Вести
Ал Каеда ја осуди Исламската држава за суровоста кон муслиманите

– Адам Гадан, американски државјанин во врвот на Ал Каеда
Високо рангиран член на глобалната исламистичка терористичка организација Ал Каеда, Американецот Адам Гадан, ја осуди бруталноста на ривалската џихадистичка групација Исламска држава против муслиманите, заканувајќи има се на милитантите со „одмазда во задгробниот живот“.
Високо рангиран член на глобалната исламистичка терористичка организација Ал Каеда, Американецот Адам Гадан, ја осуди бруталноста на ривалската џихадистичка групација Исламска држава против муслиманите, заканувајќи има се на милитантите со „одмазда во задгробниот живот“.
Сунитската џихадистичка група Исламска држава, којашто се истакна по бруталните егзекутирања на своите противници и „неверниците“, ја презема одговорноста за петочните напади во Франција во американска енергетска постројка, но и врз хотелскиот комплекс во Тунис во кој беа убиени 40 и ранети уште толку луѓе, како и врз шиитската џамија во Кувајт во кој загинаа 27 верници.
„Даги мои браќа, во времето кога никој не може да ја одрекува значителната моќ и сила на Исламската држава во воена смисла, злосторствата коишто тие ги вршат против муслиманите не можат едноставно да не бидат забележани или едноставно заборавени со текот на времето, бидејќи во исламот нема рокови за застареност“, рекол Адам Гадам пренесе американската телевизиска мрежа ABC News.
Додал дека угнетувањето и мачењата од кој и да е вид не се во ред, и дека сторителите ги чека „темнината на Судниот ден“. „Џихадот на муслиманите не е видеоигра, тоа е реален живот со реални последици, во овој и во задгробниот свет“, додал американскиот челник на Ал Каеда во видео пораката објавена на интернет.
Терористичката групација Исламска држава којашто се смета за една од најголемите закани по глобалната безбедност. Во текот на изминатите три години џихадистите на оваа радикална група која има свое сфаќање на исламот, зазема големи територии во Сирија и соседен Ирак на кои прогласи свој ткн „калифат. Покрај тоа, последните месеци го проширува своето влијание во Северна Африка, особено во Либија, во Египет, а исламистичката нигериска група Боко Харам ѝ изрази лојалност, но се појави и во Авганистан, кој традиционално се смета за седиште на Ал Каеда.
Според различни процени, териториите коишто ги контролира Исламската држава, кои опфаќаат околу 90 квадратни километри на кои ги спроведуваат своите закони. Процените, исто така, говорат за меѓу 50 до 200 илјади џихадисти во нејзините редови, од кои десетици илјади се дојденци од стотина држави од целиот свет./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.