Вести
НАТО наесен ќе го донесе планот за Авганистан по 2014-та

НАТО се надева дека до крајот на годината ќе го изработи деталниот оперативен план за својата намалена мисија во Авганистан по 2014 година, вклучувајќи го и бројот на неопходните војници, изјави во вторникот новиот командант на силите на Северноатлантската алијанса.
Во НАТО планираат да задржат ограничена мисија којашто би се состоела во обука и советување на авганистанските безбедносни сили по 2014 година кога повеќето странски војници ќе бидат повлечени од земјата откако домашните сили ќе ја преземат одговорноста за безбедноста и борбата против побунетите талибани.
САД и другите земји членки на Алијансата досега не сакаа во детали да објавуваат за бројот војници потребни за спроведување на следната мисија во Авганистан.
Американски функционери во февруари годинава објавија дека НАТО разгледува план според кој во Авганистан би останале меѓу осум и 12 илјади војници. Во Белата куќа, според истите извори, се разговара за задржување меѓи три и девет илјади американски војници во рамките на вкупните сили на НАТО, а претседателот Барак Обама е изложен на голем притисок јавно да ја објави точната бројка.
Генералот на американското воено воздухопловство Филип Бридалв, кој во мај 2013 година стана командант на силите на НАТО за Европа, изјави дека деталниот оперативен лан за мисијата или ткн „планот О“ е во понапредна фаза на подготовка.
„Планот ‘О’ доста напредуваше со исклучок на неколку клучни делови коишто се однесуваат на бројките и видовите на силите“, изјави Бридлав за медиумите во оперативниот штаб на НАТО во Монс во Белгија.
„Се` уште ги чекаме податоците од поедини држави членки за целосно да го довршиме планот, меѓутоа се надеваме дека планот О ќе може да биде донесен есенва“, додал генералот Бридлав./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.