Контакт

Вести

Германија и' продала Сирија хемикалии со воен потенцијал, СССР никогаш не доставил ракети со сарин

Објавено пред

Германија во периодот од 2002 до 2006 година извела во Сирија 111 тони различни хемикалии кои можеле да се искористат за производство на бојниот отров сарин, покажуваат документите на германското разузнавање објавени во средата, додека СССР деценискиот сојузник на династијата Асад никогаш не доставила боеви глави со сарин, исто така, во средата изјави шефот на администрацијата на рускиот претседател, Сергеј Иванов.

dobivaj vesti na viber

Германската влада, меѓутоа, ги отфрла овие обвинувања изречени од опозициски пратеник дека всушност Германија на тој начин ненамерно придонела за нападот со сарин од 21-ви август во предградијата на сириската престолнина Дамаск, во кој според американското разузнавање загинале 1.429 луѓе од кои 426 се деца. Истрагата на експертите на Обединетите нации имено потврди дека во спомнатиот напад бил користен отровниот гас сарин, Западот за тоа ја обвинува владата на претседателот Башар ал-Асад, додека тој за тоа ги обвинува сириските бунтовници кои со поддршка на западните земји сакале да испровоцираат воена интервенција против неговата власт.

Саринот е најсилниот невротоксичен гас откриен пред Втората светска војна во Германија. Последен пат тој е употребен во нападот во метрото во Токио кога една секта уби стотици луѓе. Опасно е вдишувањето на овој гас, меѓутоа и едноставен контакт со кожата е доволен овој отровен гас да навлезе во нервниот систем и да предизвика смрт поради застој на работата на срцето или попречување на дишењето.

Хемикалиите, пак, натриум флуорид, флуороводородната киселина и амониум хидроген флуорид, се класификувани според прописите на Европската унија како хемикалии со „двојна употреба“, што значи дека може да бидат користени и во воени и во цивилни намени.

Во писмениот одговор на прашањето на левичарскиот германски пратеник, министерот за економија изјави дека хемикалиите се продавани во периодот меѓу 2002 и 2006 година и чинеле 174 илјади евра, како и дека се извезен за цивилни намени. За таквите испораки неопходни се и специјални извозни дозволи.

„Дозволите се издадени по темелна анализа на можните ризици, вклучувајќи ја и можноста за злоупотреба и производство на оружје, Во сите случаи нивното мирољубиво користење се смета за безбедно. Германската влада нема информации коишто би упатувале на тоа дека извезените хемикалии подоцна се употребени на некој поинаков начин, освен за изворно декларираните мирољубиви намени“, се истакнува во одговорот на пратеничкото прашање од германското министерство за економија, пишува Reuters.

„Секако дека ги разгледуваме тврдењата за тоа, меѓутоа на основа на она што го знаеме извозната дозвола е издадена за цивилни вели“, изјави за државната телевизија ARD германската канцеларка Ангела Меркел во врска со ова прашање.

Јан ван Акен, надворешнополитички портпарол на германската опозициска Лева партија, ја осуди продажбата на хемикалии на Сирија, земјата за којашто според него „целиот свет знае дека поседува голем арсенал хемиско оружје“. „Не можеме да бидеме сигурни дека Германија, исто така, не е виновна за страшниот напад со сарин од 21-ви август, изјави ван Акен чијашто партија се залага за пацифизам и се спротиставува на извозот на оружје, како и учество на Германија во воени операции во странство.

Од друга страна, Сергеј Иванов, челникот на администрацијата на рускиот претседател Владимир Путин, која смета дека наводниот хемиски напад е дело на сириските бунтовници во моментот кога во Дамаск пристигнаа меѓународниот тим експерти на ОН за да испитаат претходни случаи на наводно користење хемиско оружје за што се обвинуваа меѓусебно двете страни во сирискиот судир, негираше дека ниту некогашниот Советски сојуз на Сирија и’ продал проектили со боевиот отров сарин.

„Советскиот сојуз на доставил во Сирија никакви боеви глави со сарин“, изјавил Иванов за новинарите, пренесува РИА Новости.

Ваквите размислувања се појавија откако во понеделникот беше објавено дека според податоците од извештајот, експертите на светската организација не пронашле конкретни проектили, во кои, како што се претпоставува, бил отровниот гас сарин. Меѓутоа, на погонскиот дел од остаток од проектил биле откриени елементи за маркирање со кирилско писмо. Ознаката беше прочитана како Г ИШ4 25-67-179К./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија19 минути

„Дафина Стојановска итно да си поднесе оставка – пратеничката функција е сосема спротивно од ова што таа го демонстрира“, велат од Левица

​​​​​Левица бара итна оставка од пратеничката од редовите на ДПМНЕ, Дафина Стојаноска од гостиварско, „која очигледно и веќе во неколку...

Македонија47 минути

(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски

Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало...

Македонија55 минути

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион1 час

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија2 часа

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија3 часа

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет3 часа

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет3 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа4 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет4 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет4 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа4 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион14 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија14 часа

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет17 часа

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија20 часа

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија22 часа

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...

Македонија23 часа

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, го известил Собранието дека поднесува оставка од функцијата, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија24 часа

Државниот архив со неповолна ревизија: Неевидентирани објекти, слабости во пописот и пресметката на платите

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност со законската регулатива, упатствата и воспоставените...

Македонија24 часа

Филков: Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде резултат на договори, туку процес заснован на заслуги

Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде формалност или резултат на затворени договори – туку процес заснован на заслуги,...