Вести
Поради закана со бомба евакуиран авион од Стокхолм за Талјанд
Околу триста патници од авионот на воздухопловната компанија „Thai Airways“ биле евакуирани во текот на изминатата ноќ на аеродромот Арленда крај шведската престолнина Стокхолм кој требало да лета за тајландското летувалиште Пукет, поради закана за поставена бомба во леталото, по што полицијата го блокирала аеродромот, потврдиле полициски извори во петокот за телевизијата SVT.
„Добивме информации за закана во однос на еден лет. Станува збор за телефонска закана, но повикот не беше упатен од нас. Ја сфативме оваа закана како сериозна“, изјавил портпаролот на стокхолмската полиција Свен-Ерик Олсон.
Весникот Svenska Dagbladet објави дека авионот бил запрен веднаш по качувањето на сите патници и се оддалечил од излезот кон пистата за полетување. На патниците првично им било речено дека станува збор за техничка грешка, изјавила Улрика Стен,м
Авионот бил преместен на безбедно место на аеродромот. И бил пребаруван од специјална полициска екипа за експлозиви.
Според управата на аеродромот Арланда, сите други пристигнувања и заминување биле водени според распоредот./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
