Контакт

Вести

Мајкл Флин бара имунитет за да сведочи за руската интервенција во изборите

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Поранешниот советник на американскиот претседател Доналд Трамп, за прашања од национална безбедност, Мајкл Флин му предложи на ФБИ и на парламентарците кои ги истражуваат врските на соработниците на американскиот претседател со Русија, да сведочи, но во замена за судски имунитет, објави во петокот “Волстрит џурнал”, цитиран од светските новински агенции и агенциите.

 

Предлогот, е упатен преку адвокатот на Флин кон ФБИ и комисиите за разузнавање на Претставничкиот дом и на Сенатот, но во моментов тој предлог не е прифатен, прецизира на својот сајт американскиот весник.

 

“Генерал Флин дефинитивно има што да каже и многу би сакал тоа да го направи, ако околностите дозволат”, посочи во специјално соопштение адвокат Роберт Келнр. Според Келнр Флин не би се согласил да биде сослушуван во “слична силно политизирана атмосфера на лов на вештерки”, пишува весникот.

 

И двeте комисии го истражуваат прашањето дали имало руска интервенција во претседателските избори минатата година, како и за можни врски меѓу изборниот штаб на Трамп и руски претставници.

 

“Волстрит џурнал” објави дека Флин побарал имунитет не само од нив, а и од Федералното биро за истраги, но тоа не се споменува во соопштението на Келнер. Долниот дом на конгресот негира дека тој упатили ваков предлог, а ФБИ одбива да коментар. Не е познато дали Флин предложил да зборува за специфични аспекти од времето кога работел за Трамп, но фактот дека сака да си обезбеди имунитет, значи дека признава дека може да си има проблеми со правдата„, нагласува весникот.

 

Во меѓу време “Вашигтон пост” потсети дека во септември Флин  во етерот на телевизиска емисија рече дека “кога ќе ти дадат имунитет, тоа значи дека најверојатно си извршил кривично дело”

 

Зборовите беа кажани на адреса на членовите на штабот на Хилари Клинтон, кои добиле имунитет во врска со истражните индикации на ФБИ за користењето на приватниот мејл сервер на Клинтон.

 

Сведочењето на Флин би дало јасност за разговорите што тој ги водел со рускиот амбасадор Сергеј Кислјак минатата година, како советник за национална безбедност во кампањата на Трамп.

 

Флин даде оставка на функцијата во февруари, кога стана јасно дека ги премолчел разговорите со рускиот амбасадор, спроведени по телефон, пред Трамп да стапи на должност.

 

Се уште има многу прашалници околу разговорите, кои веројатно ги воделе советници на Трамп и претставници на Русија.

 

Претходно оваа недела Белата куќа соопшти дека зетот на Трамп Џаред Кашнер кој сега е и еден од клучните советници во претседателството, се сретнал во декември со шефот на руската државна “Внешекономбанк”, која е меѓу санкциониранте субјелти од САД.

 

На почетокот на јануари американските разузнавачки служби објавија извештај, според кој Русија раководела со нападите на електронските адреси на претставници на демократската партија и објавување на информации кои оделе во корист на Трамп  и на тој начин влијаеле на резулатитет на претседателските избори одржани минатата година. Русија ги отфрла, таквите обвинувања.

 

На сослушување од пред една од страна на комисиите, американскиот сенатор Марко Рубио објави дека луѓе од неговиот предизборен штаб не само минатото лето, но и во последните 24 часа биле предмет на неуспешни руски сајбер напади.

 

Рубио исто така беше кандидат за републичката номинација. Тој тврди дека нападот бил извршен по завршувањето на неговата кампања.

 

Сенаторот одби да коментира зборовите на поранешниот експерт за сајбер безбедноста Клинтон Вотс, кој некогаш работел за ФБИ, и според кого руските сајбер напади може да го спречиле не само  Рубио во кампањата, туку и биле насочени кон сите противници на Трамп.

 

Поранешниот агент на ФБИ изјави пред комисијата во Сенатот дека Трамп, свесно или не, им помогна на руските “средства и мерки” за мешање во изборите.

 

Тој го даде за пример Пол Манафорт, поранешниот шеф на кампањата на Трамп, кој неколку месеци пред изборите лансира лажна приказна за терористички напад врз база на НАТО во Турција, објавена на веб-сајтовите на телевизијата RT (поранешната Russia Today) и “Спутник”.

 

За време на кампањата Трамп често повторуваше дека изборите може да се фалсификувааат – кои беа тема број 1 за RT и “Спутник”, објави Вотс.

