Контакт

Вести

IAEA: Има напредок со Иран, но остануваат многу отворени прашања

Објавено пред

Иран и Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) постигнале напредок во преговорите за иранската нуклеарна програма, но останеле уште многу нерешени прашања, изјави главниот инспектор на Агенцијата, Теро Варјоранта.

Варјоранта ја даде изјавата, откако претходно во неделата Техеран се согласни да ги разјасни сомневањата за тоа дека работи на изработка на нуклеарно оружје, што би можело да претставува напредок во истрагата за иранските нуклеарни активности. Главниот инспектор на IAEA, исто така, истакна дека е постигнат напредок, но додаде дека „има уште многу неразјаснети прашања“.

Функциите на IAEA во неделата известија дека Иранците во текот на преговорите во Техеран се согласиле на преземање на седум нови практични мерки во претстојниот три месеца во согласност со договорот од 24-ти ноември 2013 година во Женева. Станува збор за истрага на Меѓународната агенција за атомска енергија за потенцијално воената намена на иранските нуклеарни активности, што официјален Техеран категорички ги отфрла.

Набљудувачите оценуваат дека тоа претставува значителен чекор нанапред имајќи предвид дека истрагата за потенцијалниот ангажман на Техеран на изработувањето нуклеарна бомба веќе со години не бележи никакво напредок, бидејќи Западот тврди дека Иран ги опструира истрагите на IAEA.

Истовремено се проценува дека таквиот потег би можел да биде позитивен сигнал на одвоените преговори меѓу Иран и шесте светски сили кои ќе започнат на 18-ти февруари, а нивната цел е да се дојде до меѓусебно разбирање околу нуклеарните потези на Техеран. /крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

Болниците во Белгија преполни, бараат помош од Германија

Објавено пред

Белгија побара од Германија да прими пациенти со коронавирус во своите болници за да го намали притисокот врз сопствените единици за интензивна нега, кои се преполни со пациенти поради пандемијата од Ковид-19, објавуваат белгиските новински агенции.

Тие ја цитираат изјавата на шефот за итна медицинска помош Марсел Ван дер Авере, кој рече дека нема повеќе резервни кревети за пациентите во неколку болници во земјата.

Според официјалните податоци, во Белгија се регистрирани скоро 450 новозаразени лица со коронавирус на 100.000 жители во последните две недели. Иако бројот е малку помал отколку пред неколку недели, бројот на починати во меѓувреме се зголеми на просечно околу 40 смртни случаи на ден.

Прикажи повеќе...

Вести

Меркел: Tенка e границатa помеѓу војната и мирот

Објавено пред

Како никој да не разбира колку е тенка границата помеѓу воениот конфликт и мировното решение, изјави германската канцеларка, Ангела Меркел, во Бундестагот.

Тоа го изјави по повод зголемените тензии во источен Медитеран меѓу Турција и Грција и Турција и Кипар.

Пред денешниот самит на ЕУ со Турција, Меркел се осврна на поплаките за кршење на човековите права во Турција, но не пропушти да ѝ оддаде признае на официјална Анкара за спектакуларните и забележителни заслуги за време на бегалската криза во земјата, која и самата има 4 милиони бегалци, повеќе од сите други земји во светот“, објави грчката агенција АНА.

„Во секоја пригода мора да ги редефинираме нашите односи со Турција и да инсистираме на соработка за сите важни, заеднички проблеми и отворени прашања“, истакна германската канцеларка, Ангела Меркел.

Прикажи повеќе...

Вести

Грета Тунберг се врати на протестите по пауза поради коронавирусот

Објавено пред

Младата активистка за животна средина Грета Тунберг се врати придружувајќи им се на другите млади демонстранти пред шведскиот парламент за да го одбележат Денот на глобалните протести против климата во социјално дистанцираниот свет.

„Главната надеж, како и секогаш, е да се обидеме да имаме влијание врз нивото на свесност и јавното мислење, така што луѓето ќе станат посвесни“, им рече на новинарите 17-годишната активистка.

Пандемијата на коронавирусот го спречи одржувањето  масовни собири во рамките на движењето „Петок за иднината“ што го инспирираше Тунберг и ја намали јавната видливост на движењето во последните месеци.

Тунберг ги започна самостојно протестите пред шведскиот парламент во Стокхолм на 20.8.2018 година. Студентите ширум светот наскоро почнаа да ја следат, организирајќи редовни големи протести, а таа беше поканета да разговара со политичките и деловните лидери на конференциите на ООН и на годишниот Светски економски форум во Давос.

Нејзините пораки без двоумење испратени до претседателите и премиерите, заедно со научни факти за потребата од итно намалување на емисиите на стакленички гасови, ѝ донесоа пофалби и награди, но и повремени критики, па дури и закани по живот.

