Контакт

Вести

Абе ‘длабоко жали’ за јапонските злосторства, но не се извинува

Објавено пред

Јапонскиот премиер Шинзо Абе во петокот изрази „најдлабоко жалење“ поради патењата коишто Јапонија ги предизвикала во текот на Втората светска војна, но додаде дека идните поколенија на неговите сонародници не бир требало да продолжат да се извинуваат поради грешките од минатото.

dobivaj vesti na viber

По повод од 70-годишнината од јапонската капитулација, 15-ти август 1945 година, премиерот Шинзо Абе нагласи дека ги поддржува „неотповикливите“ извинувања на своите претходници поради јапонските злосторства во војната, вклучително и познатото извинување на премиерот Томичи Мурајама од 1995 година, но не го понуди сопствено извинување, „Јапонија повеќе никогаш нема да војува“, наместо тоа нагласи Абе.

Наследството од Втората светска војна, во која Јапонија беше дел од ткн оска Рим – Берлин – Токио, сé уште ги оптоварува односите на Јапонија со Јужна Кореја и особено со Кина, земјите коишто во тој период ги окупирала и спроведувала брутален режим.

Пекинг и Сеул претходно многу јасно назначија дека сакаат Абе да го повтори „длабокото и искрено“ извинување на Мурајама за патењата кои ги нанела јапонската агресија. Десет години по Мурајама, неговите зборови ги повтори тогашниот јапонски премиер Јуничиро Коизуми. Кина и Јужна Кореја тоа го сметаат за стандард под кој не смее да се оди. Абе, меѓутоа, во изјавата мораше да внимава и на реакциите од неговите конзервативци коишто не се расположени повеќе „да го доживуваат она со понижувачкиот круг од извинувања“.

„Нашата земја предизвика немерливи штети и патења. Кога размислувам за тој факт, останувам без зборови и во срцето чувствувам најдлабока болка“, рече Абе.

„Јапонија неколку пати изрази покајување и извинување за сите свои дела во војната, Тој став на претходните влади ќе остане непоколебливо и во иднината“, додаде Абе.

Истакна, меѓутоа, дека новите генерации не би требало да бидат оптоварувани со тие извинувања. „Во Јапонија сега 80 отсто од населението е родено по војната. Не смееме да дозволиме нашите деца, внуци и идните поколенија, кои немаат ништо со војната, да бидат предодредени на извинувања. Меѓутоа, ние Јапонците, од сите генерации, мораме отворено да се соочиме со нашата историја“, порача премиерот.

Изјавата на Абе, кого критичарите го сметаат за ревизионист кој сака да го ублажи мрачното јапонско воено минато, многу внимателно ќе биде анализирана во Пекинг и во Сеул, но и во Вашингтон, јапонскиот сојузник кој непосредно со двете атомски бомби врз Хирошима и Нагасаки во првата седмица од август 1945 година го принуди Токио на капитулацијата следната седмица, и сака ублажување на тензиите во регионот, особено меѓу своите сојузници како што е Јужна Кореја.

Абе во петокот рече и дека Киензите ќе ги препознаат искрените јапонски чувство и дека наскоро ќе има можност да разговара со кинескиот претседател Кси Џинпинг. Јапонскиот премиер рече дека земјата „не смее да заборави дека зад боиштето имало жени чии чест и достоинство тешко се наружени“, но директно не ги споменува „жените за утеха“, како што еуфемистички се нарекуваат сега девојчињата и девојките, особено Корејки, кои присилно биле одведувани во јапонските воени бордели и им служеле на војниците како сексуални робинки.

Јапонските конзервативци, чиј функционер е и премиерот Абе, и претходно тврдеа дека нема докази за директна вмешаност на воените државни или воени власти во грабнувањата на девојчињата.

Во 1993 година тогашниот генерален секретар на јапонската влада Јохеи Коно понуди „искрено жалење до оние коишто незамисливо физички и психички пателе како ени за утеха“. Јапонија во 1995 година формираше фонд преку кој им нуди индивидуална финансиска помош на тие жени.