 

Истражувањата покажуваат дека руските експерти за стратешко планирање нудат пропаганда, од која тогаш се очекуваше Трамп да е на линија.

 

Путин ја користи неспособноста на корисниците на социјалните мрежи да ја осознаат вистината и се насочува кон највлијателните и познати корисници на “Твитер” во светот, рече уште Вотс.

 

“Можам да ви кажам точно во моментот дека  на профили, се шири” советска пропаганда “, и кои се објавуваат  во голем обем на твитови до претседателот Трамп, кога знаат дека е онлајн и така поставуваат конспиративни теории.” Според него Русија ја планирала операцијата повеќе од една година,  а за таа цел тоа било режирано  кон конкретни гласачи – како поддржувачи на Трамп, така и во тенденција да гласаат за Берни Сандерс –  но биле колебливи  од односн на изборот.крај/мф/кс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

(Видео) Тошковски: Обезбедена е видеоснимка на која се гледа како сопругот ја удира жртвата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека во рамки на истрагата за трагедијата во Карпош е обезбеден видеозапис на...

Македонија6 часа

Се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, се работи на безбедна евакуација од погодените подрачја, соопшти МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека интензивно работи на обезбедување услови за соодветна и безбедна евакуација на...

Македонија6 часа

По пад од балкон загина 10-годишно момче во Тетово: родителите дознале од соседите

Денеска (03.03.2026) во 09:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче...

Македонија6 часа

Тошковски објави нови детали за трагедијата во Карпош: Жртвата негирала насилство пред полицијата, сопругот имал криминално досие и бил апсен за дрога

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти нови детали за вчерашната трагедија во Карпош, во која загинаа мајка и дете....

Македонија7 часа

Бракоразводна постапка и пријава за насилство – вонреден надзор во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Министерството за социјална политика, демографија и млади изрази длабоко сочувство до семејството и блиските на мајката и детето кои го...

Македонија7 часа

Државните нафтени резерви се стабилни и обезбедуваат сигурност, уверуваат надлежните

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини со посебно внимание ја следи состојбата со актуелната енергетска ситуација, особено во контекст...

Македонија7 часа

МНР со владиниот авион ќе ги евакуира нашите државјани од Израел, првите се очекува да пристигнат утре

За евакуација на Македонците кои сакаат да се вратат дома од Израел, Министерството за надворешни работи (МНР) ќе го испрати...

Македонија9 часа

Сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат за граѓаните кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати, велат од МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, согласно последните податоци, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473...

Македонија9 часа

Едно лице задржано по трагедијата во Карпош: распити на повеќе лица, детален претрес на станот, екстракција на податоци од телефони, се обезбедуваат снимки

Основното јавно обвинителство Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на вчерашниот случај во Карпош, кога...

Македонија10 часа

Почувствуван земјотрес во Гостивар

Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 5 часот и 21 минути...

Свет11 часа

(Видео) Објавено сведочењето на Клинтон за Епстин, Хилари е бесна

Нови видеа покажуваат како Хилари Клинтон речиси излегува од сведочењето зад затворени врати пред американските пратеници за Џефри Епстин откако...

Свет12 часа

Пезешкијан: Иран нема да стои настрана пред нападите врз училиштата и болниците

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, изјави дека неговата земја нема да стои настрана поради американско-израелските напади што погодија женско училиште...

Свет12 часа

Трамп: Подготвени сме да водиме војни колку што е потребно, имаме залихи што ќе траат засекогаш

Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата платформа Truth Social извести дека САД имаат рекордни залихи на муниција од среден и...

Свет13 часа

Рубио: Израел планираше да го нападне Иран, мораше да извршиме превентивни напади

Одлуката на Израел да го нападне Иран и сигурноста дека американските сили ќе бидат цел на одмазда ја принудија администрацијата...

Свет13 часа

(Видео) Познатата Палата Голестан во Техеран е оштетена, објавени се фотографии

Делови од Палатата Голестан, единственото место на светското наследство на УНЕСКО во иранската престолнина, беа оштетени во воздушен напад извршен...

Свет13 часа

Америка ги повика своите граѓани веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји од Блискиот Исток

Американското министерство за надворешни работи денес ги повика Американците веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји на Блискиот Исток,...

Свет13 часа

Нетанјаху: Војната нема да трае со години

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека американско-израелската војна против Иран може да трае „некое време“, но нема да трае...

Македонија21 час

Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството

Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го...

Македонија22 часа

„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош

„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“. Ова на...

Топ23 часа

Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош

Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош. Од Министерството за...