Вести
Киев и' плати на Москва 786 млн долари за гас, новиот договор следната седмица

Украина на Русија и’ платила 786 милиони долари од долгот за испоракана природен гас, значително помалку од она што го бараше руската државана енергектска компанија „Газпром”,изјави во петокот привремениот украински премиер Арсениј Јаценјук.
Јаценјук изјави дека Киев го платил долгот на основа на цената од 268 долари за 1.00 кубни метри гас која Русија ја договори со Украина со соборениот претседател Виктор Јанукович, како помош заедно со пакетот од 15 милијарди долари во периодот, кога овој се реши да го одложи потпишувањето на Спогодбата за придружување и слободна трговија со Европската унија, поради недоволните средства што Брисел му ги вети за Украина да го избегне банкротот што и’ се закануваше. Потегот на Јанукович беше повод за протестите на прозападната опозиција под обвинение дека ја врти земјата кон Москва, што на крајот резултираа со крвави безредија и негово соборување од должност, по што Москва која не ја признава легитимноста на владата во Киев, ја стопира помошта за Украина, вклучително и повеќекратно изразена во цената на гасот.
Од „Газпром”претходно објавија дека доколку Украина не почне да го исплатува долгот уште до ноември 2013 година, до 7-ми јуни тој ќе достигне 5,2 милијарди долари. Рускиот премиер Дмитриј Медведев изјави дека Киев ја известил Мосвка за уплатата, но дека „Газпром” уште бе ги добил средствата. „Нашите украински пријатели река дека платиле дел од долгот. Доколку ‘Газпром’ ги добијат парите, ќе видиме колкава е таа сума”, изјави Медведев за медиумите.
Посредникот на Европската унија во овој гасен спор, еврокомесарот за енергетика Гинтер Итингер оцени дека Русија и Украина напредувале во разговорите околу гасниот проблем во Берлин и дека во понеделник повторно ќе се сретнат во Брисел, доколку Москва потврди дека ја примила уплатата. „Тоа е чекор напред, но некој голем пресврт нема. Тоа може да биде постигнато во понеделник”, изјавил Итингер по разговорите со министрите на двете земји. Додаде дек асе надева оти конечнито договор ќе биде постигнат до 3-ти јуни.
Украинскиот министер за енергетика Јуриј Продан потврдил дека Киев уплатил 786 милиони долари за гасот испорачан во февруари и во март, и дека со „Газпром” сака да разговара во пакет, нудејќи цена од 268,5 долари за илјада кубни метри, која ја плаќаше Украина според договорот од декември со владата на Јанукович, но којашто со сите руски попусти за Киев, сега изнесува 480 долари. Цената што ја бара Киев е исто така значително пониска од онаа што ја плаќаат европските потрошувачи, од околу 380 доалри за илјада кубни метри гас./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.