Вести
САД ги обвинија братот и внукот на Бан Ки-мун за давање мито

Двајца најблиски роднини на досегашниот претседател на Обединетите нации, Бан Ки-мун се обвинети во САД за подмитување блискисточен функционер во врска со продажба на комплекс згради во Виетнам за 800 милиони долари.
Чу Хјун „Денис“ Бан, трговец со недвижнини од Њујорк и внук на поранешниот генерален секретар на ОН, и неговиот татко Бан Ки-санг, братот на Бан Ки-мун, порашенешн директор во јужнокорејската градежна компанија „Keangnam Enterprises Co Ltd.“, обвинети се пред сојузниот суд на њујоршки Менхетен.
Обвинението е подигнато откако на Бан Ки-мун на 31-ви декември 2016 година му истече двојниот петгодишен мандат на чело на светската организација, кој во тој период од јужнокорејските медиуми беше обвинет дека додека бил министер примил мито од виетнамски бизнисмен.
Според обвинението, компанијата „Keangnam Enterprises Co Ltd.“во 2013 година имала проблеми со ликвидноста и се обратила на Бан за да му најде инвеститор за комплексот згради „Landmark 72“ во Виетнам за провизија од пет милиони долари.
Наместо финансирањето да биде изведено законски, двајцата се вклучиле во шема за да подмитат неименуван функционер до Блискиот исток кој требало да го убеди богатиот фонд во својата земја да го купи „Landmark 72“.
Митото било платено преку Маклолм Харис,самопрогласен консултант за уметнички дела и мода, и блогер кој исто така е обвинет и кој според обвинението тврдел дека бил агент на функционерот.
Според комуникацијата со Хаирс од април 2014 година, двајцата се согласиле однапред да му платата 500.000 долари мито и уште два милиона долари кога зделката ќе биде склучена. Но се покажало дека Харис немал никакви врски со функционерот, и ги украл и потрошил тие 500.000 долари.
Бидејќи компанијата западнала во криза, Бан е верувајќи дека митото е исплатено и дека сé се одвива според планот, ја навел „Keangnam Enterprises Co Ltd. и нејзините кредитори да веруваат дека богатиот фонд ќе го купат Landmark 72. Кога целата работа пропаднала, на суд е покренаа постапка за ликвидација на фирмата, се наведува во судските документи./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
„Нашите деца се вратија дома, а туѓи никогаш нема“, родителите од „Рибникар“ огорчени, не дозволуваат настава кај што имаше масакр

Родителите на некои од учениците во ОУ „Владислав Рибникар“, кои вчера учествуваа во емисијата „Впечаток на неделата“ на спрската „ТВ Нова“ истакнаа дека не сакаат нивните деца да се вратат во таа училишна зграда и побараа да се прекине наставата.
Бојан од Белград, татко на седумгодишно дете од ова училиште, истакна дека учебната година требало да заврши на 3 мај на ниво на цела Србија.
„Ова беше преседан… За мене нашите улици, овој град, ова општество се контаминирани. Морам да апелирам до граѓаните на Србија да размислат, секое дете можеше да биде на местото на тие деца… Сите сме засегнати како држава. Мојот син вели дека не помислува да оди во тоа училиште“, рече тој.
Мајката на двајца ученици од ова белградско училиште истакна дека повеќе нема да ги носи своите деца во таа образовна институција.
„Нашите деца се вратија дома, а туѓи никогаш нема… Целта ми е децата да завршат училиште, секако и да ги лекуваат децата на училиште, но училиштето не е болница. Тоа треба да биде едно место каде што нашите деца треба да растат и учат. На децата да им се помогне и да се донесе терапевт, што ќе недостасуваше да е некаде во парк или во детски културен дом или во ливада…Нема да ги вратам децата во тоа училиште, ќе ги пратам назад на училиште, но не на тоа место“, рече таа.
Александар, таткото на учениците од ова основно училиште, се согласува учебната година да заврши.
„Имаме многу едноставни очекувања што треба да направи државата. Очекуваме да заврши учебната година, не очекуваме децата да се сретнат на местото на извршување и државата да обезбеди алтернативна локација каде децата ќе се сретнат и ќе си ги видат раните. Тоа училиште веќе не може да биде училиште за нас. Од моментот на масакрот, тоа веќе не е училиште, туку почетна точка“, рече тој.
Марија, мајка на седмоодделенци од ова училиште, истакна дека она што го доживеале како родители е „нивното најголемо страдање“.
„Не дозволувам мојот син да се врати во тоа училиште, му се јавив на класниот раководител да го избрка од училиште“, рече таа.
Вести
Избори во Грција: Убедлива победа на владејачката партија, но не доволна за формирање на влада

