Вести
Мексиканските власти го коригираа бројот жртви не екстремното шоу на 8

Бројот на загинатите во несреќата на шоуто за екстремни видови спорт Extremo Aeroshow 2013 во северната мексиканска држава Чихуахуа од саботата кога камионет влета во публиката, изнесува осум жртви, изјави ноќта кон понеделникот гувернерот на сојузната држава Сесар Дуарте, откако претходно беше соопштено за 13 загинати, од кои девет на самото место на несреќата.
Возачот на камионетот со огромни тркала ткн „манстер трак“ ја загубил контролата врз возилото и влетал во публиката. Според гувернерот Сесар Дуарте, возачот кој беше притворен веднаш по трагедијата, најверојатно бил пијан. Тестот на присуство на алкохол во крвта земен веднаш по несреќата бил позитивен. Дуарте нагласил дека истрагата продолжува, вклучително и дали алкохолот во крвта на возачот можел да влијае врз неговото однесување зад воланот. Во Мексико ограничувањето изнесува 0,4 промили, но не е соопштено дали е надминато во случајот на возачот на камионетот.
Инцидентот се случи во саботата во паркот Ел-Рехон во градот Чихуахуа. Како што претходно изјави градоначалникот на Чихуахуа, Марко Кесада, кој ја соопшти бројката од 13 загинати, има неколку десетици повредени лица, од кои состојбата на десет е многу сериозна и лекарите стравуваат за нивните животи.
Кесада претходно за локалните медиуми соопштија дека девет лица загинале на самото место на несреќата, додека уште четири им подлегнале на повредите подоцна. Меѓу загинатите има и две малолетни девојчиња и едно момченце, додека уште други пет деца се повредени.
Гувернерот на оваа сојузна мексиканска држава, најави дека е објавена тридневна жалост за трагедијата, поради што се откажани сите јавни манифестации.
Фестивалот Extremo Aeroshow, кој се одржува трета година по ред во овој северен мексикански град, привлече годинава 200 илјади гледачи кои дојдоа да ги проследат воздухопловните акробации, падобрански, параглајдерски и егзибиции со акробатски мотоцикли и ткн монстер трекови, камионети со огромни тркала./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.