Контакт

Вести

Обама ѝ се јави на Меркел со благодарност за годините на „пријателство и партнерство“

Објавено пред

Американскиот претседател на заминување Барак Обама телефонски ѝ се јавил во четвртокот на германската канцеларка Ангела Мерел за да ѝ заблагодари на „осумгодишното пријателство и партнерство“, ден пред преземањето на должноста на Доналд Трамп кој беше многу критичен кон неа.

dobivaj vesti na viber

„Претседателот итана дека е сосема разбирливо неговиот последен пови да биде упатен на канцеларката Меркел“, соопшти Белата куќа.

Во соопштението на американската администрација се наведува дека Обама ѝ заблагодарил на германската челничка на „нејзиното силно, смело и стабилно водство“.

Обама и Меркел во разговорот истакнале дека „тесната соработка меѓу Вашингтон и Берлин, како и на САД и ЕУ била пресудана за да се осигурат цврстите преку атлантски врски“.

Обама во текот на својата последна посета на Берлин во ноември ѝ оддаде големо признание на Меркел којашто ја нарече извонреден партнер“. „Доколку живеев тука, доколку сум Германец и да треба да гласам, би можел да ѝ го дадам својот глас“, реле Обама. Меркел по неколку одлагања, набрзо потоа објави дека ќе се кандидира за четвртиот мандат.

Меѓу него и Меркел, освен пишувањата на медиумите од пред три години, никогаш не беше јавно коментиран фактот кој го откри поранешниот соработник на американското разузнавање, дека Меркел била повеќе од десет години прислушувана од американската NSA, дури и од периодот пред да стане канцеларка, а дека Обама најмалку четири години знаел за тоа и ништо не преземал за да го спречи надзорот врз својот сојузник.

Минатата седмица во разговорот за германски Bild и британски The Times, Доналд Трамп политиката на прифаќањето на енормниот број имигранти на Меркел ја нарече „катастрофална“ и оцени дека Велика Британија „со право“ ја напушти ЕУ, со којашто доминира Германија.

Американскиот државен секретар на заминување Џон Кери веднаш реагираше со чудна оцена нарекувајќи ги тие изјави „непримерни“ и оти „не е добро така директно да се вмешува во работите на други земји“./крај/мф/сн

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Венецуела тврди дека ЦИА подготвувала атентат на Мадуро, Стејт департментот негира

Венецуела објави дека уапсила шест странци, вклучително и припадник на елитните американски специјални сили, за наводен заговор за дестабилизација на...

Македонија2 часа

Кузеска: Бугарија избришa под со државата и македонските граѓани

Сoцијалдемократскиот сојуз на Македонија смета дека ВМРО-ДПМНЕ ги поткопува, како што велат, стабилните меѓународни позиции што ги изградило претходното раководство....

Македонија3 часа

(Видео) Стојаноски: Контролите констатирале голем број нерегуларности при јавни набавки на многу клиники и здравствени домови, одговорност ќе има

Контролите кои се спроведени од страна на институциите во ЈЗУ и клиниките ставаат на површина факти дека СДСM и ДУИ...

Свет4 часа

(Видео) Романија, Австрија, Чешка и Словачка се најмногу погодени од невремето, состојбата на места е вонредна

Во Австрија маж исчезна во лавина, додека ширум Европа итните служби се борат со невидени поплави. Во Австрија на југот...

Топ5 часа

Обид за убиство на паркинг во Кочани, убиецот му влегол во автомобилот и почнал да го боде со нож

Обвинителството гони 24-годишник поради сомнеж за обид за убиство што се случило пред два дена, на 13 септември. Според информациите...

Свет6 часа

Шолц: Не и’ даваме моќни ракети на Украина дури и ако тоа го направат другите земји

Германскиот канцелар Олаф Шолц ја отфрли можноста за испорака на прецизно оружје со долг дострел на Украина во иднина, без...

Македонија7 часа

Променливо облачно време со силен ветер во југозападните делови

Времето денес ќе биде посвежо, преку денот променливо облачно со локални врнежи од дожд особено во западните и северните делови....

Македонија19 часа

Формирано одделение за сериозен и сложен криминал во ОЈО

Во координација со Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје донесе дополнување на...

Македонија20 часа

Кабинетот на Сиљановска ќе побара објаснување од Радев за знамето

Реакции во земјава предизвика вчерашната фотографија од средбата меѓу претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и бугарскиот претседател, Румен Радев, во Софија, каде...

Топ22 часа

Стара измама, нови жртви: Не наседнувајте ако добиете повик дека ваш близок предизвикал сообраќајка и ви бараат пари

Повторно активна измамата со лажните сообраќајни несреќи. Нови жртви се двајца пензионери, а по измамниците се трага. Измамникот вели дека...

Свет23 часа

Поплави во Европа: Во Романија има мртви, во Чешка стотици евакуирани

Во Европа беснеат поплави, а веќе има и жртви. Пет лица загинаа во источна Романија, а десетици останаа заглавени во...

Македонија1 ден

(Видео) Директорите од СДСМ и ДУИ во болниците набавувале лекови кои не се на листата на ФЗО, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Здравството со СДСМ и ДУИ колабираше. Клиниките и болниците, пациентите и лекарите на свој грб ја осетија криминогеноста, изјави пратеникот...

Македонија1 ден

Четворица битолчани и една фирма предизвикале пожари во Битола, полицијата поднесе кривични пријави

Битолската полиција до Обвинителството поднесе пет кривични пријави против четири лица и една фирма по член 288 од КЗ за...

Македонија1 ден

Заврши јавниот повик за проекти за општините, ќе бидат доделени 250 милиони евра

Заврши јавниот повик за прибирање на апликации за проекти за јавниот повик за капитални инвестиции на Владата за општините. Од...

Свет1 ден

Астронаутите кои останаа заглавени во вселената се обратија до јавноста: „Не се чувствуваме изневерени“

Двајцата астронаути на НАСА, Буч Вилмор и Сани Вилијамс, кои ќе останат во вселената до 2025 година, рекоа дека е...

Регион2 дена

(Видео) Снимен драматичниот момент од авионската несреќа во Бугарија: авионот веднаш се запали, две лица загинаа

Во воздухопловната база Граф Игнатиево во Бугарија денеска се случи катастрофа кога за време на изведување на многу тежок маневар...

Македонија2 дена

Времето утре: Променливо облачно со повремен локален дожд

Променливо облачно со повремен локален дожд претежно во западните и северните делови. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен...

Македонија2 дена

(Видео) Сиљановска: Да сум апсолутен монарх можам да кажам ќе го сменам Уставот, јас не можам да ја суспендирам парламентарната демократија

„Вклучувањето на Бугарите во Уставот на Северна Македонија не зависи од мене. Да сум апсолутен монарх, можам да кажам ќе...

Македонија2 дена

„Мицкоски повторно колечни пред Гаши кој не го почитува Деловникот за Законот за бранители“, велат од СДСМ

„Согласно Деловникот на Собранието, откако претседателката на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади, Илире Даути, вчера не закажа...

Македонија2 дена

Паднаа првите казни: три компании продавале училишен прибор за повисока цена од замрзнатата

Инспекторатот затекна три компании кои не ја почитувале одлуката за замрзнување на цените на училишниот прибор. Првата компанија е трговец...