Контакт

Вести

Трамп ја шокирал Меркел: Фактура од 300 милијарди долари долг кон НАТО

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Британските медиуми откриваат детали од средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и германската канцеларка Ангела Меркел, која очигледно не минала така дипломатски мирно.

 

Имено, Трамп и врачил на Меркел фактура во вредност од 300 милијарди долари, колку што наводно Германија му должи на НАТО сојузот.

 

„Концептот за составување на таквото барање го изнел домаќинот (Трамп), но канцеларката смирено ја прифатила провокацијата“, рекол германски министер, кој во вторникот е цитиран од страна на британски „Сандеј тајмс“.

 

Се нагласува дека  сумата што е запишана на фактурата, всушност се долговите на Германија кон воениот сојуз, кои се направени последниве 12 години, впрочем колку што Меркел е на власт.

 

Членките на НАТО, потсетува Индипендент,  во 2014 прифатија да одвојуваат 2 проценти од БДП за буџетот на Алијансата. Фактурата ја подготвиле помошниците на американскиот претседател, но се разбира на негово барање, заклучуваат британските изданија./крај /мф/кс

Вести

Украина апелира до Русија да го дозволи коридорот во Мариупол

Објавено пред

Украина денеска испрати нов апел до Русија да дозволи хуманитарен коридор во Мариупол и да ги пушти цивилите од овој опколен град.

dobivaj vesti na viber

Бараме отворање на хуманитарен коридор за цивили – објави вицепремиерката Ирина Верешчук на украинската телевизија, пренесува „Ројтерс“.

Верешчук нагласи и дека руските вооружени сили спречуваат хуманитарна помош да стигне до жителите на градот Херсон на југот на земјата.

Украина денеска соопшти дека нејзините напори за евакуација на цивилите од опколените градови првенствено биле насочени кон Мариупол, но не објави никаков нов договор со Русија, кој би овозможил безбеден премин за нејзините заробени жители, пренесе Ројтерс.

Прикажи повеќе...

Вести

(Од минута во минута) Бајден се закани со нови санкции, Русија најави употреба на нуклеарно оружје

Објавено пред

Денес е 27. ден од руската инвазија на Украина

dobivaj vesti na viber

Клучни настани

Бајден и ЕУ со нов пакет санкции

Русија се закани дека ќе употреби нуклеарно оружје ако биде загрозено нејзиното постоење

Спречен четврти обид за атентат на Зеленски

Украински сили: Ја вративме контролата над Макаров

Русија се повлече од преговорите за мировен договор со Јапонија

Бајден: Путин размислува за употреба на биолошко и хемиско оружје

Нови податоци од Велика Британија: Украинските градови страдаат од силни руски воздушни и артилериски бомбардирања

(Од минута во минута)

21:55 Макрон: Не е на повидок прекин на огнот

Договор за прекин на огнот во Украина не е на повидок, се вели во соопштението на Елисејската палата, по разговорот на францускиот претседател Емануел Макрон со Владимир Путин.

21:29 Русите користат забранета муниција?

Се појавија и други извештаи дека руските сили наводно користеле забранета муниција со фосфор во областа на украинскиот град Краматорск.

21:22 Руски медиуми: Путин и Макрон разговараа на телефон

Разговорот е инициран од Франција, објави државната новинска агенција „РИА новости“.

20:48 Бајден најави нови санкции: Ова е важен дел од следната фаза

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан изјави дека во четврток САД и сојузниците ќе објават нов пакет санкции против Русија.

20:47 Службеник за одбрана на САД: Руските војници патат од смрзнатост

Руските сили продолжуваат да се соочуваат со логистички проблеми, како што е недостатокот на опрема, што доведе до смрзнатини меѓу војниците, изјави висок претставник на американската одбрана.

20:42 Ракетирана железничката станица во регионто на Днепар

Ракетни напади уништија железничка станица во градот Павлоград во централно-источниот украински регион Днепар, при што загина едно лице, изјави денеска гувернерот Валентин Резниченко.

