Вести
54 жртви во автобуска несреќа во Бразил

Педесет и четири лица загинаа во автобуската несреќа којашто се случи ноќта кон неделата во сојузната држава Санта Катарина, во јужниот дел на Бразил, објави во неделата навечер бразилската претседателка Дилма Русеф.
Претходно медиумите јавуваа дека бројот на жртвите се движи меѓу 55 и 59, и околу шест преживеани патници.
Пожарникарите мораа да ги извлекуваат телата на жртвите, меѓу кои и на возачот, приклештени во смачканото возило кое завршило во шумата под кривулестиот пат, на 171 километар од Флорианополис, престолнина на државата Санта Катарина.
„Со тага ја примив веста за загинувањето на 54 лица во несреќата на автобусот во Сиера Дона Франциска во Санта Катарина“, изјави претседателката Русеф во писмената изјава, упатувајќи изрази „сочувство на семејствата и пријателите“ на жртвите.
Во автобусот, сопственост на туристичка компанија, кој од Униао де Виторија патувал кон Гваратуба, триста километри натаму, во соседната држава Парана, на атлантскиот брег, имало 59 луѓе кои коишто патувале на верска церемонија. Нема информации за странски државјани меѓу патниците.
Според бразилските медиуми, возачот ја загубил контролата над возилото во завој на удолница на делница на патот која инаку е позната како опасна. Автобусот слетал од патот и паднал во амбисот длабок 400 километри. Според дневниот весник O’ Estado, несреќите се чисти на тој дел од патот каде последните пет години загинале 66 луѓе.
Во времето на несреќата временските услови биле добри, а автопатот во тој дел била во дроба состојба, па иако уште со сигурност не може да се тврди, полицијата смета дека несреќата е предизвикана поради дефект на сопирачките.
Бразилските автопати се меѓу најсмртоносните во Латинска Америка, Просечно на нив годишно загинуваат 18 лица на 100.000 жители, додека во Аргентина, Колумбија и Чиле годишно се регистрираат 13 жртви на 100.000 луѓе, а во развиените земји овој показател е до 10 загинати на 100.000 жители./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.