Контакт

Вести

Саудиска Арабија се оддалечува до САД

Објавено пред

Саудиска Арабија има намера да се оддалечи од својот традиционален сојузник САД, поради политиката на Вашингтон кон Блискиот исток, смета шефот на саудиската разузнавачка служба принцот Бандар бин Султан.

dobivaj vesti na viber

Според медиумите, принцот ваквите ставови ги изрекол „во кругови блиски на политиката што ја негува Саудиска Арабија“.

Според него Саудиска Арабија им забележува на Соединетите држави, тоа што не постигнаа успех во разрешувањето на 32-месечната сириска криза и во блискоисточните судири, а покрај тоа на официјален сунитски Ријад не му е по волја ниту тоа што САД почнаа приближувања со традиционалниот регионален ривал шиитски Иран, како и затоа што не ѝ изрази поддршка на Саудиска Арабија при гушењето на протестите од 2011 година во Бахреин, рекол главниот саудиски разузнавач принцот Бандар бин Султан, чии зборови, со умисла или не, некако протекоа во западните медиуми деновиве.

Овие размисли на принцот Султан претпоставуваат и соодветни потези на Саудијците кон Вашингтон, особено во поглед на вооружувањето и трговијата со нафта.Бандар бин Султан, пред неколку денови во разговор со европски дипломати, меѓутоа за западните сојузници засега е непознато дали зад тоа стои и самиот саудиски суверен кралот Абдула.

Саудиска Арабија, на големо изненадување на земјите од регионот и Вашингтон пред десетина дена го одби членството во Советот за безбедност при Обединетите нации, образложувајќи го тоа со сопствениот револт од тоа што во него се применуваат двојни стандарди. Методите коишто ги применува светската организација, и отежнуваат напорите за ставање крај на судирите и војните, појасни официјален Ријад.

Според западните извори, Саудиска Арабија во иднина нема својата политика кон својот шиитски ривал Сирија да ја синхронизира со САД. Саудиска Арабија, како што впрочем од март 2011 година обвинува официјален Дамаск, ги поддржува сунитските бунтовници против алавитот претседателот Башар ал-Асад, кој ја обвини дека плаќа странски бунтовници и џихадисти во земјата. Сирија, исто така, го обвини Ријад дека стои зад хемискиот напад крај Дамаск кој ја донесе до кулминација на меѓународен план сириската криза. Според европски дипломатски извори, Саудиска Арабија досега наводно од обѕири кон САД не им испорачувала оружје со висока технологија на сириските бунтовници, коешто би можело да дојде во рацете на групите коишто се блиски на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда и да претставува закана за западните цели и интереси. Ријад, очигледно, е многу разочаран од одлуката да се откаже од воената операција во Сирија, со што се закани по хемискиот напад, откако по руска иницијатива брзо беше постигнат договор до средината на 2014 година сирискиот хемиски потенцијал да биде целосно уништен.

Саудиска Арабија, исто така, стравува дека договорот меѓу Вашингтон и Техеран за контроверзната иранска нуклеарна програма, ќе оди на штета на нејзината позиција во регионот.

Инаку, со години наназад ривалството меѓу сунитската Саудиска Арабија и шиитскиот Иран придонесуваат за засилување на тензиите во целото пошироко соседство на Блискиот исток.

А до моментов, Саудиска Арабија, од стекнувањето на својата независност во 1932 година, е сојузник со Соединетите држави, при што Ријад ја ужива моќната американска воена заштита, додека Вашингтон се потпира на нафтените потенцијали на својот сојузник.

На почетокот од јуни Саудиска Арабија, направи и чекор во наметнувањето на своето влијаните и во сириската опозициска коалиција во којашто доминираше сеарапското исламистичко движење Муслиманско братство коешто го поддржува Катар, а Ријад се` поотворено се обидува да го ограничи ова влијание. Се чини оти Саудиска Арабија надвладеа над својот помал сосед Катар и ја презема ролјата на главна странска сила којашто ги поддржува сунитските бунтовници, а според западните аналитичари со овој потег би можело да се намали влијанието на исламистичките милитанти коишто ја имаат поддршката на Катар.

Иако владите во Ријад и во Доха официјално не сакаа да ги коментираат овие информации, неколку високо позиционирани извори во регионот потврдија дека несогласувањата меѓу сириските бунтовнички групи во турската метропола Истанбул, земја којашто исто така им дава силна поддршка на сириските вооружени опозициски групации, во голема мера ги одразувале борбите за превласт меѓу двете арапски монархии во Персискиот залив, во кои најпосле победила Саудиска Арабија.

Повеќето опозициски лидери сметаат дека исходот од оваа борба за превласт во контролата над сириските бунтовници меѓу Саудиска Арабија и Катар, би можело да ги зајакне можностите и на преговарачката маса и на боиштето, истовремено намалувајќи го влијанието на антизападните исламистички тврдолинијаши кои ги вооружува Доха.