Официјален Сеул и активистите споменатата изјава на Коно и фондот ги сметаат само парцијално признание. Преживеаните жени бараат формално владино извинувања и исплата на репарации, но Абе и неговите сојузници тоа не го прифаќаат. Голем дел од преживеаните „жени за утеха“, кои сега се во поодминати години и ги има сé помалку, воопшто не очекуваат дека ќе го доживеат формалното јапонско извинувања./крај/мф/сн

Извор: Reuters/BBC



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Светна новогодишната елка! Отворен и Божиќниот маркет во Скопје

Во Скопје вечерва светна новогодишната елка и официјално беше отворен Божиќниот маркет, со што симболично беше означен почетокот на празничната...

Свет6 часа

Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој...

Свет9 часа

Херојот Ахмед од Сиднеј би можел да ја загуби раката: „Сè би повторил“

Ахмед ал Ахмед, случаен минувач кој вчера херојски совлада и разоружа еден од напаѓачите на плажата Бонди, порача дека и...

Свет9 часа

(Фото) Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ меѓу жртвите во нападот на плажата Бонди во Австралија

Меѓу убиените во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди е и фудбалер на Рокдејл Илинден – клуб на македонската дијаспора...

Економија12 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија13 часа

(Видео) Мицевски: Поднесовме Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со пратеници од коалицијата ВРЕДИ и ЗНАМ, ја поднесовме „Резолуцијата за осуда на манипулациите на...

Македонија15 часа

(Видео) Крај на мигранти во Македонија се става само ако се потпише резолуцијата на СДСМ, рече Кузеска

„Со договорени мигранти за пари ДПМНЕ ја предаде Македонија, ја продаде за пари, за скапи кредит врз грбот на народот....

Свет16 часа

(Фото) 10-годишно девојче, двајца рабини и маж што го преживеал холокаустот: познати жртвите од Сиднеј

Во терористичкиот напад на плажата Бонди вчера беа убиени најмалку 15 цивили, од кои многумина го славеа првиот ден од...

Свет18 часа

(Видео) Татко и син убија 15 луѓе во Сиднеј: „Се заколнале на верност на ИСИС“

Таткото и синот кои убија 15 лица на еврејски фестивал на плажата Бонди во Сиднеј во неделата можеби имале врски...

Европа18 часа

(Видео) Снимено уривањето на огромен руски воен транспортен авион, се преполови во воздухот

Рускиот канал на Телеграм „Маш“ објави снимка од падот на рускиот воен транспортен авион Ан-22 во регионот Иваново. Снимката го...

Македонија19 часа

Земјотрес почувствуван во Македонија

Утрово во 7.20 часот беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ. Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од...

Свет19 часа

(Видео) Нападот врз Бонди е чин на чисто зло, вели австралискиот премиер

Австралискиот премиер Ентони Албанез и началниците на полицијата одржаа прес-конференција во Сиднеј. „Она што го видовме вчера беше чин на...

Свет20 часа

(Видео) Преживеан од холокаустот загина штитејќи ја сопругата на плажата Бонди

Една од жртвите на терористичкиот напад во неделата за време на прославата на Ханука во Австралија беше Алекс Клајтман, преживеан...

Свет20 часа

(Видео) Американски режисер и неговата сопруга пронајдени мртви: полицијата се сомнева дека е убиство

Полицијата на Лос Анџелес истражува нешто што го опишува како очигледно убиство откога две тела беа пронајдени во домот на...

Македонија1 ден

Неправилности и проблеми со „Безбеден град“ ќе се пријавуваат преку специјален пункт или на интернет

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, е задоволен од резултатите од тест-периодот на проектот „Безбеден град“. Тошковски вели дека граѓаните...

Економија2 дена

Мицкоски: Буџетот е ликвиден, трезорот нема да се затвори на 15 декември

Премиерот Мицкоски изјави дека Буџетот е ликвиден и сите обврски се извршуваат тековно. Како што појасни Мицкоски, 15 декември не...

Македонија2 дена

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ предлага Резолуција за осуда на дезинформациите за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ денеска претстави „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“. „Во изминатите...

Македонија2 дена

(Видео) Димитријевиќ: Власта носи мигранти за пари

„Во буџетот нема пари. За првпат во историјата, утре – 15 декември – се затвора Трезорот. Државата доцни со сите...

Топ2 дена

Oбвинителство: За насилство во училиште во Сарај, побарана судска постапка спрема пет деца

Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје поднесе Барање за поведување подготвителна постапка за...

Македонија2 дена

АХВ: Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спречија увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил...