Вести
Руски разорувачи открија и избркаа подморница на НАТО во Медитеранот

Русија ја обвини Холандија дека сакала да ја шпионира нејзината флота на Медитеранот, пренесува агенцијата AFP.
Руското министерство за одбрана соопшти дека холандска подморница „извела трапав маневар“ во обид да се приближи на руската флота на чело со носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“.
Портпаролот на руското министерство за одбрана генерал-мајорот Игор Конашенков на конференција за новинари изјави дека руските разорувачи „Северноморск“ и „Вице адмирал Кулаков“ детектирале холандска подморница на дизел погон којашто се обидела да се приближи и да ја следи групата бродови во придружба на рускиот носач на авиони, пренесува агенцијата Sputnik.
Конашенков додаде дека подморницата, за време на инцидентот, се наоѓала на околу 20 километри од носачот на авиони.
Официјални лица на НАТО не сакале да го коментираат инцидентот, но сепак признаа дека „неколку седмици“ ја набљудуваат руската флота, што и не е чудно имајќи предвид дека руските бродови на пат кон Сирија поминуваат долж границите на територијалното море на неколку европски држави, од Норвешка до Велика Британија па и до Шпанија.
Од руското министерство за одбрана велат дека тие редовно детектираат подморници на НАТО на патот на својата флота во Медитеранот. Русите предупредија дека ваквите инциденти можат да имаат тешки последици.
Агенцијата AFP го цитира поморскиот експерт Џејми Кареман кој смета дека е прилично шокантно да се открие подморница во тајна мисија./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
Русија за истрагата за експлозијата на „Северен тек“: Шведска нешто крие

Руските власти ја обвинија Шведска дека крие информации за истрагата за експлозијата што го оштети гасоводот „Северен тек“ минатата година.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Русија има право да ги знае деталите од истрагата и дека е збунета од одбивањето на Шведска да соработува со руските обвинители.
Имено, Москва му предложи на Стокхолм поведување заедничка истрага за експлозиите, но Шведска и Данска го одбија тој предлог.
Захарова сугерира дека зад таа одлука има скриени причини.
„Можеби, по спроведувањето на истрагата, руските истражители би можеле да дојдат до незгоден заклучок за тоа кој ја извршил саботажата. За тоа кој ја смислил и ја извршил. Шведска крие што точно открила во текот на истрагата“, рече портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, како што објави „Гардијан“.
Вести
(Видео) Силно невреме го зафати Солун, издадено предупредување

Улиците во Солун се поплавени откако ненадејно невреме го зафати градот, придружено со силни грмежи.
Возилата беа спречени да минуваат, па сообраќајот беше запрен во голем дел од градот. Во многу случаи водата ја достигнувала висината на тротоарот, а сопствениците на продавници се обидувале со метли да спречат да влезе во објектите.
Εν τω μεταξύ στη Θεσσαλονίκη pic.twitter.com/yQLkl87XmI
— Αντιτέτοιος (@VPetsopoulos) September 2, 2022
Кога започна невремето, на улиците имало многу луѓе кои се обидувале да најдат засолниште под блиските балкони, пренесува грчкиот портал „Вориа“.
Грчката хидрометеоролошка служба за денеска издаде итно предупредување за влошување на времето и обилни дождови и невреме.
Покрај Солун, големо невреме го зафати и Халкидики, а обилни врнежи имаше и во градот Вурвур, како и во Пефкохори.
Вести
Украина апелира до Русија да го дозволи коридорот во Мариупол

Украина денеска испрати нов апел до Русија да дозволи хуманитарен коридор во Мариупол и да ги пушти цивилите од овој опколен град.
Бараме отворање на хуманитарен коридор за цивили – објави вицепремиерката Ирина Верешчук на украинската телевизија, пренесува „Ројтерс“.
Верешчук нагласи и дека руските вооружени сили спречуваат хуманитарна помош да стигне до жителите на градот Херсон на југот на земјата.
Украина денеска соопшти дека нејзините напори за евакуација на цивилите од опколените градови првенствено биле насочени кон Мариупол, но не објави никаков нов договор со Русија, кој би овозможил безбеден премин за нејзините заробени жители, пренесе Ројтерс.