Вести
Зариф и отфрла обвиненијата на Кери

Иранскиот министер за надворешни работа Мохамад Џавад Зариф ги отфрли обвиненијата од американскиот државен секретар Џон Кери, според кого врз Иран паѓа одговорноста за тоа што изминатиот викенд не беше постигнат договор на преговорите во Женева за контроверзната нуклеарна програма на Техеран.
„Групата ‘пет плус еден’ беше обединета во саботата, последниот ден од преговорите кога им го претставивме нашиот предлог на Иранците, но Итан не можеше да го прифати“, изјави во понеделникот американскиот државен секретар Џон Кери.
„Господин државен секретар, зарем Иран беше тој го четвртокот го исфрли половината од американскиот текст и во петокот наутро даде негативни коментари, одврати шефот на иранската дипломатија Мохамад Џавад Зариф во својата изјава на микроблогот Twitter, алудирајќи на изјавата на францускиот министер за надворешни работи, Лорен Фабиус, пренесува Reuters.
Имено Фабиус во петокот во Женева изјави дека постои напредок, но дека ништо не е договорено, а во саботата за радиото France Inter изјави дека постои предлог текст кој Франција не го прифаќа. Тогаш иранските функционери и медиуми ја обвинија Франција дека со својата непомирливост довела до неуспех на преговорите.
Изјавата на американскиот државен секретар Кери за единството на сите членки на „шестката“ во преговорите со Иран во Женева на нарушува суштината на она што се случуваше, како и неуспехот за потпишување на веќе подготвениот договор што не се случи по вина на Иран, потврдил за РИА Новости, неименуван извор од министерството за надворешни работи на Русија, запознаен со текот на преговорите во Женева.
Преговорите во Женева,започнаа во четвртокот на ниво на заменици министри за надворешни работи и беа планирани да траат само до петокот кога попладнето неочекувано го променија форматот и беше подигнато ниво на преговарачите на ниво на шефови дипломатии кои се оддолжија до неделата рано наутро. Тоа посочува дека земјите од ткн група „пет плус еден“, петте постојани членки на Советот за безбедност при Обединетите нации, САД, Русија Кина, Велика Британија и Франција плус Германија, под координација на шефицата на дипломатијата на Европската унија, Кетрин Ештон и Иран од друга страна, беа блиску до договор, кој за жал во последен момент не беше постигнат.
Меѓутоа страните во преговорите јасно ставија до знаење дека е постигнат напредок и изразија надеж во брзо склучување на договорот. Следниот круг на преговорите е закажан веќе за 20-ти ноември, исто така во Женева, и во истиот состав./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.