Контакт

Вести

Тилерсон не исклучува воена акција против Северна Кореа

Објавено пред

Воена акција на САД против Северна Кореа „е една од опциите“, изјавил во петокот во Сеул, американскиот државен секретар Рекс Тилерсон, истакнувајќи дека повеќе не е актуелна политиката на „стратешко трпение“ на неговата земја кон режимот во Пјонгјанг.

dobivaj vesti na viber

Државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон во рамките на својата азиска турнеја по Јапонија допатува во Јужна Кореа. На новинарско прашање како неговата земја ќе се однесува кон провокациите на Пјонгјанг рекол дека САД не сакаат да има воен судир и дополнил: „Доколку ги зголемат заканите со нивната програма за вооружување, која од нас ќе бара конкретни дејствија и таа опција ќе биде ставена на маса“.

„Готово е со политиката на стратешко трепение“, дополнил шефот на американската дипломатија по посетата на зоната која ги дели двете Кореи. „Разгледуваме низа на дипломатски, безбедносни и економски мерки. Сите тие опции се ставени на маса“.

Во рамките на турнејата по Азија, Тилерсон, по Јужна Кореа ќе ја посети Кина. крај/мф/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет19 минути

Трамп: Орбан ми побара изземање од санкциите за руската нафта, но не го доби

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека унгарскиот премиер Виктор Орбан побарал изземање од новите американски санкции насочени кон рускиот нафтен...

Македонија15 часа

67-годишен маж ја тепал сопругата, ја гушел и се обидувал со каиш да и ги врзе нозете: Семејно насилство во Петровец

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за нанесување тешка телесна повреда од член 131...

Македонија20 часа

Скопјанец ја малтретирал поранешната девојка – ја влечел пред болница и ѝ се заканувал дека ќе го убие брат ѝ

Скопското Обвинителство поведе постапка против 33-годишен скопјанец осомничен за продолжено загрозување на сигурноста на својата поранешна девојка. Според обвинителството, мажот...

Македонија20 часа

Условна казна за едниот од напаѓачите на градоначалничката Арсовска

Реџеп Нуредини доби условна казна од две години затвор, која нема да се изврши доколку во наредните пет години не...

Македонија22 часа

Луксузен хотел во центарот на Скопје крадел струја: Електродистрибуцијата пронајде нелегални кабли

Откриена голема кражба на електрична енергија во центарот на Скопје. Хотел со четири ѕвезди на улицата Луј Пастер бил нелегално...

Македонија23 часа

Закани за убиство кон градоначалникот на Неготино и обид да се изнудат пари: обвинение против едно лице

Основното јавно обвинителство Кавадарци обезбеди докази и поднесе обвинение против едно лице осомничено за кривични дела – Изнуда од член...

Македонија24 часа

Тетовец се заканил со убиство на жена и функционери од политичка партија: Обвинителството поведе постапка

Основното јавно обвинителство Тетово, постапувајќи по кривична пријава од СВР Тетово, поведе постапка против 49-годишен тетовец за кого постои основано...

Топ1 ден

Уапсен возачот што удри 11-годишно девојче на улицата Перо Наков и избега

Вчера околу 19:30 часот, по преземени оперативни мерки, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија...

Македонија1 ден

Завршува кампањата за вториот круг од локалните избори, на полноќ почнува изборниот молк

На полноќ завршува кампањата за вториот круг од локалните избори што ќе се одржат во недела, 2 ноември. Со тоа...

Македонија1 ден

Речиси 130 килограми марихуана откриени на Табановце, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против српски државјанин осомничен за кривично дело – Неовластено производство...

Свет1 ден

Бројот на жртви од ураганот Мелиса расте: пристигнаа првите хуманитарни летови

Ураганот Мелиса повеќе не е закана за карипските земји, но разорната бура одзеде најмалку 50 животи и предизвика штета од...

Свет1 ден

Кина му се закани на Тајван; Лаи одговори, па го претстави првиот тенковски баталјон „Абрамс“

Тајван не ја сака кинеската – една земја, два система – и мора да ги задржи својата слобода и демократијата...

Свет1 ден

(Видео) Силно невреме го погоди Њујорк, двајца мртви

Обилни дождови го погодија Њујорк, при што загинаа две лица, изјави градоначалникот Ерик Адамс, додека бурите ги попречија летовите, а...

Европа1 ден

(Видео) Голем напад врз Русија: украинските дронови ја таргетираат енергетската инфраструктура

Во текот на ноќта напади со беспилотни летала беа регистрирани врз енергетската инфраструктура во неколку руски региони, вклучувајќи ги регионот...

Македонија2 дена

На Скопје не му требаат експерименти и луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа, порача Ѓорѓиевски од митингот во Скопје

Стоиме заедно во пресрет на конечната одлука, ова е одлука за судбината на нашиот град. Одлука за тоа во каков...

Македонија2 дена

Мицкоски најави 70 проекти: Нашата цел не е само политичка победа, почнуваме со нови училишта, болници, мерки за чист воздух, инвестиции

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се обрати на народниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија’’ од пред платото на...

Македонија2 дена

Ѓорѓиевски: Веќе имаше дебата со Мециновиќ, вечерва одбрав да бидам со мојот народ

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, се огласи откако партијата Левица го прозва дека одбил учество...

Македонија2 дена

Села до Меџити: Не сум дел од власта туку сум спроти неа, не рамо до рамо туку лице в лице

Лидерот на едното крило на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, преку објава на „Фејсбук“  одговори на излегувањето на Изет Меџити,...

Македонија2 дена

(Видео) Митева: Стевчо Јакимовски и неговите пајташи од градежната мафија сакаат бетонизација на Влае, присвоиле и улица за висококатница

Стевчо Јакимовски и неговата градежна дружина сакаат бетонизација на Влае, присвоиле и улица за висококатница. Да ја потсетиме јавноста што...

Македонија2 дена

Александар Јовановски нов директор на „Комунална хигиена“ – Скопје

Александар Јовановски е нов директор на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје. Тој доаѓа од Град Скопје како инспектор во Секторот за...