Вести
Палестинските милитанти истрелаа над 10 ракети кон јужен Израел
Палестинските милитанти во вторникот истрелале 11 ракети врз јужниот дел на Израел, што претставува еден од најмасовните напади последните неколку месеци, меѓутоа без жртви и материјални штети, изјавил за РИА Новости претставник на израелската армија.
Милитантите од движењето Хамас коешто ја контролира палестинската енклава во појасот Газа, го потврдија ракетниот напад врз израелската територија, прекршувајќи ја со тоа повеќемесечната политика на „затишје на огнот“, како одговор за смртта на најмалку осум Палестинци од почетокот од седмицата.
„Од почетокот на денот, според нашите податоци, од појасот Газа се истрелани 11 ракети Тие паднале главно во близина на границата во ненаселените области, па оттаму нема повредени и материјални штети“, изјавил портпаролот на израелската армија.
Военото крило на движењето Хамас, најмоќната групација во Газа „Бригадите на Изедин ал-Касам“ до странските агенции испратило смс порака којашто исто така е објавена и на интернет страницата на организацијата во која се потврдува информацијата за ракетирањето чии цели биле израелска воена база и кубуц (еврејска земјоделска заедница – з.р.).
„Нашите муџахедини ја гаѓаа израелската воена база ‘Еиким’, којашто се наоѓа на север од појасот Газа, истрелувајќи четири ракети со калибар од 107 милиметри“, се наведува во една од пораките на милитантите.
„Бригадите на Изедин ал-Касам истрелаа десет проектили од типот ‘Град’ врз ционистичката населба Рееим… Непријателот скапо ќе плати за своите постапки“, се вели во друга порака на Хамас.
Претставници на движењето Хамас и споменатото негово воено крило не биле достапни за коментар.
Во вторникот, израелски воздушни сили нападнаа две милитантни групи во појасот Газа. Во еден од нападите беа убиени двајца Палестинци, а во вториот најмалку едно лице е рането. Во понеделникот, пак, четири милитанти загинаа во воздушните напади на израелската авијација. Истиот ден подоцна уште двајца борци на движењето беа убиени во престрелките на границата меѓу Израел и Египет. Пред тоа, според израелската армија, тие убиле еден и раниле двајца Израелци, градежни работници кои работеле на подигање на пограничната ограда./крај/рн/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.