Контакт

Вести

Обама се подготвува да ја казни Русија за хакирањето

Објавено пред

Администрацијата на Барак Обама се подготвува да ја казни Русија за хакерскиот упад во компјутерите на Демократските функционери за време на претседателската кампања и можно е наскоро да преземе акција, објави USA Today, цитирајќи американски функционери.

dobivaj vesti na viber

Во очекување на непосредна објава, Русија продолжи да ги демантира наводите за хакирање, а исто така и ги осуди извештаите за нови санкции нарекувајќи ги „провокација режирана од Белата куќа“.
Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Закхарова пред новинарите изјави: „Да бидам искрена, ние сме веќе уморни од лагата за руски хакери која ја пласираат САД.“
Американскиот претседател Обама на прес конференција на почетокот на месецов порача дека САД ќе се „одмаздат“, но нагласи дека реакцијата против Русија може но и не мора да биде јавна.

„Наша цел и понатаму е да се испрати јасна порака до Русија или до другите да не го прват тоа, затоа што може ние можеме да возвратиме”, рече претседателот.

Администрацијата на Обама и американски разузнавачки агенции ја обвинија Русија за мешање во изборите, во обид да му помогне на Доналд Трамп. крај/мф/вс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Со метален предмет го убил брата си, па го закопал во дворот од заедничката куќа: расчистено убиство во Кавадарци

Денеска (06.08.2025), ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против С.И.(43) од Кавадарци поради постоење основи на...

Македонија4 часа

Децата на подолго болничко лекување нема да губат настава, на Детската клиника се воведува формално образование

За да нема прекин на воспитно-образовниот процес на учениците што имаат посериозни здравствени предизвици и се на болничко лекување повеќе...

Македонија4 часа

Хелсиншкиот комитет го осудува националистичкото скандирање на фудбалскиот натпревар меѓу „Шкендија“ и „Карабах“

Хелсиншкиот комитет за човекови права изразува сериозна загриженост и го осудува националистичкото и политизирано скандирање за време на фудбалскиот натпревар...

Македонија7 часа

Девет години од катастрофалните поплави во Гази Баба, во кои загинаа 22 лица

Денеска се навршуваат девет години од катастрофалните поплави во Стајковци и околните села и Сингелиќ во кои загинаа 22 лица....

Македонија7 часа

Над 360 лица ќе ја искористат мерката на Владата за пожарникари

Точно 364 лица, од кои 34 во Скопје, ќе ја искористат мерката на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, на која ќе...

Свет8 часа

ОН предупреди на катастрофални последици ако Израел ги прошири своите воени операции во Газа

Висок функционер на Обединетите нации предупреди дека може да има „катастрофални последици“ ако Израел ги прошири своите воени операции во...

Свет9 часа

Хирошима: 80 години од првата атомска бомба во светот, која уби над 100.000 луѓе

Јапонскиот град Хирошима одбележува 80 години од американскиот нуклеарен напад што го уништи градот и одзеде десетици илјади животи. Хирошима...

Свет9 часа

Трамп именува наследник

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес посочи дека потпретседателот Џ. Д. Венс би можел да биде неговиот најверојатен...

Регион10 часа

Српскиот министер, кој доживеа мозочен удар во емисија, е свесен, но сè уште во критична состојба

Министерот за јавни инвестиции на Србија, Дарко Глишиќ, се разбуди по операцијата поради мозочен удар и е свесен, но има...

Топ23 часа

Извршил обљуба врз деветгодишно девојче: уапсен скопјанец

Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Л.О.(32) од скопско село. Полицијата постапила по претходна пријава дека...

Топ1 ден

Семејството го барало неколку дена, во куќа во Кавадарци пронајден починат маж покриен со земја

Полицијата пронајде починат 42-годишен маж во Кавадарци, постојат сомненија за убиство. Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши...

Македонија1 ден

Скопјанец преку веб-страница продавал билети за непостоен концерт

Полицијата поднесе кривична пријава за скопјанец кој преку веб-страница продавал билети за непостоен концерт. Денеска, Секторот за компјутерски криминал поднесе...

Македонија1 ден

Клиниката за детски болести доби нов дигитален мобилен рендген-апарат, донација од Јапонија

На Клиниката за детски болести денеска беше промовиран дигитален мобилен рендген-апарат, обезбеден со поддршка од Амбасадата на Јапонија. „Станува збор за...

Топ1 ден

Разоткриена мрежа на шверцери – купувале цигари на фришоп во Грција и ги пренесувале со цистерна со нафта

Царинска управа преку Секторот за контрола и истраги, откри и спречи криминална шема поврзана со шверц на цигари. Против пет...

Македонија1 ден

Гром го предизвикал пожарот во велешката фабрика, велат од „Мирана“

Удар од гром е причината за пожарот што синоќа избувна во дел од производствениот погон на „Биокосмос“ во Велес, информираат...

Македонија1 ден

(Видео) Еден качен на хауба, друг вози без дозвола – поднесени пријави за скопјаните што дивееја на улиците

Министерството за внатрешни работи поднесе пријави против двајца млади скопјани, откако на социјалните мрежи се појави видео од опасна и...

Македонија1 ден

Полициска интервенција во Струга: Над 500 лица и 120 луксузни возила на собир по полноќ, запленети автомобили

Доцна синоќа, нешто по полноќ, струшката полиција интервенирала на паркинг во градот по пријава за гласна бучава и вознемирување на...

Свет1 ден

Сѐ повеќе луѓе остануваат без работа поради вештачката интелигенција – најголем удар врз младите

„Мајкрософт“ годинава отпушти повеќе од 15.000 луѓе, од кои 9.000 само во јули, што е речиси 7 отсто од вкупната...

Култура1 ден

(Видео) Охридско лето со концерт на Ана Дурловски го прослави 65. роденден

Со концерт на реномираната македонска сопранистка, првенката на Националната опера и балет, Ана Дурловски која настапи со пијано придружба на...

Македонија1 ден

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со...