Контакт

Вести

Случајот „Ореше“ по вторпат во Основниот суд Велес

Објавено пред

Обвинетите тврдат дека се невини, дека некој од полицијата им подместува, тврди Ордан Ѓоргиевски

dobivaj vesti na viber

од Дијана Иванова, Велес

Вчера во Основниот суд Велес започна повторното судење на браќата Ордан и Љупчо Ѓеоргиевски за убиството на 74 годишниот Лазо Милошевски од велешкото село Ореше, за кое добија по 12 години затвор, откако скопска Апелација ја укина пресудата и побара судењето да се води од почеток.Главниот претрес почна со испитување на обвинетите браќа и Александар Милошевски, син на убиениот Лазо. Обвинетиот Љупчо изјави дека нема што друго да додаде од она што го кажал пред истражниот судија и на главниот претрес на првото судење. Неговиот брат Ордан откако рече дека се согласува со сето она што досега го кажал додаде:„Не ми е јасно што е она што се води против нас. Осумнаесет сведоци велат дека не сме виновни а овој случај никако да заврши. Ова за мене е монтиран процес од страна на МВР. Не ми е јасно како може платен убиец за што сум јас обвинет, да биде вработен во МВР. И како може човек со големо криминално досие да биде заштитен сведок. Синот на убиениот, на нашиот татко, веднаш по закопот му рекол дека знае кој е убиецот и дека тој бил присутен на погребот“.  Тој побара на следното рочиште да биде повикан инспекторот од СВР Велес што го водел овој случај за лично да се соочат како за случајот така и задруги криминални работи. Синот на убиениот рече дека не знае кој е убиецот на неговиот татко. Побара од судот на следното рочиште да донесе материјални докази за штетата што ја имал од првообвинетиот Ѓоре Петровски уште од 1994 година и дека нема никаков доказ за врската меѓу обвинетите Ордан И Љупчо со Петровски кој се наоѓа во САД. И обвинителот и одбраната се согласија да се изврши психолошко-психијатриско вештачење на обвинетите и на заштитниот сведок Бреза, по барање на Апелациониот суд од Скопје. Судот од Министерството за правда побара да биде информиран до каде е постапката за екстрадиција на Ѓоре Петровски од САД. Бранителите побараа притворот на обвинетите да биде заменет со домашен притвор. Судијата Илија Танев побара овој предлог писмено да биде доставен, по што судот ќе се произнесе.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија59 минути

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е на страната на Мадуро, тие и по 48 часа се без став за апсењето на венецуелскиот диктатор

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека опозициската СДСМ и по 48 часа нема изнесено став за апсењето на венецуелскиот лидер Николас...

Култура1 час

Македонска премиера на „Приказната за Силјан“ – филм создаден за домашната публика што допре до светот

Документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, синоќа ја имаше својата македонска премиера во Македонскиот народен театар...

Култура1 час

Државниот врв на премиерата на „Приказната за Силјан“ во МНТ: „Добивме вредно филмско остварување“

Документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, синоќа ја имаше својата македонска премиера во Македонскиот народен театар...

Свет3 часа

Би-Би-Си: Апсењето на Мадуро е опасен преседан за целиот свет

Апсењето на венецуелскиот лидер Николас Мадуро, по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп, претставува сериозен преседан во меѓународните односи и...

Свет3 часа

Кина е бесна поради акцијата на САД, Трамп: Имам добар однос со Кси

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека не верува оти операцијата на САД во Венецуела ќе им наштети на односите...

Македонија3 часа

Облачно со дожд и засилен јужен ветер, заладување кон крајот на неделата

Времето денес ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а наместа засилен ветер од јужен...

Македонија16 часа

Жената која го усмрти човекот во Волково воопшто не обрнала внимание на пешаците, велат од ОЈО

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за – Тешки дела против безбедноста на луѓето...

Македонија19 часа

Орце, неговата сопруга и сопругата на премиерот готвеа за бездомните лица во Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со сопругата Мартина и сопругата на премиерот, Рози Мицкоска, во пресрет на најубавиот...

Топ21 час

Жена со мерцедес усмрти 60-годишен пешак во Скопје

60-годишен пешак загина откако беше прегазен од автомобил  мерцедес управуван од 40-годишна жена од Скопје. Несреќата се случила на улицата...

Свет22 часа

Девојче на 14-годишна возраст е најмалата жртва во пожарот кој избувна за време на новогодишната ноќ во Швајцарија

Швајцарските експерти досега идентификуваа 24 од 40-те лица кои загинаа во пожарот во барот за време на Нова година во...

Свет24 часа

Идентификувани 11 жртви од пожарот во Кран Монтана, меѓу нив е и детето од Македонија по кое се трагаше

Првите единаесет жртви од катастрофалниот пожар во швајцарскиот ски-центар Кран Монтана, во кој загинаа вкупно 40 лица, се идентификувани, соопшти...

Свет1 ден

(Видео) Мадуро префрлен во притворскиот центар во Њујорк

Заробениот венецуелски претседател Николас Мадуро, откако со авион беше пренесен во Њујорк, светските медиуми објавуваат дека тој веќе е задржан...

Македонија2 дена

Жив и здрав е најден планинарот по кој се трагаше на Пелистер

Планинар од Прилеп кој претпладнево беше пријавен за изгубен на подрачјето на Националниот парк „Пелистер“ е пронајден, жив и здрав,...

Свет2 дена

Отворена е истрага против сопствениците на барот во Швајцарија

Отворена е кривична истрага против двајцата сопственици на барот што изгоре во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана, при што загинаа 40 лица,...

Македонија2 дена

Планинар се изгуби на Пелистер, во тек е акција за негово пронаоѓање

Планинар е изгубен на подрачјето на Националниот парк Пелистер во близина на локацијата позната како „Антена“. Акцијата за негово пронаоѓање...

Свет2 дена

Срби, Италијанци, Швајцарци… загинаа во пожарот во Кран Монтана

Швајцарската полиција го објави идентитетот на првите жртви на катастрофалниот пожар што се случи на новогодишната прослава во бар во...

Свет2 дена

(Видео) Страшни сведоштва на луѓе кои спасувале повредени во пожарот во Кран Монтана

Француски туристи кои случајно се нашле во близина на пожарот во швајцарскиот Кран-Монтана раскажуваат за драматичните сцени и помошта што...

Македонија2 дена

УЈП во 2025 собрале над четири милијарди евра од даноци

Управата за јавни приходи денеска информира дека во 2025 година во националниот буџет се собрани 4 милијарди и 426 милиони...

Свет2 дена

Од новогодишната забава до масовна трагедија во Швајцарија

Истражителите во Швајцарија се обидуваат да утврдат како и зошто пожарот што избувна за време на новогодишната ноќ во барот...

Свет2 дена

Најмалку седум силни експлозии и звуци на авиони рано утрово во главниот град на Венецуела, Каракас

Најмалку седум силни експлозии и звуци на авиони со ниски прелети биле слушнати рано утрово во главниот град на Венецуела,...