20:26 Ердоган ја повика ЕУ да ги отвори пристапните преговори

„Очекуваме ЕУ бргу да ги отвори поглавјата од пристапните преговори и да ги почне преговорите за царинската унија, без бесрамни калкулации“, рече Ердоган по средбата со холандскиот премиер, Марк Руте, во Анкара.

20:12 Песков: Ќе користиме нуклеарно оружје, само ако биде загрозено нашето постоење

Песков наведува дека целта на руската инвазија на Украина не е окупација на земјата, пренесе руската државна новинска агенција ТАСС.

18:32 Украинската армија: Русите имаат резерви за само уште три дена

„Поради логистички неуспеси на руските сили, вклучително и неможноста да се доставува гориво за војниците на фронтот, тие се без резерви“, соопшти денеска Генералштабот на вооружените сили на Украина.

17:25 „Билд“: Спречен четврти обид за убиство на Зеленски, уапсена група руски диверзанти

Група руски диверзанти, предводени од агент на тајната служба, е уапсена во градот Ужгород во граничниот триаголник меѓу Украина, Словачка и Унгарија, јави агенцијата „Унијан“, пренесува „Билд“.

14:05 Нови силни експлозии во Киев

Неколку силни експлозии oдекнале во главниот град на Украина, додека Киев е под 35-часовен полициски час.

Една од експлозиите била толку силна што ги активирала алармите на автомобилите во центарот на градот, сведочи тимот на Си-ен-ен.

13.55 Украина апелира до Русија да го дозволи коридорот во Мариупол

Украина денеска испрати нов апел до Русија да дозволи хуманитарен коридор во Мариупол и да ги пушти цивилите од овој опколен град

13.38 Русија загуби 15.300 војници, 99 авиони, 123 хеликоптери, 509 тенкови

Независниот весник Киев објави индикативни проценки за загубите на Русија од 22 март, според Вооружените сили на Украина

13.05 (Видео) Зеленски: Вршам притисок врз Русија да ја прекине оваа сурова војна

Драги Италијанци! Кога се обратив на собир во Фиренца и во десетици други европски градови пред нешто повеќе од една недела, ве замолив, сите Европејци, да се сеќавате на бројот 79. Толку многу деца беа убиени во Украина во тоа време. Сега е 117, рече тој.

12.30 Подољак: Се бориме против инвазијата на варварството, нечовечноста и масакрот на цивили

Украинскиот преговарач и советник на претседателот Володимир Зеленски, Михаил Подољак, се огласи на својот официјален профил на Твитер

12:14 Во близина на Чернобил избија седум шумски пожари, тврдат Украинците

Украинците тврдат дека пожарите најверојатно избувнале поради гранатирање, а можно е и да се подметнати. Пожарот избувнал во област под контрола на руските сили, што според Украинците го оневозможува гаснењето.

12.10 Зеленски: За руските војници Украина е порта кон Европа

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска пред италијанскиот парламент изјави дека неговата земја е на работ на опстанок поради војната со руските сили и предупреди дека целта на Москва е да се пробие до остатокот од Европа

12:00 Кога користам британско оружје ќе викам „Боже, чувај ја кралицата“, вели украински војник

Украинскиот командант Валериј Курко изјави дека кога ќе употребува противтенковско оружје кое Украина го добила како помош од Велика Британија, ќе вика: „Боже, чувај ја кралицата“ (God save the Queen).

