Контакт

Вести

Вучиќ: Се сретнав со Мицкоски, во тоа нема ништо спорно

Објавено пред

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, потврди дека се сретнал со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, но притоа изјави дека во тоа нема ништо спорно. Коментарот на Вучиќ следува по интервјуто на премиерот Зоран Заев за „Н1“, каде што Заев изјави дека Мицкоски пред бегството на Груевски се сретнал со Вучиќ и унгарскиот премиер, Виктор Орбан.

За време на денешната прес-конференција на Вучиќ, српскиот претседател беше запрашан за коментар во врска со негова наводна вмешаност во случајот со Груевски и неговото бегство од Македонија по повод написот што го објави „Н1“, каде што првин пишуваше дека Зоран Заев во интервјуто изјавил дека експремиерот на Македонија, Никола Груевски, пред бегството се сретнал со Вучиќ и Орбан, а неколку минути подоцна текстот и насловот беа исправени со тоа дека Заев изјавил дека средбата на Вучиќ и Орбан не била со Груевски, туку со Мицкоски.

На сето ова коментарот на српскиот претседател беше: „Што би рекол Милорад Додик, изгледа дека сите се како да има некоја рака што ги движи, а јас не мислам дека има и не верувам во некои теории на заговор, но како сите да се јавиле, сите што треба за нешто да ја обвинат Србија“.

Вучиќ додаде дека Груевски не го видел во последните три години, а уште помалку го видел пред бегството.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

Хејли: САД никогаш нема да ѝ веруваат на Русија

Објавено пред

Русија никогаш нема да може да ѝ биде пријател на Америка, а Вашингтон никогаш нема да може да ѝ верува на Москва, под никакви услови, изјави Ники Хејли.

Поранешната постојана претставничка на САД во Обединетите нации, сепак, додала дека и покрај тоа, Америка секогаш ќе се залага за отворена комуникација со Русија.

„Русија се мешаше во нашите избори, ние го знаеме тоа, го гледаме тоа, како што го гледаат и другите земји“, додала таа.

Хејли истакнала и дека Русија добила сила врз основа на хаосот коj го создава во другите земји.

Таа се осврнала и на иницијативата за импичмент на претседателот на САД, Доналд Трамп, велејќи дека на американскиот Парламент му претстојат далеку поважни работи кои треба да ги спроведе од занимавање со политички игри.

Прикажи повеќе...

Вести

Џонсон ги негира тврдењата за сексуално вознемирување две жени

Објавено пред

Портпаролот на британскиот премиер, Борис Џонсон, денес ги отфрли обвиненијата дека Џонсон сексуално вознемирувал две жени пред 20 години.

Овие обвинувања го ставија во втор план отворањето на годишната конференција на Конзервативната партија во неделата, пренесува „Ројтерс“.

„Овие обвинувања не се точни“, рече портпаролот на Џонсон.

Колумнистката Шарлот Едвардс напиша во „Сандеј тајмс“ дека Џонсон ја допирал за време на ручекот во 1999 година додека бил уредник на списанието „Спектатор“.

„Ја почувствував раката на Џонсон на мојот бут под масата. Го стегаше. Се качуваше нагоре, па морав да станам“, напиша таа додавајќи дека ѝ се доверила на колешка што седела од другата страна на Џонсон и која ѝ рекла дека британскиот премиер и неа ја допирал.

По негирањата од Даунинг стрит, Едвардс на „Твитер“ напиша дека ако премиерот не се сеќава на настанот, таа има подобра меморија од него.

Во интервју за Би-би-си британскиот министер за финансии, Саџид Џавид, одби да ги коментира тврдењата велејќи дека Џонсон му кажал оти тие се неточни.

Прикажи повеќе...

Вести

Жена испаднала од автомобил на автопат во Германија

Објавено пред

Една жена загина на автопат во Баварија, откако испаднала од автомобилот обидувајќи се да премине во задниот дел од автомобилот, до своето бебе.

Германската полиција соопшти дека мајката (28) била на совозачкото седиште во патничко возило и испаднала од автомобилот, обидувајќи се да премине  меѓу двете предни седишта до задниот дел на возилото за да стигне до бебето, кое има само неколку месеци.

Полицијата соопшти дека автомобилот го управувал нејзиниот сопруг и, откако жената испаднала од возилото, застанал, пренесува АП.

