Вести
Британија сé уште не одлучила за вооружување на сириската опозиција

Велика Британија сé уште не донела одлука дали ќе ја вооружува сирсиката опозиција, изјави во саботата британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг непосредно пред почетокот на состанокот на групата Пријатели на Сирија во катарската престолнина Доха.
„Нашиот став по прашањето дали треба на сириската опозиција да и’ се достави оружје а не само несмртоносна воена опрема и натаму е ист – сé уште не сме донеле одлука за вооружувањето“, изјави шефот на британската дипломатија Вилијам Хејг за новинарите во Доха. Додал дека пред одлуката за тоа треба да расправа британскиот парламент.
Хејг појаснил дека британскиот пристап на сирискиот конфликт вклучува „најголема хуманитарна помош“ и можност за поттикнување политичко решение. „Мораме да го поттикнуваме политичкото решение. .. Сакаме да видиме успешна меѓународна конференција“, нагласи британскиот министер, пренесува AFP.
Кон крајот на мај, при неговата посетата на Москва американскиот државен секретар Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се согласија да преземат активности за организирање мировна конференција неофицијално наречена Женева 2, според минатогодишната од 30-ти јуни 2012 година која се одржа во швајцарскиот град, тогаш по иницијатива на специјалниот пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации и на Арапската лига, Кофи Анан, чии заклучоци не заживеаја поради различните толкувања, во прв ред од страна на западните земји и од страна на Москва.
Според новата руско-американска иницијатива на конференцијата би требало да учествуваат претставници на владата на Сирија на претседателот Башар ал-Асад, претставници на сириската сунитска вооружена опозиција, како и претставници на меѓународната заедница, во чии рамки желба за учество на преговорите во Женева изразија и Иран како единствен регионален партнер на претседателот ал-Асад како и Бразил како дел од земјите од групата БРИКС.
На состанокот во Доха во саботата учествуваат делегации на 11 земји, меѓу кои и министрите за надворешни работи Лорен Фабиус, на Германија Гвидо Вестеравеле, Италија Ема Бонино и американскиот државен секретар Џон Кери./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.