11.45 Повеќе од 3,5 милиони луѓе ја напуштиле Украина поради војната

Агенцијата за бегалци на ОН денеска објави дека повеќе од 3,5 милиони бегалци досега ја напуштиле Украина поради руската инвазија, пренесува АП

11.30 Чад, урнатини и уништување – објавени нови сателитски снимки од руското бомбардирање на Украина

Новите сателитски снимки објавени од приватната американска компанија за вселенска технологија „Maxar Technologies“ уште еднаш покажаа до кој степен руските сили ги оштетиле украинските градови

11.25 Руските сили го бомбардираа пристаништето во Николаев

Руските сили синоќа бомбардираа пристаниште во украинскиот град Николаев, соопшти Украинската управа на пристаништа

11.20 Руски дипломат: Американско-руските односи се на работ на прекин

Заменик-министерот за надворешни работи на Руската Федерација Сергеј Рјабков изјави дека САД мора да се откажат од понатамошната ескалација на односите со Русија и да престанат да испорачуваат оружје на Украина.

11.18 Во гранатирањето на Харков загина 96-годишник кој го преживеал холокаустот

Борис Романченко (96), кој го преживеа холокаустот во Втората светска војна, почина минатата недела кога граната го погоди неговиот стан во воениот украински град Харков

11.15 Русија го гранатираше регионот Житомир: Уништени три куќи, десет оштетени

Русија не престанува со инвазијата на Украина веќе 27 дена, а утрово биле гранатирани згради во близина на Малин, соопшти утринава Украинската државна служба за вонредни состојби

11.13 Уништувањето на Мариупол продолжува

Се појавија нови видеа од уништувањето во Мариупол, а нападите на руската армија врз Украина не престануваат

11.10 Гранатирано село во Украина – уништени голем број куќи

Во украинското село Лутица, северно од Киев, од руското гранатирање уништени се голем број куќи

11.07 Украинска армија: Русите имаат храна, гориво и муниција уште три дена

Генералштабот на вооружените сили на Украина соопшти дека, според достапните информации, руските окупаторски сили во Украина имаат залихи на муниција и храна за не повеќе од три дена

11.05 Зеленски: Подготвен сум да разговарам со Путин за Донбас и Крим, но со безбедносни гаранции

Мислам дека ова е време за моја средба со рускиот претседател. Без тоа, нема целосно да разбереме што се подготвени да направат за да ја запрат војната. Тоа се многу сериозни работи

11.02 Украински парламент: 117 деца се убиени од почетокот на инвазијата

Украинскиот парламент утринава соопшти дека 117 деца се убиени, а 155 се повредени во нападите на руските сили од почетокот на руската инвазија на Украина

11:00 Престана со работа руската фабрика за тенкови, тврди украинското разузнавање

Во објава на „Фејсбук“, Генералштабот на вооружените сили на Украина посочи дека производителот „Уралвагонзавод“ морал да го прекине производството во фабриката поради, како што се вели, недостиг на компоненти произведени надвор од Русија.

10:37 (Видео) Британија: Наш министер разговараше со лажен премиер на Украина, тоа е руски трик

Велика Британија денеска ја обвини Русија дека стои зад видеоповикот во кој едно лице лажно се претставува како премиер на Украина во разговор со министерот за одбрана, Бен Валас, чија снимка беше објавена и на „Јутјуб“.

10:17 Предупредување од германските безбедносни служби: Неонацисти одат во Украина

Германските безбедносни служби предупредуваат дека повеќе германски неонацисти тргнале кон Украина за да се приклучат во борбата на украинските власти.

8:43 Фумио Кишида: Неприфатлив е прекинот на преговорите од Москва

Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска ја нарече неприфатлива одлуката на Русија да ги прекине преговорите за мировен договор

8:35 Бајден: Путин размислува за употреба на биолошко и хемиско оружје

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека има јасен знак дека рускиот претседател Владимир Путин размислува за употреба и на биолошко и на хемиско оружје во Украина

8:28 Нови податоци од Велика Британија: Украинските градови страдаат од силни руски воздушни и артилериски бомбардирања

Министерството за одбрана на Обединетото Кралство го објави најновиот извештај на одбранбените разузнавачки служби за ситуацијата во Украина – 22 март 2022 година.

