барав ќерката на другарка ми, па се шетав покрај училиштето и училниците, видов дете како лежи на подот од училницата во локва крв, онесвестено и… се плашев од најлошото, што на крајот се случи“, рече таа и напомена дека ќе се плаши да ги прати децата на училиште.
„Апсолутен страв владее и ќе владее уште некое време. Мислам дека сега се плашат и учениците и родителите и наставниците од сите други училишта. Каде сме ние овде што сме сведоци на се“, заклучи една од мајките.
„По тој настан ни се јави наставничката да провери како се децата и како сме ние. Добивме инструкции од класниот претставник во советот на родители за психолошка помош во кризни ситуации“, раскажува друга мајка Мартина Павичиќ Одобашиќ.
„Ме повика наставничката на мојот син кој ги немаше првите три часа. Инаку имам две деца кои одат во ова училиште, второто дете беше на училиште за време на овој настан. За време на евакуацијата наставничката ми се јави и ми рече: „Те молам, остави го синот дома, напаѓачот е во училиште, заклучете се. Не ми се верува дека била толку прибрана и дека знаела дека моето дете не е на училиште и дека треба да остане дома“, вели мајката во изјава за медиумот.
Регион
Вучиќ за Украина: Погледнете што рече Путин, не верувам во брзо примирје, светот оди во многу лоша насока
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ гостувајќи во емисијата „Ќирилица“ зборуваше за развојот на ситуацијата во Украина.
„По ужасниот украински напад на Ростов со американско и англиско оружје, Путин рече дека тоа е де факто објава на војна, но ова со гасот дополнително ги комплицира работите и за Трамп. Кога Русија вели дека НАТО се подготвува за војна, дава точни информации, кога НАТО вели дека Русија се подготвува за војна, не се сомневам дека е неточно. Не верувам во брзо примирје. И Путин и Русија изгубија многу луѓе за да туку така се согласат да ја замрзнат ситуацијата исто така, Украина изгуби многу луѓе за да се согласи на лесно губење на дел од територијата.
-Се надевав многу, се уште имам трошка надеж поради доаѓањето на Трамп, но таа надеж е се помала. Светот оди во многу лоша насока“, изјави Вучиќ.
Регион
Рама: Косово треба да го замрзне дијалогот со Србија
Премиерот на Албанија, Еди Рама изјави дека Косово треба да го замрзне дијалогот со Србија без рок и да се стреми кон нормализирање на односите со неа преку билатерален дијалог со Европската унија, како и дека товарот на вината за деградацијата на тој процес мора да падне на Србија.
„Косово треба да го замрзне дијалогот. Билатералниот дијалог со Србија и нормализацијата на односите со северниот сосед треба да бидат фокусирани на дијалогот со ЕУ. Прекинување на папочната врвца на националистичкиот реципроцитет со Србија и врзување на папочната врвца на европскиот реципроцитет со ЕУ“, рече Еди Рама пренесува Косово онлајн.
Како што наведе, казнените мерки на ЕУ против Косово се апсурдни и мора да се укинат.
„Мерките се апсурдни и заедно со претседателот Османи на самитот на ЕУ пред два дена силно инсистиравме овие мерки да се отстранат. Но мораме да бидеме рака под рака и да ги убедиме и најголемите скептици во ЕУ во апсурдноста на нивните резерви во однос на признавањето на Косово како суверено. Во нивните очи, товарот на вината за деградацијата на европскиот дијалог за нормализација треба целосно да падне на Србија, но никогаш не смееме да дозволиме ни трошка да падне на Косово“, рече Рама.
Тој додаде дека би бил среќен доколку Косово биде рамо до рамо со Албанија на патот кон интеграцијата во ЕУ.
„Со потполно уверување велиме дека Албанците генерално се на патот на напредокот, дека тие се најдинамичната нација во овој дел од Европа и светот и дека имаат историска шанса да се приклучат на големото семејство на ЕУ со своите вредности“, рече Рама, потсетувајќи на зборовите на Ибрахим Ругова за целите за членство во ЕУ, НАТО и трајно пријателство со Соединетите Американски Држави.
Тој посочи дека Албанија сака да му помогне на Косово во секој поглед.
„Но, нашите можности, никогаш не заборавајте, не можат ниту да се споредат со можностите на нашите пријатели и стратешки сојузници, а нивната иритација кон Косово не спречува да правиме колку што сакаме“, рече Рама.