Вести
Светските лидери повикаа на намалување на резервите на ураниум и плутониум

Светските челници во вторникот, на вториот и последен дена од нуклеарниот самит во Хаг кој мина во сенката на кризата околу Украина, ги повикаа земјите да ги намалат своите резерви на високо збогатено нуклеарно гориво, за милитантните, како на пример, припадниците на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда да не можат да дојдат до атомско оружје.
На третиот состанок на врвот за нуклеарната безбедност од 2010 година, на кој присуствуваше и американскиот претседател Барка Обама, челниците на 53 земји и влади оценија дека во изминатите четири години е направено значително придвижување, но предупредија дека големите предизвици и натаму се присутни, како и дека оваа меѓународна соработка би требало да биде посилна за да високо збогатениот ураниум (HEU), плутониумот и другите радиоактивни елементи не паднат во погрешни раце.
Како што забележуваат агенциите, Вашингтон и Москва во оваа прилика на страна ги оставија своите недоразбирања околу ситуацијата во Украина, за да ја поддржат завршната изјава од самитот со која се настојува да се зајакне нуклеарната безбедност секаде во светото, заедно со другите големи сили, Кина, Велика Британија, Франција и Германија.
„Ги поттикнуваме државите да ги намалат своите резерви на високо збогатен ураниуми, како и своите резерви на плутониум да ги одржуваат на најниско можно ниво, во согласност со националните потреби”, се заклучува во документот.
Четвртиот нуклеарен самит од процесот кој започна во 2010 година во Вашингтон, ќе се одржи во 2016 година во Чикаго, се договорија во Хаг светските лидери.
Аналитичарите сметаат дека со парите што ги поседуваат, техничкото знаење на нивните припадници и во услови кога би успеале да дојдат до материјалите потребни за фузија, радикалните терористички групации теоретски би можеле да изработат примитивна, но смртоносна нуклеарна бомба. Оттаму, како што истакнуваат, најважно е да не се дозволи таквите групи да дојдат до високо збогатен ураниуми или плутониум./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.