Контакт

Вести

Русија тестирала таен ракетен проектил

Објавено пред

Русија во средата успешно тестирала нов интерконтинентален балистички проектил од космодромот Плесетск, во севорзападна Русија, јавуваат тамошните агенции.

dobivaj vesti na viber

Новото оружје коешто нема име и е изработено во строга тајност, е насочено да може да го пробие новиот европски ракетен безбедносен систем на НАТО, пишува агенцијата Интерфакс која се повикува на руски воени извори.

„Новиот интерконтинентален балистички проектил е наменет за јакнење на руските стратешки ракетни сили“, изјавил портпаролот на руското министерство за одбрана, Вадим Ковал.

Тестирањето на тајниот руски интерконтинентален балистички проектил (ICBM), следува откако НАТО го активираше својот ракетен штит во Европа. Наводно, според западните медиуми, станува збор за второ тестирање на овој проектил, откако во септември минатата година првото било неуспешно.

Анонимни руски воени извори рекле дека новиот проектил „користи нов вид гориво коешто го скусува времето на согорување во активната фаза на ракетната траекторија“. Се верува дека поради тоа овој проектил ќе биде потешко да се открие, како и дека ќе биде полесно да се управува со него. /крај/хи/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија44 минути

Спорната пратка за Хрватска содржи свеж кељ а не зелка, и во истата нема пестициди, велат од Државниот инспекторат за земјоделство

Државниот инспекторат за земјоделство излезе со соопштение по добивањето на известувањето од системот за брзо известување на ЕУ (RASAFF –...

Македонија2 часа

Мицкоски: Македонското прашање нема никогаш да биде затворено додека главните цели не се реализираат, а тоа е полноправно членство во ЕУ

„Не знам каде се препознале. Дали можеби имаат гризење на совеста, па работи потсвеста, Фројд е чудна работа. Но, јас...

Македонија5 часа

МВР за уапсените за тероризам: Планирале напади врз јавни објекти во Македонија

Четворица терористи, со идеологија на ИСИС, беа уапсени во Македонија, а од МВР информираа дека планирале напади. За првопријавениот постојат...

Македонија5 часа

Уште четворица уапсени во Македонија поради тероризам: регрутирале нови членови на ИСИС и ширеле терористичка пропаганда

Уште четири лица се приведени во Македонија како дел од акцијата што почна во декември, а се однесуваше на тероризам....

Македонија6 часа

Кривична пријава поради измама со ортопедски помагала, Фондот оштетен за 8,7 милиони денари

Управата за финансиска полиција до Обвинителството поднесе кривична пријава против И. Т. во својство на управител на правниот субјект БАУЕРФЕИНД...

Македонија6 часа

СДСМ: Не е нормално Владата да купува авион, а за лекови на Онкологија да чека донации

Владата ќе купива авион од стотина милиони евра а решението за лекови на Онклогија го бара преку донации. Ова што...

Регион7 часа

Генерален штрајк во Србија, протест закажаа и адвокатите

Генералниот штрајк или „општа граѓанска непослушност“ на кој беа поканети граѓаните на Србија од студентите во блокадата, започнува денеска, објавуваат...

Македонија7 часа

Обвинителството да отвори истрага за сите злоупотреби со онколошката терапија, повика ВМРО-ДПМНЕ

Мафијата на смртта која печали милиони на здравјето на граѓаните здравствениот систем го донесе пред колапс. Една иста мафија на...

Култура7 часа

„Емилија Перез“ и „Анора“ – филмовите номинирани за „Оскар“ месецов на репертоарот на Кинотеката, на програмата повеќе култни остварувања

Кинотеката на Македонија во февруари 2025 година подготви исклучителна филмска програма која ги спојува класиците на златната ера на Холивуд,...

Свет7 часа

(Видео) Вонредна состојба во Ирска и Шкотска: откажани летови и затворени училишта поради невремето Еовин

Поради невремето Еовин, училиштата и универзитетите денеска се затворени во Ирска и Шкотска, а откажани се и голем број летови...

Свет9 часа

Трамп: Зеленски е подготвен да преговара со Русија за ставање крај на војната

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски е подготвен да преговара за договор со Русија за...

Свет9 часа

Документите за атентатот на Кенеди веќе нема да се чуваат во тајност

Американскиот претседател Доналд Трамп нареди декласификација на документите поврзани со трите најзначајни атентати во историјата на САД – атентатите на...

Свет9 часа

(Видео) Одбивме непријателски дронови упатени кон Москва, соопшти градоначалникот

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин рано утринава изјави дека единиците за противвоздушна одбрана пресретнале три одделни напади на украински беспилотни...

Свет21 час

Tрамп до светските компании: Произведувајте во САД или ќе се соочите со царини

Доналд Трамп порача до компаниите во светот дека ако не произведуваат во САД, ќе се соочат со царини во вредност...

Спорт23 часа

Македонија силна против Катар

Ракометната репрезентација на Македонија ја забележа втората победа, прва во главната фаза, на 29.Светско првенство. Попладнево во Вараждин, Македонија го...

Топ24 часа

Почина тримесечно бебе во Скопје

Вчера во 09.10 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош Скопје било пријавено дека во семејна куќа на подрачјето...

Македонија1 ден

Рокас од Куманово ја поздрави размената на честитки за новата влада во Бугарија и нагласи дека е фокусиран на реформите што се бараат од нас

Честитките што македонските политичари ги испратија за изборот на новата влада во Бугарија, евроамбасадорот во земјата, Михалис Рокас, смета дека...

Македонија1 ден

Вељаноски, Јанакиески, Ристовски и Атанасовски ослободени од гонење за „Oрганизатори на 27 април“

Трајко Вељановски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Владимир Атанасовски се ослободуваат од кривично гонење во предметот „Организатори на 27 април“....

Топ1 ден

Верижен судир на скопската обиколница кај Смилковското Езеро, се судриле автобус, товарно возило и автомобили

Вчера околу 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот – обиколница на град Скопје, во близина на...

Македонија1 ден

„Прашањето е решено, конечно и неповратно“: грчкото МНР ја оценува како провокација изјавата на Мицкоски

Атина излезе со официјален одговор на неодамнешните изјави на премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, кој посочи дека Скопје не...