Свет
Сириските Курди напредувале 10 км кон Рака, Пентагон вели дека борбата „нема да биде лесна“
Единиците на арапско-курдската коалиција Сириски демократски сили (SDF) чијашто главна моќ ја сочинува милицијата на сириските Круди Единици за одбрана на народот (YPG) во текот на првиот ден од офанзивата „Гневот на Еурофрат“ за заземање на градот Рака од екстремната сунитска организација Исламска држава, успеале да се приближат до дефакто главниот град на џијхадистите на сириска територија на само десет километри, пренесуваат медиумите повикувајќи се на курдски извори.
Според медиумските извештаи, веќе првиот ден од офанзивата во која се ангажирани 30.000 арапски, курдски и туркменски борци, курдските борци преземале напади врз позициите на Исламската држава на два фронта, во областите на населбите Сулук и Ајин Иса.
„Курдските борци успеаја да напредуваат девет километри во правец на Сулук и десет во насокана Ајин Иса“, рекле извори, пренесува агенцијата РИА. Во судирите борците на SDF успеале да го заземат селото Ал-Вахид, неколку фарми , а исто така под контрола заземале и стратешки важен воен објект.
„Воената опрема на Исламската држава, исто така, претрпе значителни штети“, констатирале во SDF.
Истовремено американскиот министер за одбрана Ештон Картер предупреди дека борбата за Рака „нема да биде лесна“
„Обидот да се изолира, и во крајна линија ослободувањето на Рака се следните чекори во планот на походот на нашата коалиција“, соопшти Картер, пренесе AFP.
„Како и во (ирачки) Мосул, борбата нема да биде лесна и нé очекува многу тешка работа, но тоа е потребно за исчезнувањето на измислениот калифат на Исламската држава, како и за оневозможување на способноста на оваа групација да изведува напади против САД, нашите сојузници и партнери“, предупреди американскиот министер за одбрана.
„Меѓународната коалиција ќе продолжи да прави сé што е можност за да им помогне на локалните сили во Ирак и во Сирија на Исламската држава да ѝ нанесат траен пораз кој го заслужува“, заклучува Картер
Главната цел на офанзивата врз Рака е да се изврши притисок врз џихадистите кои истовремено од ирачките сили го бранат Мосул. Почетокот на офанзивата во Сирија се совпадна со третиот ден борби во предградија на Мосул меѓу ирачките сили и борците на Исламската држава.
Двата града се последните големи упоришта под контрола на Исламската држава, откако џихадистите минатата година доживеаја низа порази во Ирак и во Сирија./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