Таа ги повикува пратениците да останат на историскиот договор за климата во Париз од 2015 година, според кој богатите и сиромашните земји треба да преземат мерки за сузбивање на зголемувањето на глобалните температури поради кои се топат глечерите, се зголемува нивото на морето и се менува начинот на врнежи.

Парискиот договор бара од владите да презентираат национални планови за намалување на емисиите со цел да се ограничи зголемувањето на глобалните температури на под два Целзиусови степени.

Денес протести за климата се планирани и на други места.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет11 час

Папата на Лезбос со мигрантите – стотици бели ливчиња, апел за помош

Папата Франциско на вториот ден од посетата на Грција го посети бегалскиот камп на островот Лезбос. Тој ја обвини Европа...

Свет12 часа

Путин предупреди: Полјаците ги полеваат мигрантите со хербициди на граница

Рускиот претседател Владимир Путин ја повика директорката на Федерацијата на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Франческа Рока, да внимава на...

Свет13 часа

Фаучи: Засега, не треба да бидеме премногу загрижени за омикрон

“Првите „малку охрабрувачки знаци“ доаѓаат од Јужна Африка кога станува збор за сериозноста на инфекциите со омикрон” , изјавил советникот...

Европа15 часа

(Видео) Со водени топови и солзавец растерани демонстрантите во Брисел

Белгиската полиција денеска употреби водени топови и солзавец за да ја растера групата демонстранти во Брисел. Учесниците на маршот протестираа...

Македонија17 часа

Заев прифати меѓународна истрага за случаите „Монструм“, „Диво Насеље“ и Алмир Алиу

Постигната е согласност Владата да испрати официјално барање до Европската Комисија со кое ќе побара тим од независни експерти кои...

Македонија18 часа

(Видео) Алтернатива доби две министерства и министер без ресор, Гаши и Заев најавија стабилно мнозинство

Алтернатива доби три министерства во Владата на заедничка прес-конференција соопштија претседателот во заминување на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на...

Македонија18 часа

Десет починати и 276 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.720 тестирања,...

Регион21 час

(Видео) Поројни врнежи од дожд во Хрватска, поплавени улици и патишта

Пороен дожд утрово врне на Јадранот локално и со пороен дожд и грмежи. Во текот на денот се очекуваат обилни...

Топ21 час

Петмина повредени во судир на автомобил и трактор на патот Битола-Ресен

Пет лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера на магистралниот пат Битола-Ресен, кај „Сопотски ливади“. Несреќата...

Свет21 час

Научниците со нови сознанија: Омикронот можеби презел дел од генот на вирусот на настинката

Новиот сој на коронавирус, омикрон, можеби стекнал барем една од неговите мутации со собирање фрагмент од генетски материјал од друг...

Топ22 часа

МВР со апел: Граѓаните да не користат петарди, казните се од 200 до 500 евра

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека и годинава спроведува превентивна кампања, со цел на граѓаните да им се...

Свет22 часа

Си-Ен-Ен го отпушти најпознатиот водител Крис Куомо, брат на поранешниот гувернер на Њујорк

Американската медиумска куќа Си-Ен-Ен во саботата објави дека водителот Крис Куомо е отпуштен и дека одлуката веднаш стапува на сила....

Македонија1 ден

(Видео) Алтернатива влегува во Владата

Алтернатива на Африм Гаши влезе во Владата, соопшти партискиот портпарол. Ова доаѓа по состанок на Централниот совет. Со мнозинство гласови,...

Свет2 дена

Путин и Бајден во вторник ќе разговараат за Украина

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Џозеф Бајден, ќе разговараат во вторник на 7 декември, соопшти Кремљ....

Свет2 дена

(Видео) Инциденти и апсења на протестите во Австрија – полицијата употреби бибер спреј

Во центарот на Виена попладнево се одржуваат бројни протести на противниците на ковид-мерките и задолжителната вакцинација, поради што многу улици...

Свет2 дена

Русија е можно во јануари да ја нападне Украина, тврди украинскиот министер за одбрана

Американскиот државен секретар Ентони Блинкинен го предупреди својот руски колега дека Москва ќе плати „висока цена“ доколку ја нападне Украина....

Македонија2 дена

15 починати и 355 новозаразени со Ковид-19

Денес се регистрирани 355 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со КОВИД-19...

Македонија2 дена

Владата ги замрзна цените на основните артикли

На денешната 124-та редовна седница, Владата донесе Одлука за определување на највисоки цени на основни прехранбени производи во трговијата на...

Регион2 дена

Омикрон се поблиску до нас – Потврден прв случај во Хрватска

Новиот сој на корона вирусот, кој Светската здравствена организација (СЗО) го нарече омикрон, официјално е регистриран во Хрватска. Оваа информација,...

Топ2 дена

Тешка сообраќајна несреќа во Маџари, загина велосипедист

Велосипедист го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случила синоќа во 01.30 часот после полной во Маџари. Според инфорациите...

Досие