Контакт

Вести

Жесток 1 мај низ цел свет: 130.000 луѓе во Москва, политичари во колоните, во Турција немири и апсења

Објавено пред

По повод празникот на трудот 1. Мај, насекаде во светот се одржале протестни собири. Луѓето маршираат со барања до владите да се посветат на прашањата за работниците, но во некои земји властите ги ограничиле протестните собири како во Турција каде што се апсени демонстранти.

dobivaj vesti na viber

Полицијата во Истанбул денеска уапсила повеќе од десетици демонстранти кои тргнале кон главниот градски плоштад Таксим, пркосејќи на забраната за движење таму.

Турција од безбедносни причини забранила пристап до овој плоштад за одбележувањето на 1. Мај, па сите патишта натаму биле блокирани а полицијата дозволила пристап само на една мала група претставници на синдикатите да положат цвеќе на тамошниот споменик.

Сепак, група од близу 25.000 луѓе извикувајќи „Без забрана за Таксим 1. Мај“, се обидела со сила да дојде до плоштадот, но ги обиколила полиција.

На маршот во центарот на Москва по повод празникот на трудот денеска се собрале близу 130.000 луѓе. Собирот го организирале претставници на московскиот Сојуз на синдикатите. За безбедноста се погрижила полицијата и Националната гарда.

Се извикувале традиционалните пароли „Мир, работа, мај“, „За мир и стабилност“, „Запослете ги младите“.

Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин го предводел маршот на синдикатите на Црвениот плоштад, ветувајќи дека ќе направи се да се подобри животниот стандард на луѓето.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

Бајден го објави последното селфи од Белата куќа

Во тек е инаугурацијата на Доналд Трамп. Церемонијата во црквата е завршена, по што Трмп се упати кон Белата куќа....

Македонија3 часа

Нормализирана испораката на топлинска енергија

Нормализирана е испораката на топлинска енергија откако утрово повеќе скопски општини останаа без парно греење поради зголемени загуби на вода...

Македонија3 часа

Мицкоски во САД разговарал со Такер Карлсон кој лани го привлече вниманието на светската јавност поради интервјуто со Путин

Премиерот, Христијан Мицкоски, на социјалните мрежи објави фотографии од повеќе средби кои ги остварил во Вашингтон, пред инаугурацијата на претседателот...

Топ5 часа

Трагедија во Делчево: се запали куќа, загина 37 годишен маж

Пожар изби во селото Чифлик, Делчево утрово, пришто едно лице го загуби животот. Според информациите од Центарот за управување со...

Македонија5 часа

Се запалил оџакот, а од него и покривот во домот за стари лица во Кавадарци, евакуирани сите станари, од кои пет биле неподвижни

Триесет лица, од кои пет неподвижни, се евакуирани од домот за стари лица, што се запали во селото Чемерско, Кавадарци....

Македонија6 часа

Граѓаните ќе може да ги отповикаат градоначалниците што ќе бидат избрани наесен, Перински вели дека законот ќе биде применлив  

Референдумското отповикување градоначалници, од кои граѓаните не се задоволни, ќе почне да се применува од локалните избори наесен. Министерот за...

Македонија9 часа

30-дневен притвор за Раде Трајковски-Штекли и за уште осум лица

Кривичниот суд Скопје го прифати барањето на Обвинителството и одреди 30-дневен притвор за Раде Трајковски – Штекли и уште осум...

Топ10 часа

19-годишник од Радовиш не застанал на знакот за запирање, па со автомобилот удрил во работна машина: во неговото возило пронајдени мигранти

Вчера околу 20.00 часот на автопатот Демир Капија – Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при...

Македонија10 часа

Изгубени странски туристи безбедно извлечени преку езерото Матка

Вчера, на крајот од денот, по стемнувањето, на 112 во ЦУК е добиена пријава од странски државјани (турски), туристи, кои...

Регион11 часа

(Видео) Пожар во дом за стари лица во Србија, осум загинати, неколку повредени

Осум лица загинаа, а неколку се повредени во пожар што утрово околу 4 часот и 30 минути избувна во дом...

Свет11 часа

Палестинците го слават враќањето на затворениците: „Во затвор беше страшно“

Околу 90 палестински затвореници се ослободени во замена за тројца израелски заложници кои Хамас му ги предаде на Израел како...

Свет11 часа

Трамп веќе работи на закажување разговор со Путин

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп им наложи на своите соработници да договорат телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин во...

Свет12 часа

Уште колку заложници останаа во Газа: израелските власти веруваат дека само 60 од нив сè уште се живи

Три израелски жени кои Хамас ги држеше како заложници во Газа се ослободени и вратени вчера во Израел, што го...

Свет12 часа

(Видео) Голем митинг на Трамп: До зајдисонце ќе биде запрена инвазијата на нашата земја

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп вчера им рече на илјадниците свои приврзаници во Вашингтон дека ќе воведе строги ограничувања за...

Македонија13 часа

Магла на неколку патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла од 30 до...

Свет23 часа

Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки

На профилот на Израел на „Икс“ објавени се емотивни фотогрфии од средбата на ослободените заложнички со нивните мајки. Тие денеска...

Спорт23 часа

Македонија ја победи Гвинеја, носи еден бод во главната фаза

Фото/ facebook.com/rfmofficial Македонија не импресионира со играта но ја опрвада фавористската улога и ја совлада Гвинеја со 29:20 (14:10). Македонија...

Македонија1 ден

Се запали бутик во зграда во Карпош, огнот се прошири кон уште еден стан и два автомобили

Пожар избувна доцн синоќа во бутик во Карпош, на улицата Разловечко востание. Бутикот кој е во сопственост на И.М.(54) од Скопје...

Македонија1 ден

Пари, дрога и оружје се одземени во акцијата во која беше уапсен Штекли, се бара притвор за 10 лица

Пари, дрога, возила, мобилни телефони и оружје биле одземени во полициската акција за сузбивањето на криминалната крупа во која уапсен...

Македонија1 ден

Мартин Гоџо го фати светиот крст во Охрид, Сиљановска му подари рачно изработена резба

Мартин Гоџо од Варош го фати крстот во водите на Охридското Езеро, по повод денешниот празник Водици. Мартин го фати...