Контакт

Вести

Трамп и Нетанјаху ќе разговараат за населувањето на источен Ерусалим

Објавено пред

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека во неделата навечер по локално време ќе разговара со американскиот претседател Доналд Трамп чие преземање на должноста го охрабри покренувањето на плановите за изградба на еврејските населби во источен Ерусалим.

dobivaj vesti na viber

Израелската градска управа на Ерусалим конечно го одобри градењето на 566 станови во три квартови од источен Ерусалим, кој меѓународната заедница го смета за окупирана палестинска територија од Израел во војната во 1967 година.

Паралелно со ова, цврстата десница во израелската влада ја покрена кампањата врз притисокот врз премиерот Бенјамин Нетанјаху во полза на присоединувањето на Маале Адумим, важна населба на окупираниот Западен брег (од реката Марибор).

Според нацрт законот кој го претставиле два пратеника од мнозинството, а за кое треба да разговара во неделата кабинет за безбедност, Израел би ги споил квартот Маале Адумин, како и секторот кој ја поврзува населбата со Ерусалим.

Со таквата одлука би се преполовил на два дела Западниот брег и практично би се оневозможило основањето на веродостојна палестинска држава која би имала географски континуитет.

Инаку Маале Адумин е третата најнаселената населба на Западниот брег./крај/мф/сн

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Мицкоски: Наместо европеизација на Балканот се случи балканизација на Европа

Премиерот Христијан Мицкоски се обрати на панел дискусијата Геостратегија и енергетска сигурност во рамки на Минхенската безбедносна конференција . Премиерот...

Македонија10 часа

Вклучувањето на Бугарите во Уставот е само првиот чекор и ќе овозможи почеток на преговорите, му рекол бугарскиот министер на Муцунски

Не е можно повторно преговарање или заобиколување на постигнатите договори зад кои стои цела ЕУ. Ваква порака испратил бугарскиот министер...

Македонија10 часа

Муцунски на средбата со бугарскиот колега ја отвори темата за македонското малцинство и нивните права

Прашањето за почитување на правата и слободите на припадниците на македонското малцинство во Бугарија и потребата од спроведување на одлуките...

Топ14 часа

Убиството во Чаир се случило поради сообраќајна расправија, осомничени се осум лица од кои три се во бегство

Осомничени се осум лица поради убиството во Чаир се случи ноќта помеѓу 10 и 11 февруари. Од нив шест се...

Македонија14 часа

Коцевски немал судир на интереси за ниту еден предмет – се огласи Обвинителството по обвинувањата на Милошоски

Обвинителството реагира дека тврдењата на пратеникот Антонијо Милошоски за поврзаност на републичкиот обвинител Љупчо Коцевски со Иџет Мемети и Наќе...

Свет15 часа

Зеленски од Минхен: Путин планира напади врз други земји, на Европа и’ се потребни вооружени сили

Европските лидери треба да почнат да создаваат европска армија како одговор на военото засилување на Русија, изјави украинскиот претседател Володимир...

Топ17 часа

Македонски државјанин учествувал во сообраќајка во Албанија, загинала жена

Тешка сообраќајка во која учествувал македонски државјанин се случила на магистралниот патен правец Прењас-Либражд. Според информациите на албанските медиуми,  до...

Македонија18 часа

СДСМ: Цените пораснаа за повеќе од 5 отсто, Владата е неспособна

Најновите податоци од Државниот завод за статистика покажуваат дека цените пораснале за 5,2 отсто. Споредено со јануари 2024 година трошоците...

Македонија19 часа

Велешанка заврши во притвор: каменувала дете, го удрила со нога во стомакот, а му се заканувала и на својот татко дека ќе го убие

Oбвинителството од Велес поведе постапка против 24-годишна велешанка која во изминатите неколку дена извршила повеќе кривични дела – Загрозување на...

Македонија19 часа

Извештајот на „Транспаренси“ докажува дека е потребна итна смена на oбвинителот Коцевски, смета ВМРО-ДПМНЕ

Извештајот на „Транспаренси“ е доказ за тоа дека е потребна итна смена на јавниот обвинител, Љупчо Коцевски, велат од ВМРО-ДПМНЕ....

Свет20 часа

„Розите се црвени… ќе ве депортираме“: Честитка од Белата куќа за Денот на вљубените

Во САД Денот на вљубените се слави на 14 февруари, а Белата куќа не ја пропушти можноста да го честита...

Македонија1 ден

Во една удрил гром, во друга нема клима, половина од државните станици за квалитетот на воздухот не даваат целосни резултати

Половина од 22-те државните мерни станици за квалитетот на воздухот не даваат целосни резултати во ек на најголемо загадување на...

Македонија2 дена

Директорот на РЕК Битола осомничен за незаконски избор на јавна набавка

Основното јавно обвинителство Битола, постапувајќи по пријава од Управата за финансиска полиција, поведе постапка против седум лица за кривично дело...

Македонија2 дена

Ниту било разговарано за промена на химната, ниту во иднина ќе се разговара, уверува ВМРО-ДПМНЕ

Ниту било разговарано за промена на химната, ниту во иднина ќе се разговара, граѓаните да бидат спокојни, велат од ВМРО-ДПМНЕ....

Македонија2 дена

Министерството за правда со допис до Владата со предлог за разрешување на државниот јавен обвинител

Министерството за правда соопшти дека постапувајќи по заклучокот од 50-та седница на Владата на РСМ одржана на 11.02.2025 година презеде...

Македонија2 дена

Промената на државниот грб единствено оди во прилог на балистичките апетити на партиите од албанскиот блок, велат од Левицата

За Левица, најавената промена на државниот грб е директен удар врз АСНОМ, како конститутивен елемент на македонската република. На наследниците...

Македонија2 дена

Подготвени сме во пакет да ги решиме и грбот и химната и 20 отсто и ако има и други етнички прашања што досега се ставаа под тепих, вели Таравари

Министерот за здравство и еден од лидерите на коалицијата „Влен“, Арбен Таравари, е подготвен не само за грбот туку во...

Топ2 дена

Возило излета од патот во Македонска Каменица: тешко повреден возачот

Вчера во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека околу 13.00 часот во с.Моштица, општина Македонска Каменица, движејќи се по...

Македонија2 дена

Вработените во Филхармонијата со писмо до Мицкоски: Директор се избира легитимно на конкурс и треба да биде со најдобра програма и професионални квалификации

Вработените во Македонската филхармонија преку писмо се обратија до премиерот Христијан Мицкоски и министерот за култура Зоран Љутков, по повод...

Свет2 дена

Орбан ја исмеа Каја Калас; Дипломат на ЕУ: Американците носат хаос

Европските лидери почнаа да ги прилагодуваат своите политики на новата реалност без американска заштита – и во исто време почнаа...