Вести
Трамп најави укинување на санкциите против Русија и откажување од политика на „една Кина“
Избраниот американски претседател Доналд Трамп најави во петокот во интервју за The Wall Street Journal дека е спремен да ги укине санкциите против Русија доколку Москва е подготвена на соработка во важните прашања за САД, и порача дека нема да го почитува принципот на „една Кина“, доколку Пекинг не се согласи на отстапки во курсната и трговската политика.
Трамп во едночасовното интервју порача дека санкциите против Русија ќе ги задржи „барем уште некое време“, но и додаде дека „Доколку Русија навистина ќе ни помага, зошто би ги задржале санкциите, доколку тие направат навистина некои големи работи“.
Притоа сугерира дека е подготвен да ги укине санкциите, кои ги наметна администрацијата на неговиот претходник Барак Обама кон крајот на декември како одговор на наводното руско хакирање во текот на американските претседателски избори, доколку Москва се покаже како корисен сојузник во борбата против терористите и постигнувањето на други цели кои се важни за Вашингтон.
Трамп во разговорот за The Wall Street Journal вели дека е подготвен да се сретне со рускиот претседател Владимир Пуитн во периодот откако ќе ја положи заклетвата на 20-ти јануари. „Разбирам дека Русите сакат состанок и тоа за мене е апсолутно во ред“, вели.
На прашањето дали ја поддржува политиката на „една Кина“, поради која Вашингтон во 1979 година ги прекина дипломатски врски со Тајван, Трамп одговара: „За сето тоа ќе преговараме, вклучително и за ‘Една Кина’“. Со што ги продолжува своите изјави и потезите со кои го разгневи Пекинг, како и коа по победата на изборите телефонски разговараше со тајванската претседателка Тцаи Инг-вен.
Трамп досега ги обвинуваше кинеските власти за девизните политики кои им наштетуваат на интересите на САД и најави преземање противмерки, а во разговорот за The Wall Street Journal повторно изразува незадоволство од политиката на слабеењето на јуанот, но и порачува дека прво со Кинезите ќе разговара за тој проблем.
„Наместо да признаат дека ја девалвираат својата валута, тие велат: Нашиот курс паѓа. Тој не паѓа, туку тие намерно го слабеат… Нашите компании не можат да бидат конкурентни со нивните, бидејќи доларот е пресилен и тоа нé убива“, тврди Трамп./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.