Вести
САД протераа двајца венецуелски дипломати

САД изминатиот викенд протерал двајца дипломати на венецуелската амбасада и конзулат, како одговор на што на 5-ти марти Венецуела ги протера двајцата воени аташеа од американската амбасада во Каракас, објави во понеделникот Стејт департментот.
Како што потврди за медиумите по информацијата од неименуван извод од американското министерство за надворешни работи, портпаролката на Стејт департментот, Викторија Муланд, протерани се вториот секретар на венецуелската амбасада во Вашингто, Орландо хозе Монтанез Оливарес и службеникот на конзулатот во Њујорк, Виткор Камакаро, кои во саботата биле прогласени за персони нон-грата, односно непожелни во САД. Двајцата дипломати во неделата ја напуштиле земјата.
„Како одговор на потегот на венецуелската влада против нашите двајца дипломатски претставници, ние на 9-ти март ја информиравме владата на Венецуела дека согласно членот 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи и членот 33 од Виенската конвенција за конзуларни врски, дека двајца нивни втори секретари ги проглсивме непожелни”, рекла Нуланд, пренесува AFP.
Протерувањето на двајцата американски дипломати, воени аташеа во амбасадата на САД во Венецуела се случи неколку часа по смртта на претседателот Уго Чавез.
Двајцата американски дипломати беа протерани до Венецуела на 5-ти март, по обвинувањата дека подготвувале заговор против владата на Венецуела. Причина за овие одлуки биле, како што тогаш рече сегашниот привремен венецуелски претседател Николас Мадуро, обидите на споменатите да ја дестабилизираат ситуацијата во Венецуела. Појасни дека се обиделе од венецуелските офицери да добијат информации во врска со ситуацијата во вооружените сили, а исто така им предложиле варијанта за нивно можно учество во дестабилизацијата на состојбата во земјата.
Вашингтон притоа издаде соопштение во кое беше наведено дека е разочаран со таквите обвинувања а истовремено ги оцени и како апсурдни обвинувањата дека САД се одговорни за болеста на Чавез, како што малку претходно изјави Мадуро. Заменик-претседателот за болеста на Чавез ги обвини „надворешните непријатели на Венецуела”, велејќи дека „постоеле соодветните траги” за тоа, но не посочи директно никого./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.