Не е јасно дали вратата не била добро затворена или некако се отворила додека жената се обидувала да премине на задниот дел.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Хелсиншки бара казна за училиштето во Гостивар каде деца со војнички поздрав ја поддржаа офанзивата во Сирија

Хелсиншкиот комитет остро го осудува злоупотребувањето на учениците од гостиварското основно училиште Мустафа Кемал Ататурк за политички цели. На 17.10.2019...

Европа11 час

(Видео) Десетици илјади демонстранти на улиците во Барселона, студентите се судрија со полицијата

Десетици илјади поддржувачи на независноста на Каталонија протестираат во центарот на Барселона против пресудите на нивните водачи, барајќи отцепување од...

Македонија11 час

Ципрас: Понекогаш европските вредности се посилни на Балканот, отколку во Европа

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас го осуди фактот дека лидерите на земјите-членки на ЕУ не успеаја да се постигнат согласност...

Култура12 часа

Министерството за култура го осуди вандализмот, бара да се заштити Аквадуктот

Министерството за култура енергично го осудува вандалскиот чин на оштетување на Аквадуктот, коj е дел од културно наследство, при што...

Македонија12 часа

(Видео) Интервју со Села: 18 години не одговарал ниеден функционер од ДУИ

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, во интервју за „Макфакс“ рече дека не може да се оочекува ЕУ да...

Македонија12 часа

Влада: Во тек се консултации, Заев носи одлуки во интерес на граѓаните и државата

Во тек се интензивни консултации после заклучоците на Европскиот совет, премиерот Зоран Заев носи одлуки водејќи се исклучиво од интересите...

Македонија13 часа

Лидерската средба ќе се одржи в недела во вилата на Водно

На иницијатива на претседателот Стево Пендаровски, в недела – 20 октомври во кабинетот на претседателот во „Вилата Водно“, со почеток...

Европа14 часа

Макрон: Земјите од соседството на ЕУ не е нужно да бидат нејзини членки

Францускиот претседател, Емануел Макрон, во првото обраќање во јавноста откако стави вето за пристапните преговори за Северна Македонија и Албанија...

Македонија15 часа

Туск: Верувам дека ова е кратка криза, а не крај на проширувањето на ЕУ

По завршувањето на самитот на ЕУ во Брисел, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, и претседателот на Европскиот совет, Доналд...

Македонија16 часа

Конте: Одлуката на ЕУ за Северна Македонија и Албанија е историска грешка

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, изјави дека одлуката на Европската Унија да не го отвори пристапниот процес за Северна Македонија и...

Македонија16 часа

(Видео) Пендаровски свика лидерска: Не е време за разочарување, туку за обединување

По одлуката на Советот на Европската Унија да не даде датум за почеток на преговорите за членство на нашата држава...

Јоханес Хан Јоханес Хан
Македонија16 часа

Хан: Одговорноста за овој неуспех не е на Северна Македонија, туку на ЕУ

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, вели дека одговорноста за одлуката да не им се додели датум за преговори на Северна...

Македонија16 часа

(Видео) Мицкоски: Предвремени парламентарни избори за да се надмине кризата

Одлуката за недобивање датум е пораз, но не пораз на народот, туку на политиките на Заев и оваа власт, навлезена...

Македонија17 часа

Димитров: ЕУ јасно да каже дали е отворена за европска иднина на Западен Балкан

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, преку својот налог на „Tвитер“ побара од Европската Унија да биде директна со земјите...

Европа18 часа

Пучдемон им се предаде на белгиските власти

Поранешниот лидер на Каталонија, Карлес Пучдемон, им се предаде денеска на белгиските правосудни органи кога Шпанија издаде нов налог за...

Топ19 часа

Воз удри во автомобил во Прилеп, повредени четири лица

Четири лица се повредени во железничка несреќа што се случила во близина на меѓуградската автобуска станица во Прилеп. Според информациите на...

Свет20 часа

Трамп во нова трговска офанзива, воведе царини на многубројни европски производи

Дополнителни царини во вредност од 7,5 милијарди американски долари за низа европски производи денеска воведоа САД, што претставува нова трговска...

Свет21 час

Eксплозии и пукање во Сирија еден ден по договорот за прекин на огнот

Експлозии на гранати и пукање во областа на градот Рас ел-Ајн во североисточна Сирија на само еден ден по договорот...

Европа22 часа

(Видео) Барселона во пламен, протестите излегоа од контрола

Илјадници луѓе синоќа излегоа на протест на улиците на Барселона, четврти ден по ред. Како што пренесуваат локалните медиуми, на...

Свет1 ден

Турција ги прекинува воените операции во Сирија

Американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави дека постигнал договор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за прекин на огнот во северна...

Досие