Позицијата на Саудиска Арабија ја зајакна и поразот на една од таквите исламистички групации во април што на сириските владини сили им овозможи да ја преземат контролата на клучниот автопат, додека истовремено настојувањето на Катар и исламистите за надвладувањето во опозициското водство наиде на отпор од Ријад и од страна на западните сили./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија42 минути

„Страв во Мала Речица“ – ВЛЕН прашува кој ќе оди курбан со Груби

Дали Артан Груби ќе му го зададе фаталниот удар на Али Ахмети и ДУИ, прашува ВЛЕН во првата реакција по...

Регион1 час

(Фото) Загина планинар во Црна Гора

Црногорски планинар загина на планината Хајла. Неговото тело беше пронајдено вчера на црногорската страна од планината, откако беше пријавен за...

Регион2 часа

Радев: Украина сè уште има работа пред да се приклучи кон ЕУ, не треба да го заборавиме Западен Балкан

Во интервју за германското издание „Берлинер Цајтунг“, поранешниот бугарски претседател Румен Радев, кој неодамна поднесе оставка и најави влез во...

Свет2 часа

Захарова: Се испостави дека вистинските чудовишта се чувствувале удобно во западното општество

Објавувањето на таканаречените досиеја на Епстин разоткри „одвратно ѓубре“ кое со години измислува митови за Русија за да го одвлече...

Македонија3 часа

МВР потврди: Уапсен Артан Груби

На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби. „Денеска (23.02.2026) во...

Европа3 часа

(Видео) Трамп го обвини дека е диктатор, Зеленски одговори со насмевка

Украинскиот претседател Володимир Зеленски возврати на претходните коментари на американскиот претседател Доналд Трамп во кои тој сугерираше дека е диктатор...

Свет4 часа

Силна зимска бура во САД: прогласена вонредна состојба во пет држави

Силна зимска бура го погоди североисточниот дел на САД, поради што е издадено предупредувања за 59 милиони луѓе. Во Њујорк...

Свет4 часа

(Видео) Убиен Ел Менчо, најбараниот нарко-бос во Мексико: избувнаа немири

Немесио Осегера Сервантес, попознат како „Ел Менчо“, најбараниот човек во Мексико и водач на моќниот нарко-картел „Нова генерација Халиско“ (CJNG),...

Свет5 часа

Иран и САД ќе ги продолжат разговорите в четврток

Иран и САД ќе одржат трета рунда разговори во Женева в четврток, изјави министерот за надворешни работи на Оман, поради...

Свет5 часа

Кина ја повика Америка да ги укине царините

Кина спроведува „целосна проценка“ на одлуката на Врховниот суд на САД за царините и го повика Вашингтон да ги укине...

Европа5 часа

(Фото) Полицајка убиена во Лавов, 24 ранети; Зеленски: Русија регрутирала напаѓачи преку интернет

Полицајка е убиена, а 24 лица се ранети откако неколку експлозивни направи беа детонирани во Лавов, западна Украина, соопшти полицијата...

Свет16 часа

Иран e подготвен на компромис со САД за да избегне американски напад, објави Ројтерс

Иран кажал дека е подготвен да направи отстапки во својата нуклеарна програма во разговорите со САД, во замена за укинување...

Свет18 часа

Мажот кој се обиде да влезе во имотот на Трамп дигнал пушка во позиција за пукање пред агентите да го убијат

Маж на околу 20-годишна возраст бил убиен откако се обидел нелегално да влезе на имотот на Доналд Трамп во Флорида....

Свет21 час

Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите

Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ...

Свет23 часа

Унгарија: ЕУ сака утре да го усвои 20-тиот пакет санкции кон Русија, ние ќе го блокираме

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, преку две објави на X повторно ја засили реториката кон Украина поради транзитот...

Свет1 ден

Индија го одложи патувањето на трговска делегација во Вашингтон поради нејасности околу царините на САД

Индија го одложи планираното испраќање трговска делегација во Вашингтон оваа недела, главно поради неизвесност по одлуката на Врховниот суд на...

Свет1 ден

(Фото) Трамп објави дека испратил болнички брод на Гренланд, Данска вели дека нема сознанија

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го стави Гренланд во фокусот со објава на Truth Social, тврдејќи дека испраќа голем болнички...

Свет1 ден

(Видео) Први масовни студентски протести во Иран по жестокото задушување на демонстрациите

Студенти на неколку универзитети во Иран излегоа на протести против владата – први вакви масовни собири откако минатиот месец властите...

Свет1 ден

(Фото+видео) Терористички напад во Лвов: загина полицајка, десетици ранети

Најмалку едно лице загина, а десетици други се ранети во експлозии што рано утрово го потресоа западниот украински град Лвов....

Свет1 ден

(Видео) Експлозии во Киев: Русија нападна со балистички ракети, повредени жена и дете

Русија лансираше балистички проектили врз главниот град на Украина, Киев, а во нападите во приградските делови повредени се жена и...