Контакт

Вести

Гутереш од денеска на чело на Обединетите нации

Објавено пред

 

На чело на Обединетите нации од денеска доаѓа португалскиот дипломат Антонио Гутереш. На таа позиција два мандат помина Јужнокореецот Бан Ки-мун.

Гутереш доаѓа на највисоката функција во Светската организација во момент кога светот се соочува со големи предизвици, но и во атмосфера на зајакнати сомневања дека ОН не придонесуваат за светскиот мир и безбедност, колку што се очекува од нив.

Положувајќи заклетва на 12 декември, тој оцени дека ОН мораат да се подготват за промени.

„Од акутните кризи во Сирија, Јемен, Јужен Судан и во други места, до долгогодишните спорови, вклучувајќи го израелско-палестинскиот конфликт, потребно ни е посредување, арбитража и креативна дипломатија“, оцени во декември Гутереш.

Според него време е ОН да ги препознаат своите недостатоци и да се реформира начинот на нивното функционирање.

Тој исто така изрази надеж дека ќе биде постигната најдобра можна коориднација меѓу различни инстанци внатре во ОН задолжени за борба против тероризмот и оцени дека ОН мораат повеќе да вложуваат во луѓе, а помалку во бирократија.

Еден од неговите приоритети ќе биде подобрувањето на положбата на жените и на тој план веќе даде личен придонес именувајќи три жени на клучни позиции во својот тим. Тој ја именуваше нигериската министерка за екологија Амина Мохамед за своја заменичка, високата функционерка во бразилското Министерство за надворешни работи Марија Луиза Рибеиро Виоти ќе биде шеф на неговиот кабинет, а Кјунг ва Канг од Јужна Кореја ќе биде именувана на позицијата специјална советничка за политика.

Во едно од првито интервјуа, откако Генералното собрание го избра во октомври, за британската Би-Би-Си, Гутереш изјави дека негов приоритет ќе биде војната во Сирија.

„Сметам дека врвен преиоритет на меѓународната заедница е да се стави крај на таа војна“, рече Гутереш.

Португалецот и пред оваа функција заземаше високи позиции во домашната и меѓународната политика.

Тој беше висок комесар на ОН за бегалци од јуни 2005 до декември 2015 година, предводејќи ја најголемата хуманитарна органзиација со околу 10 илјади вработени во 125 земји.

Претходно тој повеќе од 20 години беше дел од португалската влада и државната администрација. Премиер на Португалија беше од 1995 до 2002 година. Во периодот од 1981 година до 1983 година беше член на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Роден е во Лисабон во 1949 година и е инженер по струка. Течно зборува англиски, француски и шпански. Оженет е и има две деца./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт5 часа

(Видео) Фиорентина бега од опасната зона

Фиорентина славеше победа над Лацио (1:0) во последниот натпревар од 32-то коло на Серија А и освоија исклучително важни бодови...

Спорт5 часа

(Видео) Голем триумф на Лидс во борбата за опстанок, победија на „Олд Трафорд“

Фудбалерите на Лидс го победија Манчестер Јунајтед со 2:1 на „Олд Трафорд“, во последниот натпревар од 32-то коло од Премиер...

Регион7 часа

Македонски државјани изнудиле 40.000 евра од пензионерка во Хрватска со измама дека ќерка и’ е во болница: eдна приведена, по двајца се трага

Загрепската полиција уапсила 25-годишна државјанка на Македонија, дел од група од тројца измамници кои, претставувајќи се како лекари, измамиле 87-годишна...

Спорт7 часа

Јамал посакува пресврт на „Метрополитано“

Фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, пред реваншот со Атлетико Мадрид во четвртфиналето од Лигата на шампионите, изјави дека верува, дека...

Црна хроника7 часа

Напад во Затвор Штип: осуденик физички нападнал друг затвореник

Во Казнено-поправната установа Затвор Штип бил пријавен инцидент во кој еден осуденик физички нападнал друг. Според пријавата во СВР Штип...

Македонија7 часа

Израелската амбасадорка ја поздрави реакцијата на властите по обидот за палење на синагогата

Израелската амбасадорка во земјава, Вивијан Аисен, ја поздрави реакцијата на македонските власти по обидот за опожарување на објект на Еврејската...

Спорт7 часа

(Видео) Жан Тод призна: Шумахер два пати не играше чесно и тоа скапо го плати

Жан Тод, потврди дека Михаел Шумахер два пати во кариерата, неспортски се обиде да освои шампионска титула. Легендарниот Тод, го...

Спорт7 часа

Капитенот ја заврши сезоната

Фудбалерот на Тотенхем, Кути Ромеро, ќе мора да паузира помеѓу шест и осум недели, објави Фабрицио Романо. Ромеро претрпе повреда...

Свет8 часа

(Видео) Ова беше чесен пораз, продолжуваме да му служиме на народот, рече Орбан ден по изборите

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, повторно се огласи по изборниот пораз, обраќајќи им се на гласачите на неговата партија Фидес-КДНП....