8:25 Украинска армија: 300 руски војници одбиле да ја послушаат наредбата, се повлекле

Украинската војска соопшти дека 300 руски војници одбиле да ги почитуваат наредбите во областа Октирка во близина на Суми во североисточна Украина.

8.20 Принцот Вилијам:Солидарни сме со украинските борци

Британскиот принц Вилијам им оддаде почит на Украинците кои се борат да преживеат во својата татковина по посетата на британскиот воен камп за обука во џунглите во Белизе со неговата сопруга Кејт, како дел од неговата седумдневна турнеја на Карибите

8:15 Семејството го опиша хоророт во Мариупол: Пукаа во луѓето на ред за вода

Дмитро и Тања Шветс првите 23 дена од војната ги поминале криејќи се во подрум во Мариупол со нивната седумгодишна ќерка. Семејството успеало да побегне од Мариупол минатиот четврток, но нивните родители останале таму

8:10 Украински сили: Ја вративме контролата над Макаров

По неколкудневни борби, украинските сили ја вратија контролата врз Макаров, град на 30 милји западно од Киев, објавија украинските вооружени сили

8:05 Русија се повлече од преговорите за мировен договор со Јапонија

Русија се повлече од преговорите за мировен договор со Јапонија и ги замрзна заедничките економски проекти поврзани со спорните Курилски острови поради санкциите што и ги воведе Токио поради Украина, што предизвика лута реакција на Јапонија

8:00 Украинските сили го забавуваат напредокот на Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео порака рече дека украинската армија им пружа жесток отпор на руските сили и го забавува нивниот напредок.

Прикажи повеќе...

Вести

Зеленски составува закон против Русија: Ги поканува сите пријатели да го посетат Киев

Објавено пред

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека мировните преговори со Русија почнуваат да „звучат пореалистично“, но дека е потребно повеќе време за да се постигне напредок.

dobivaj vesti na viber

„Состаноците продолжуваат и информиран сум дека позициите за време на преговорите веќе звучат пореално. Но, потребно е време за одлуки што ќе бидат во интерес на Украина“, рече Зеленски во своето последно обраќање, пренесува „Ројтерс“.

„Ги поканувам сите пријатели на Украина да го посетат Киев. Овде може да биде опасно затоа што нашето небо сѐ уште не е затворено за руски ракети и авиони. Одлуката да го зајакнеме нашиот арсенал во воздухот сè уште не е донесена. Не добивме авиони. Но, знаете дека сите очи се вперени кон нашиот главен град, кон Украинците. На сите што се со нас им должам благодарност. Не само ние, сите народи во светот се благодарни“, рече Зеленски.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, синоќа потпиша закон со кој се забранува негирање или оправдување на руската агресија врз Украина.

„Володимир Зеленски потпиша закон со кој се забранува производство и дистрибуција на информативни производи насочени кон промовирање на акциите на државата агресор“, се вели во соопштението на Комитетот за хуманитарна и информативна политика на Украина.

Полскиот премиер, Матеуш Моравјецки, чешкиот премиер, Петер Фијал, и нивниот словенечки колега Јанез Јанша пристигнаа во Киев со воз и се првите странски лидери што ја посетија украинската престолнина по руската инвазија минатиот месец, пишува „Ројтерс“.

Посетата на премиерите на Чешка, Полска и на Словенија, кои во вторникот пристигнаа во Киев, е силен гест на поддршка што ја почитуваме, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој ги информира лидерите на овие земји за актуелните настани во војната со Русија.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет17 минути

Путин: Ако НАТО распореди војска во Финска и Шведска, ќе одговориме на ист начин

Русија ќе одговори на влезот на Шведска и Финска во НАТО, изјави денеска претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин. „...

Македонија25 минути

Петровска од Мадрид: Отпорноста и моќта на институциите и граѓаните е клучно во борбата против хибридните закани

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, вчера во рамките на Самитот на НАТО во Мадрид учествуваше на работната вечера на министрите...

