Вести
Тереза Меј: Како што говореше Реган, Трамп нека „се пази“ од Путин
Британската премиерка Тереза Меј е првиот странски лидер кој пристигна во официјална посета на Вашингтон, откако Доналд Трамп ја презеде функцијата претседател на САД.
Со шегата „дека спротивностите се привлекуваат“, премиерката го повикала Трамп да ги обноват „посебните односи“ меѓу Велика Британија и САД и заеднички да го водат новиот свет.
Терезе Меј, исто така, го предупредила Трамп да се пази од Владимир Путин, пишува The Independent.
„Пред нас, односно пред нашите земји, стои одговорноста да бидеме предводници. Бидејќи доколку другите напредуваат додека ние се повлекуваме, тоа е лошо за Америка, за Британија и за целиот свет“, рекла Меј во обраќањето на собирот на Републиканската партија во Филаделфија.
„Двете земји имаат долга традиција на заедничко делување и поддржување на институциите какви што се Обединетите нации и НАТО“, рекла Меј.
Слично како и Трамп и таа оценила дека некои од ти институции „треба да бидат реформирани“ за да бидат „релевантни“.
Меѓу новите предизвици со кои треба да се соочат се растот на азиските економии кои можат да го „засенат Западот“, заканите на исламскиот тероризам и јакнењето на Русија.
„Кога зборуваме за Русија, понекогаш е мудро да се посочи примерот на претседателот Роналд Реган, кој додека преговарал со Михаил Горбачов говорел „верувај, но и проверувај“. Така е и со Путин, ангажирајте се, и чувајте се“, рекла Меј.
Британската премиерка рекла дека соочувањето со нови предизвици не значи враќање на неуспешните политики од минатото, бидејќи минале времињата во кои Британија и Америка интервенирале во суверените држави во обид светот да го обликуваат според сопствените слики.
„Сепак, ние не можеме да си дозволиме и мирно да стоиме на страна од тековите“, рекла таа.
Прекинувањето на интервенциите кои ги поттикнале интервенциите во Ирак и Авганистан јасно говори дека настапила промена во светската политика. Поради тоа говорот на Меј се совпаѓа со слоганот на Трамп „Америка на прво место“, но и со британските гласачи кои чувствувајќи се загрозени од глобализацијата гласаа за Брегзит.
Според светските агенции, Тереза Меј со посетата на САД сака да покаже дека Британија може да просперира надвор од Европската унија иако нејзините критичари имаат многу замерки на нејзиното зближување со Трамп./крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.