Контакт

Вести

Азербејџанскиот претседател Алиев ја именуваше својата жена за негов заменик

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев во вторникот ја назначи својата жена за прв потпретседател на земјата, пишува Daily Mail.

 

Алиев ја постави својата 52-годишна сопруга Мехрибан на позицијата којашто беше создадена по рефередумот кој во земјата се одржа во септември минатата година.

 

Критичарите на Алиев му забележуваат поради тоа што со референдумот, исто така, го зголеми својот претседателски мандат од пет на седум години, со што ефективно го зацементира владеењето на неговата семејна династија.

 

Во 2003-та година Алиев го наследи својот татко Хајдар Алиев, којшто, пак, владееше со Азербејџан прво како лидер на комунистичката партија а потоа и како постсоветски претседател близу три декади.

 

Азербејџан, земја богата со енергенси, е силен сојузник на Западот и 55-годишниот Алиев на овој начин се обидува да го огрнаичи руското влијание во Каспискиот регион. Истовремено, неговата влада се соочува со доста критики од страна на Западот поради наводното кршење на човекови права.

 

Азербејџанскиот лидер, пак, се поставува себеси како гарант на стабилноста, слика којашто наидува на голема поддршка на земјата каде што  болните сеќавања од распадот на Советскиот сојуз во 1991-та година сé уште се свежи.

 

Уставот на Азербејџан не ги опишувао овластувањата на првиот потпретседател, но се очекува дека главната улога на неговата жена ќе биде да управува со претседателскиот кабинет./крај/мф/бс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

Обвинение за загрозување на сигурноста на судија во Гостивар: обвинетиот влегол во дворот на куќата на судијата и му се заканувал

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари за кривично дело – Загрозување на сигурноста...

Македонија2 часа

„Влен“: Оставката на пратеникот Салим Сулејмани го остава Таравари сам во скутот на Ахмети

„Постапките на Арбен Таравари не ги осудува само субјектот ВЛЕН, како негов поранешен коалициски партнер, туку и неговите најблиски луѓе....

Свет2 часа

Трамп: Меланија и јас сме тажни поради веста за дијагнозата на Бајден

Трамп продолжи да го критикува Бајден дури и по неговото повлекување од претседателската кандидатура во 2024 година, повторувајќи ги обвинувањата...

Европа2 часа

Романците го слават новиот претседател: „Русија, не заборавај, Романија не е твоја“

Центристичкиот градоначалник на Букурешт во Романија, Никусор Дан, вчера на претседателските избори го победи својот ултрадесничарски, националистички ривал, кој сакаше...

Свет3 часа

Бајден има неизлечив рак на простата: неговиот син почина од тумор на мозокот на 46-годишна возраст

На поранешниот американски претседател Џо Бајден му е дијагностицирана агресивна форма на рак на простата која се проширила на неговите...

Европа3 часа

Британска влада: Преговорите со ЕУ влегуваат во завршна фаза

Разговорите за договор меѓу Велика Британија и ЕУ продолжија во текот на ноќта, додека премиерот Кир Стармер се подготвува да...

Свет14 часа

Киев: Русија вечерва ќе тестира моќна ракета, нејзиниот дострел е повеќе од 10.000 км

Русија има намера да изврши тест лансирање на интерконтиненталната балистичка ракета RS-24 од комплексот „Јарс“ во ноќта меѓу 18 и...

Македонија15 часа

СДСМ: Владата на Мицкоски направи хаос и задолжи три генерации

Опозициската СДСМ денеска со реакција на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека неговото признание за слабостите на Владата доаѓа...

Свет16 часа

(Видео) Зеленски и Венс се сретнаа за првпат по жестоката кавга во Белата куќа

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со американскиот потпретседател Џ.Д. Венс во Ватикан за првпат по нивната расправија во Белата...

Свет18 часа

Путин: Ќе ставиме крај на војната под наши услови

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека крајната цел на специјалната воена операција во Украина е воспоставување на долгорочен и одржлив...

Македонија18 часа

Мицкоски најави чистка по конгресот: Ќе останат само оние што работат за граѓаните

По одржувањето на редовниот партиски конгрес на крајот на годинава, или најдоцна на почетокот на 2026 година, ќе следува голема...

Свет20 часа

Папата Лав XIV: Ќе работам на единството, Црквата да биде симбол на мирот во светот

На инаугуративната миса одржана денеска на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, новоизбраниот папа Лав XIV вети дека ќе се залага...

Македонија20 часа

Пратеникот Сулејмани поднесе оставка: Не сакам да бидам дел од компромис со луѓе на црни листи

Пратеникот Салим Сулејмани денеска ја информираше јавноста дека поднесува оставка од сите партиски функции во рамки на Алијансата за Албанците,...

Свет22 часа

(Видео) Осум часа агонија во Киев, Русите лансираа дури 273 дронови, има и жртви

Во продолжениот ноќен напад со руски беспилотни летала загина жена во регионот на главниот град Киев и беа повредени најмалку...

Македонија23 часа

Два земјотреси утринава ги разбудија граѓаните на Охрид и на Струга, епицентарот во Пештани

Два земјотреси со епицентар во подрачјето Пештани–Охрид–Струга беа регистрирани рано утринава од страна на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во...

Македонија1 ден

МЕПСО: Прекинот на струја е поради европски проблем со висок напон, системот е стабилизиран

Во раните утрински часови денеска, делови од земјава се соочија со краткотраен прекин во напојувањето со електрична енергија, откако дојде...

Македонија1 ден

Половина Македонија се разбуди во мрак, граѓаните бесни чекаат одговори

Голем број граѓани од различни региони на Македонија утрово пријавија неочекуван прекин на електричната енергија, кој започнал нешто по 5...

Македонија1 ден

Наутро минус, а попладне пролет

Неделата ќе започне со утрински температури од -1 до 8 степени, при што во повисоките места и на планините ќе...

Свет2 дена

Трамп пресече: Понеделник ќе биде „Денот Д“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе разговара телефонски со рускиот претседател Владимир Путин во понеделник, 19 мај. Разговорот со...

Македонија2 дена

Таравари: Не сме навикнати да бидеме декорација, така беше во Владата

Арбен Таравари, поранешниот министер за здравство, ја објасни својата оставка во интервју за албанската телевизија МЦН. Како причина за напуштањето...