Вести
Ајатолахот Систани смета дека без реформи се заканува поделба на Ирак

– Големиот ајатолах на Ирак, Али ал-Систани
Највисокиот шиитски верски клерик во Ирак, ајатолахот Али ал-Систани предупреди дека земјата е изложена на големи опасности, особено ѝ се заканува поделба доколку не бидат преземени вистински реформи.
Највисокиот шиитски верски клерик во Ирак, ајатолахот Али ал-Систани предупреди дека земјата е изложена на големи опасности, особено ѝ се заканува поделба доколку не бидат преземени вистински реформи.
Ајатолахот Систани последните седмици испрати многу апели за борба против корупцијата и го поттикна премиерот Хајдер ал-Абади на реформи.
„Дополнително ќе се влоши ситуацијата доколку не бидат преземени вистински реформи против корупцијата и во остварувањето на социјалната правда на различни нивоа“, изјави ирачкиот верски поглавар во писмениот одговор на агенцијата AFP.
„Ирак би можел да биде доведен до поделба. Корупцијата веќе скапо ја чинеше оваа земја којашто води војна со џихадистичката група Исламска држава, којашто минатата година зазема третина од територијата на земјата“, потсетува ајатолахот Систани.
Оценува дека без зголемената корупција, особено меѓу безбедносните сили и без злоупотреба на власта од страна на високите функционери, „терористичката организација Исламска држава не би била во можност да ја преземе контролата врз голем дел од ирачката територија“.
Последните седмици во Багдад и на југот од земјата беа одржани многу собири против корупцијата и неспособноста на политичарите во Багдад и на југот, и поради тоа што во период кога температурите се повисоки од 50 Целзиусови степени секојдневни се прекините во снабдувањето со електрична енергија.
Парламентот на 11-ти август го потврди планот за реформи кој два дена претходно ги најави премиерот и додаде некои мерки, меѓу кои и намалувањето на министерските места или драстичниот пад на бројот на заштитата на високите функционери. Меѓутоа и покрај поддршката од населението и од ајатолахот Систани, борбата против корупцијата изгледа како извонредно тешка задача, сметаат локалните коментгатори./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.