Контакт

Вести

Филипини ја прекина војната против дрогата, ќе спроведе чистка во полиција

Објавено пред

Филипинската полиција ја прекинува својата контроверзна војна против дрогата се додека не се „прочисти од корумпирани“ полициски сили, пренесува BBC.

Началникот на полицијата Роналд дела Роса, во понеделникот, изјави дека единицата за борба против дрога ќе биде расформирана.

Ова доаѓа по убиството на јужнокорејски бизнисмен во полициска станица. Тој беше киднапиран и убиен од членови на единицата за борба против дрога.

Повеќе од 7.000 луѓе се убиени од почетокот на големите полициски акции против нарко дилерите.

Црниот биланс и тврдокорниот став на претседателот Родриго Дутерте против дрогата предизвикаа остри критики од групите за човекови права и западните земји, иако претседателот продолжува да ужива висок степен на поддршка меѓу Филипинците.

Во денешното обраќање, началникот на полицијата истакнал дека „претседателот Дутерте ни кажа најпрво да ја прочистиме организацијата, нашите редови, и потоа можеби ќе продолжиме со нашата борба против дрогите.“

Борбата против нарко мафијата и дилерите и справувањето со уживателите на дрога во Филипини е централен дел на владеењето на Дутерте.

Тој првично вети дека ќе го искорени проблемот до декември 2016 година, а потоа го продолжи крајниот рок до март оваа година.

Меѓутоа, Дутерте на конференција за печат во неделата на новинарите им рече: „Рокот ќе го продоложам до последниот ден на мојот мандат. Март повеќе не важи. Се потценува длабочината на проблемот со дрогата.“

Мандатот на претседателот истекува во 2022 година. крај/мф/вс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Забава54 секунди

(Фото) Без грешка: Дефинитивно ќе ви се допадне ова издание на Јелена Розга

Секогаш беспрекорно облечена, Јелена Розга и овој пат пронајде начин да ги почасти своите бројни обожаватели со прекрасни сцени. Имено,...

Забава5 минути

Како да изгубите пет килограми без ригорозни диети? Не сте го знаеле ова

Многу луѓе веруваат дека губењето тежина бара гладување, строга диета и откажување од сè што сакате. Сепак, тоа не е...

Европа30 минути

(Видео) Ова е роботот што ги брка дивите свињи во Варшава

Иако сè уште се мачат да ги извршуваат секојдневните задачи, хуманоидните роботи стануваат бескраен извор на забава, од демонстрации на...

Свет37 минути

Карни обезбеди парламентарно мнозинство во Канада

Канадскиот премиер Марк Карни вчера обезбеди парламентарно мнозинство на локалните избори, една година по преземањето на функцијата, што му дава...

Свет43 минути

(Видео) Протести во Њујорк против продажбата на оружје на Израел: „90 лица беа приведени“

Неколку десетици демонстранти беа приведени вчера во Њујорк за време на демонстрациите со кои се бараше прекин на продажбата на...

Свет56 минути

Лавров до Аракчи: Клучно е да се спречи обновување на сите непријателства на Блискиот Исток

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера му порача на својот ирански колега Абас Аракчи дека е клучно да...

Свет58 минути

Трамп го нападна папата, папата одговори; Венс: Ватикан треба да се држи до моралните прашања

Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс вчера го повика Ватикан да „се држи до моралните прашања“ откако папата Лав XIV изјави дека...

Свет1 час

Танкер санкциониран од САД помина низ Ормускиот теснец и покрај блокадата

Танкер под санкции на САД помина низ Ормускиот теснец и покрај блокадата на клучниот бродски пат од страна на САД,...

Македонија1 час

До четврток времето ќе биде променливо облачно со услови за локални врнежи од дожд

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта во јужните и во западните делови ќе има локални...