Вести
Саудиски принц и' предлагал зделка на Русија во врска со Сирија

Саудиска Арабија, наводно, и’ понудила на Русија да купи нејзино оружје и ветила дека нема да и’ конкурира на Москва во снабдувањето со природен гас за Европа, во замена за прекинување на руската поддршка за сирискиот претседател Башар ал-Асад, објави во средата Reuters, повикувајќи се на неименувани извори од Блискиот исток и западни дипломати.
Според агенцијата, предлогот бил даден од страна на принцот Бандар бин Султан, секретар на Советот за безбедност и шеф на разузнавањето на Саудиска Арабија за време на неговата посета на Москва кон крајот на јули годинава.
Извор од една од земјите на Персискиот залив, изјавил за агенцијата дека принцот не ја споменал сумата којашто Саудиска Арабија е подготвена да ја потроши за купување руско оружје. Претставници на сириската опозиција, пак, соопштиле дека саудискиот принц зборувал за износ од 15 милијарди американски долари. За возврат, Саудиска Арабија побарала од Москва да престане да го поддржува Асад и да не го блокира Советот за безбедност при Обединетите нации во резолуциите со коишто ќе се осуди режимот на Башар ал-Асад и ќе се наведат мерки што треба да се преземат во таа насока, се вели во натаму.
Во Сирија од март 2011 година продолжува вооружениот конфликт во кој загинаа, според ОН, повеќе од 100 илјади луѓе а милиони се раселени. Сириските владини трупи водат војна со милиции кои им припаѓаат на различни вооружени групи, во кои има и странски платеници. Официјален Дамаск од почетокот ја посочува Саудиска Арабија како една од земјите коишто финансиски и со купување оружје ја поддржуваат тамошната вооружена опозиција, но и исламистичките сунитски групи, па и џихадистите кои се борат исто така за соборување на власта на алавитот (шиитот) Асад.
Според Reuters, Саудиска Арабија и други сунитски арапски земји и натаму ќе ги поддржуваат бунтовниците кои, исто така, повеќето се сунити. Асад, пак, ја има поддршката од либанското шиитско движење Хезболах, чие раководство го потврди учеството на неговите борци во сирискиот конфликт. Арапските медиуми, исто така, пишуваат и за учество во борбите на страната на сириската армија на ирански единици, меѓутоа иранските власти решително го негираат тоа./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.