Контакт

Вести

Водечки трговец на уметнчки дела ослободен од обвинение за затајување данок

Објавено пред

Патријарх на меѓународна династија што се занимава со трговија на уметнички дела беше ослободен од обвинение за прикривање слики и имот од француските даночни органи.

Гај Вилдестајн и уште седум други лица беа обвинети за обид да сокријат средства или имот вреден милиони евра.

Претседавачкиот судија во судот во Париз рече дека постои “јасен обид” за прикривање. Но сепак, тој ги ослободи сите обвинети поради недостатоци во истрагата и во француските закони за даночна измама.

Гај Вилдестејн во едно од ретките интервјуа пред три месеци негираше дека сторил нешто лошо и рече се надева дека нема да биде “жртвено јагне”.

Богатството на семејството Вилдестејн вклучува познати слики, имот на Карибите, спортски коњи, и ранч во Кенија.

Степенот на тајност на податиците за семејниот имот за прв пат беше откриен во доцните 1990-ти за време на доста конфузна постапка за развод помеѓу братот на Гај, Алек и неговата тогашна сопруга Џоселин.

Десет години подоцна, во 2008 година, по смртта на Алек, Гај прогласи наследство од 57 милиони евра (61 милион долари).

Но честите тврдења од страна на жени кои во меѓувреме се венчале во семејството ги натераа иследниците да ги прочешлаат финансиите на Вилденстејн во 2010 година. крај/мф/вс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет23 минути

По победата на Маѓар, ЕУ може да ѝ отвори милијарди на Унгарија

Убедливата победа на Петер Маѓар ѝ дава силен мандат на неговата партија Тиса за спроведување реформи и можност за одмрзнување...

Македонија28 минути

Сончево, но ветровито: Налети над 60 км на час долж Повардарието

Според УХМР, времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж...

Свет46 минути

Туск му честиташе на Маѓар: „Посреќен сум дури и од тебе!“

Полскиот премиер Доналд Туск објави на социјалните мрежи дел од телефонски разговор со Петер Маѓар, лидерот на унгарската партија Тиса....

Свет1 час

„Обрни внимание, Трамп“ – реакциите во САД по поразот на Орбан

Американските демократи го поздравија изборниот пораз на Виктор Орбан, додека републиканците реагираа поделено. Орбан ја загуби власта по 16 години,...

Македонија10 часа

Филипче по поразот на Орбан: Нема повеќе криење на Груевски во Будимпешта, ниту бизнис комбинации

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче се огласи на социјалните мрежи откако Виктор Орбан ги изгуби изборите во Унгарија. „Вечерва Унгарија...

Европа10 часа

(Видео) Се слави на улиците, Маѓар им се обрати на поддржувачите: „Унгарија победи“

Фејсбук-страницата на Петер Маѓар го емитува во живо неговото пристигнување кај поддржувачите. „Унгарија победи“, напиша тој покрај видеото.

Забава11 часа

Најчестите грешки во негата на кожата што го забрзуваат стареењето: Не смеете да го правите ова

Откријте ги најчестите грешки во негата на кожата што го забрзуваат стареењето и научете како да ги избегнете. Неправилната рутина...

Европа11 часа

Кој е Петар Маѓар? Човекот кој го победи Орбан

Орбан го призна поразот на денешните унгарски избори. Кој е човекот што го победи – Петер Маѓар? Маѓар им се...

Европа11 часа

Маѓар доби честитки од германскиот канцелар и генералниот секретар на НАТО

Петер Маѓар објави на својата Фејсбук страница дека добил телефонски честитки од германскиот канцелар Фридрих Мерц и генералниот секретар на...