Регион
Рама: Ако ЕУ не излезе со ново соопштение за нападите во Бањска, не сме на иста страна со нив

Албанскиот премиер, Еди Рама, ја повика Европската унија да излезе со уште една изјава и да го осуди денот на жалост кој Србија го објави поради трагичните настани во Косово или „нема да биде на иста линија со неа“.
На прес-конференција со министерот за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани, во Рим, каде што е во официјална посета, тој рече дека е невозможно да ја поддржат првата изјава на ЕУ за дијалогот меѓу Косово и Србија, без имајќи уште една изјава со која се осудуваат постапките на Србија.
Во суштина, Рама вели дека првата изјава нема проблем затоа што се однесува на претходно кажаното. Сепак, според него, прогласувањето ден на национална жалост од страна на Србија е неоправдано, неприфатливо и тие постапки мора да бидат казнети.
„За првпат во најмалку последните 10 години, нашата позиција е во спротивност со надворешно-политичката изјава на ЕУ. Ваквиот став е поврзан со тоа што изјавата на ЕУ е изјава која сама по себе нема проблем, бидејќи се однесува на сето она што претходно го кажа високиот претставник, Жозеп Борел, во однос на обврските на Косово во однос на дијалогот, но постои голем проблем што не одговара на реалноста од последните денови“, рече Рама.
„За нас тоа е неприфатливо, неоправдано, дури и за осуда, бидејќи е неевропско и затоа што е воедно најлошиот сигнал што Србија може да го даде во овој момент за целиот регион и за Европа“, рече Рама.
Премиерот на Албанија понатаму рече дека побарале од ЕУ и од евроатлантската заедница да го кренат демократскиот аларм на највисоко ниво и да дадат соодветен одговор на постапките на Белград.
„Баравме ЕУ и целата евроатланска заедница да го подигнат демократскиот аларм на највисоко ниво и да ги искористат сите расположливи инструменти за да ја испратат вистинската порака на оваа целосно неприфатлива порака која произлегува од прогласувањето ден на национална жалост во Белград. Се додека нема друга изјава од ЕУ за да се донесе правична пресуда за последните денови, ние нема да се усогласиме со првата изјава“, рече тој.
Според него, доколку втората изјава на ЕУ го содржи она што го бараат, немаат проблем да се усогласат со првата изјава, бидејќи без разлика што ќе направи Србија, Албанија нема да остави ниту запирка од сите барања на ЕУ и на Евроатланската заедница за Косово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.
Регион
70-годишен маж почина во Хрватска: бил силуван и претепан од 36-годишник

Седумдесетгодишен маж од Чаковец, кој бил нападнат на почетокот на март, починал пред неколку дена во болница, пренесуваат хрватските медиуми. Нападот се случил на 8 март кога 36-годишен познаник го намамил во напуштена куќа во Чаковец, каде што го силувал, претепал и ограбил под закана со нож.
И покрај сериозните повреди, човекот успеал сам да стигне до болницата во Чаковец, каде што лекарите го прегледале и го пуштиле дома. Следниот ден отишол да го пријави злосторството во полиција, и повторно бил однесенво болница. Сепак, тој бил отпуштен по втор пат бидејќи лекарите процениле дека нема потреба да го задржат.
Семејството е огорчено од начинот на кој болницата постапила во случајот, истакнувајќи дека човекот бил во сериозна состојба и двапати бил отпуштен дома и покрај сериозните повреди на главата.
На крајот бил хоспитализиран во болница, каде што ги поминал последните денови од својот живот, пишуваат тамошните медиуми.
Напаѓачот, кој веќе ѝ бил познат на полицијата, бил уапсен кратко време по инцидентот. Тој е обвинет за силување и грабеж.
Канцеларијата на државниот обвинител на округот Вараждин, исто така, се огласи за случајот. Портпаролот Дарко Галиќ потврди дека истрагата е сè уште во тек.
„Со оглед на смртта на жртвата, ова повеќе не е кривично дело обид за убиство, туку убиство. Обвинетиот е во притвор. Истрагата ќе ги опфати потребните вештачења и други доказни дејствија, врз основа на кои ќе се донесе одлука за понатамошниот тек на постапката“, рече Галиќ.