Македонија11 час

Прекината седницата во Собрание за продолжување на работниот ангажман на судиите и обвинителите

Вечерва во Собранието продолжи 75. седница со две точки на дневниот ред, Предлог на закон за изменување и дополнување на...

Регион13 часа

Анкета во Србија: Вучиќ е попопуларен од Путин за само еден отсто

Српскиот претседател Александар Вучиќ е за само еден отсто попопуларен од Владимир Путин во Србија. Ова го покажало истражувањето на...

Регион15 часа

Поради протераните руски дипломати партијата на Нинова „им сврте грб“ на Петков и Василев

Поради протерувањето на 70 руски дипломати, Бугарската социјалистичка партија (БСП) ги прекине разговорите за формирање на нов кабинет со Продолжуваме...

Свет16 часа

Макрон: Шведска и Финска ќе дадат значаен придонес во НАТО алијансата

Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска изјави дека Шведска и Финска ќе дадат значаен придонес во НАТО алијансата, соопштија од...

Македонија17 часа

Претседателот Пендаровски во Мадрид на средба со канцеларот Олаф Шолц

Претседателот Стево Пендаровски денеска во рамки на неговото учество на Самитот на НАТО, што се одржува во Мадрид, оствари средба...

Економија17 часа

Дизелот поевтинува, бензините остануваат со иста цена

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Економија18 часа

РКЕ: Цената на електричната енергија во просек ќе се зголеми 7,4 проценти

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлуки со кои просечната цената за електрична енергија за 98,8 % од...

Европа19 часа

Ердоган за договорот со Финска и Шведска: Го добив она што го барав

Турција ќе побара од Шведска и Финска да екстрадираат 33 члена на движењето ПКК и на Фето, кои ги смета...

Македонија19 часа

Регистрирани 148 новозаразени од коронавирус, има едно починато лице

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа биле направени...

Македонија20 часа

Има зголемување на бројот на заразени од коронавирус, објави Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок констатира дека има зголемување на бројот на позитивни случаи на Ковид-19 во однос...

Македонија21 час

(Видео) Почна самитот на НАТО во Мадрид – Пендаровски ја предводи македонската делегација

Денеска, во Мадрид и официјално почна самитот на НАТО, на кој учествува претседателот Стево Пендаровски и ја предводи македонската делегација....

Свет21 час

Бајден: Путин го наруши мирот во Европа, сега ние стапуваме на сцената

Американскиот претседател Џо Бајден најави ново распоредување на американски војници во Европа. „Путин го наруши мирот во Европа. САД и...

Европа22 часа

Санчез до Путин: Нема да победите

Русија претставува директна закана за безбедноста на земјите од НАТО, кои се собраа на самитот во Мадрид, изјави генералниот секретар...

Европа24 часа

(Видео) Најголема безбедносна операција во поновата историја – зголемено полициско присуство пред самитот на НАТО во Мадрид

Речиси 10.000 припадници на безбедносните сили се распоредени во Мадрид пред денешниот почеток на дводневниот самит на НАТО. Самитот ќе...

Свет24 часа

Џонсон: Ако Путин беше жена, немаше да ја нападне Украина

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека рускиот претседател Владимир Путин нема да ја нападнел Украина доколку бил жена и дека...

Спорт1 ден

Нуров со злато за Македонија на Медитеранските игри!

Магомедгаџи Нуров го освои златниот медал во борење во категоријата до 97 килограми на Медитеранските игри во Оран, Алжир, откако...

Свет1 ден

Пристигна првата реакција на Москва за влезот на Шведска и Финска во НАТО

Русија е толку моќна сила што приемот на Шведска и Финска во НАТО пактот не е важен во глобална стратешка...

Европа1 ден

Ердоган попушти – постигнат договор за членство на Финска и Шведска во НАТО

Турција го поддржа членството на Финска и Шведска во НАТО, соопшти кабинетот на финскиот претседател Саули Нииниште. Во меѓувреме потврда...