Владеачката партија во Грција, Нова демократија извојува убедлива победа на денешните парламентарни избори, но не успеа да обезбеди доволно гласови за сама да формира влада.
По пребројувањето на повеќето гласови, конзервативната Нова демократија поведе убедливо со 40,8 отсто, победувајќи ја радикалната левичарска Сириза, која владееше од 2015 до 2019 година и освои 20,1 отсто од гласовите.
Грчкото Министерство за внатрешни работи предвидува дека Нова демократија би можела да освои 145 места во парламентот, шест помалку од апсолутното мнозинство. Грчката претседателка Катерина Сакеларопулу во понеделник ќе им даде на трите водечки партии – Нова демократија, Сириза и социјалистичката ПАСОК, три дена да формираат коалициска влада.
Доколку ниту еден од нив не успее, претседателот ќе назначи привремена влада која за околу еден месец ќе подготви нови избори. Премиерот и лидер на Нова демократија Киријакос Митотакис рече дека верува дека добил јасен мандат.
„Резултатите од гласањето се одлучувачки. Тие покажуваат дека Нова демократија има одобрение од народот да владее, силна и автономна“, им рече тој на расположените толпи пред седиштето на партијата во центарот на Атина.
Резултатот беше неверојатен поттик за Мицотакис, чија администрација мораше да се бори со скандалот со прислушувањето, пандемијата „Ковид-19“, кризата со трошоците за живот и смртоносната железничка несреќа во февруари што предизвика гнев во јавноста.
Подеднакво, тоа беше катастрофа за Сириза и нејзиниот лидер Алексис Ципрас, огнен левичар кој катапултираше на власт во 2015 година благодарение на незадоволството на гласачите од другите партии поради нивното справување со должничката криза што ја пустошеше грчката економија повеќе од една деценија. Ципрас му се јавил на Микотакис за да му ја честита победата, изјави претставник на Сириза.
Вести
По окупцијата на Бахмут, шефот на Вагнер: За неколку дена се враќаме во Русија

Шефот на платеничката група Вагнер рече дека неговите сили ја зазеле целата територија во Бахмут и наскоро се враќаат во Русија.
„Вагнер денеска не зазеде никаква територија. Ја освоивме целата територија што ја ветивме, до последниот сантиметар“, рече Евгениј Пригожин во аудио пораката на Телеграм, додавајќи дека неговите борци ќе го напуштат фронтот следната недела.
„Како што објавивме вчера, нашите позиции ги предаваме на руското Министерство за одбрана и ја напуштаме зоната на конфликтот на 25 мај“, рече Пригожин, а пренесува „Скај њуз“.
Да потсетиме, Русија вчера објави дека го освоила целиот украински град Бахмут. Нападот на веќе речиси израмнетиот град го предводеше руската платеничка воена група Вагнер, чиј водач Евгениј Пригожин претходно истиот ден изјави дека неговите сили го зазеле целиот град и секоја куќа.
„Бахмут денеска не беше окупиран од руската армија“
Рускиот претседател Владимир Путин им честиташе на војниците за заземањето на градот, велејќи дека најзаслужните ќе бидат наградени, пренесоа руските агенции. Зеленски денеска одговарајќи на новинарски прашања по обраќањето на Г7 изјави дека Русија не го окупирала Бахмут.
„Не можам да ги споделам со вас, тактичките информации на нашата армија, нашите воини, но можам да кажам дека Русија не може да не окупира или да победи во оваа војна“, одговори тој на прашањето за Бахмут.
„Нашите луѓе сега се на многу важна мисија во Бахмут. Нема да кажам каде точно, но Бахмут денеска не беше окупиран од руската армија“, додаде тој.