Контакт

Вести

Шведскиот пасош е најмоќен во светот

Објавено пред

Најновиот извештај на конуслтанската компанија „Nomad Capitalist“, шведскиот пасош е најмоќен во светот. Пасошите се рангирани според безвизниот режим, меѓународните даноци и граѓанските слободи.

dobivaj vesti na viber

Имате бесплатно здравствено осигурување и школување на факултет, потоа платен годишен одмор и најдолг животен век во Европа. Тогаш како што пишува во извештајот на „Nomad Capitalist“ вие имате среќа да поседувате шведско државјанство и да го имате најмоќниот пасош во светот.

Според истражувањето оној кој поседува шведски пасош може без виза да посети 176 земји во светот и има можност да работи во странство без притоа да плаќа данок дома. Исто така оваа земја ги доби највисоките оценки во врска со личните слободи, слободата на медиумите…

Од 199 земји колку што се анализирани во истражувањето на „Nomad Capitalist“, Шведска е на првото место, а меѓу првите десет се Белгија, Италија, Шпанија, Ирска, Финска, Германија, Данска, Швајцарија, Луксембург.

Интересно Велика Британија е на 16-то место, а САД не се ниту меѓу првите 30 (35 место).

Според ова истражување Македонија е на 76-то место заедно со Црна Гора, а од земјите од регионот најдобро котира Словенија (35-то место исто како и САД), Хрватска (49), Србија (73), Босна и Херцеговина (85), Косово (184). крај/мф/нц

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ23 минути

(Фото) Кривична против 29-годишен скопјанец: нелегално поседувал автоматска пушка и друго оружје и муниција, а ја истепал и сопругата

СВР Скопје – Единицата за насилен криминал поднесе кривична пријава по брза постапка против А.Р.(29) од Скопје поради постоење основи...

Македонија1 час

Пониква станува рехабилитациски центар за повредените од пожарот во Кочани

Повредените од пожарот во Кочани ќе бидат испратени на рехабилитација во Пониква. На денешната седница на Владата и официјално се...

Топ4 часа

(Видео) Кузеска: Власта ги покачи платите на функционерите за 200 евра

Срамно и дрско – народoт едвај преживува, а власта ги покачува само платите на функционерите, обвини Богданка Кузеска, портпаролка на...

Свет4 часа

(Видео) Објавени снимки од училиштето во Грац: се слушаат истрели, седум ученици убиени

Најмалку девет жртви во пукањето во училиштето во австрискиот град Грац. Потврдени се девет смртни случаи – вклучувајќи го и сторителот....

Македонија4 часа

Студентите ќе добијат по 250 евра за набавка на електронски уреди од септември, најави Мицкоски

Премиерот, Христијан Мицкоски денес изјави дека Владата планира ученички стипендии за наредната година, а во однос на новинарското прашање за...

Македонија4 часа

Тошковски најави поголема набавка на униформи за полицијата од онаа за специјалците: Спорната набавка е законска, но немаше доволно критериуми во тендерот

На нов тендер Министерството за внатрешни работи ќе бара униформи за 6.000 полицајци, најави денес министерот за внатрешни работи Панче...

Македонија6 часа

Стојанче Ангелов ќе зема повисока плата: Владата одобрила покачување

По измената на коефициентот за пресметка на плата, одлука објавена во Службен весник, се зголемува и платата на директорот на...

Македонија7 часа

Во „Пониква“ не можеш ниту на одмор да одиш, а не пак да третираш сериозни медицински состојби: Филипче од Кочани со критики до власта

Претседателот на СДСМ Венко Филипче од Кочани, со критики до актуелната власт за како што рече, неспособноста да се справи...

Македонија7 часа

Изготвил лажни одобренија за градење, трошел повеќе од дозволеното за репрезентација и ненаменски трошел пари предвидени за гориво, кривична за градоначалникот на Росоман

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против С.Н во својство на Градоначалник на Општина...

Македонија7 часа

Оваа учебна година направивме многу, обезбедивме учебници, ги зголемивме платите на наставниците и тие ќе продoлжат да растат: Јаневска за крајот на учебната година

На основците и средношколците што денес ја завршуваат учебната година им честитам на напорната работа и заслужениот успех. Пред вас...

Македонија7 часа

Власта системски го отстранува албанскиот јазик од јавната сфера, велат од ДУИ

Уставниот суд е во завршна фаза на подготовки за укинување на Законот за употреба на јазиците, истакнуваат од ДУИ. Од...

Македонија7 часа

Ниту повредените, ниту семејствата на починатите не се сами, Кочани е наш приоритет, велат од Владата

Трагедијата во Кочани во која животот во загубија 62 млади лица е од невидени размери, велат од Владата и додаваат...

Македонија8 часа

Цените повторно растат, а Владата реши да ги покачи платите само на функционерите, велат од СДСМ

Македонија повторно се соочува со огромен раст на цените и инфлацијата, а Владата реши да ги покачи платите на функционерите....

Свет8 часа

Орбан: Дипломатите мора да ја преземат контролата од генералите, оваа војна не може да се добие

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека на Украина ѝ е потребно примирје, преговори и мир, како и дека „дипломатите треба...

Свет8 часа

(Видео) „Останете во засолништата“ погодена породилна болница во Одеса, Киев со часови под силен руски напад

Русија изврши силен напад со беспилотни летала врз украинскиот главен град, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. Во Одеса, погодена...

Свет9 часа

Трамп: Непочитувањето нема да се толерира, ќе удриме посилно од кога било

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека учесниците на протестот во Лос Анџелес „имаат тенденција да плукаат во лице“ на членовите...

Свет22 часа

Руте: Русија би можела да не нападне во рок од пет години

Русија би можела да започне напад врз НАТО во рок од пет години, предупреди шефот на воената алијанса, Марк Руте,...

Македонија23 часа

(Видео) Тренчевска: Хаосот во здравството не може да го среди министер информатичар

Владата, наместо да гради систем што треба да се грижи за здравјето на граѓаните, создава систем што го става во...

Македонија24 часа

Aлиу нов министер за здравство

Попладнево пратениците во Собранието го избраа Азир Алиу за нов министер за здравство. Алиу кој доаѓа од редовите на коалицијата...

Македонија24 часа

Даночна измама, перење пари, злосторничко здружување: кривични за 23 физички и 15 правни лица од Струмица, го оштетиле државниот буџет за над 94 милиони евра

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал криминал, во соработка со Оддел за криминалистичка полиција, Управата за финансиска полиција...