Контакт

Вести

Америка ги осуди свирепите неефикасни методи и лажењето на CIA

Објавено пред

Програмата за засилено испитува на осомничените за тероризам којашто ја применувала американската Централна разузнавачка организација CIA по нападите врз САД од 11-ти септември 2011 година биле многу посвирепи отколку што агенцијата признаваше, и не помогнала да се дојде до информации со кои би се ублажила барем една закана, се истакнува во извештајот на комисијата за работата на разузнавачките служби на американскиот Сенат кој беше долго и нестрпливо очекуван.
 

dobivaj vesti na viber

Програмата за засилено испитува на осомничените за тероризам којашто ја применувала американската Централна разузнавачка организација CIA по нападите врз САД од 11-ти септември 2011 година биле многу посвирепи отколку што агенцијата признаваше, и не помогнала да се дојде до информации со кои би се ублажила барем една закана, се истакнува во извештајот на комисијата за работата на разузнавачките служби на американскиот Сенат кој беше долго и нестрпливо очекуван.

 

Во извештајот веднаш се истакнува дека CIA ја мамела јавноста и владата на САД во врска со ефикасноста на програмата којашто била спроведувана во периодот од 2002 до 2006 година и според кој биле испитувани осомничени и припадници на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда и други притвореници, како во затворот во американската воена база во кубанскиот залив Гвантанамо, така и на тајни локации низ светот, вклучително и во Европа.

Извештајот сенатската комисија го состави на 500 страници по прочистување на околу 6.000 страници разни документи истражувани во периодот од речиси пет години од 2009 година, и во него се заклучува дека употребените техники на испитување биле многу посвирепи отколку што CIA кога и да е призна.

„Овој документ се занимава со постапките на агентите на CIA кон најмалку 119 лица во тајните прекуморски затвори и употребата на насилни техники на испитување кои во некои случаи се еднакви на измачување“, изјави за американските медиуми претседателската на споменатата сенатска комисија, Дајан Фајнстајн.

Меѓу примерите на свирепоста на агентите на CIA се споменува смртта од хипотермија на еден затвореник кого го држеле полугол врзан во синџири на бетонски под тајниот затвор на CIA во ноември 2002 година.

На некои затвореници не им било дозволувано да спијат и по 180 часа, а понекогаш рацете им биле врзувани со синџири над главата, а ги измачувале со „ректално хранење“ и „ректална хидратација“ без никаква документирана медицинска потреба.

Извештајот опишува и еден од тајните затвори на CIA, чијашто локација не се открива, како „зандана“ во којашто затворниците се во целосна темница, постојано во самица и во окови, бомбардиран се со прегласна музика а физиолошките потреби ги извршуваат во канта.

Еден припадник на Ал Каеда, познат како Абу Зубаида, бил измачуван 83 пати со симулација на давање којашто агентите на CIA ја нарекле „waterboarding“. На крајот „повеќе воопшто не реагираше“, а водата му гргорела низ отворената уста. Извештајот наведува дека тој затвореник подоцна бил реанимиран.

Американскиот претседател Барак Обама изјави во вторникот дека таквите свирепи методи на испитување нема веќе да се случуваат додека тој е на чело на државата, како и дека таквото однесување им наштетило на американските интереси во странство, а ниту помогнало во борбата против тероризмот.

Директорот на CIA, Џон Бренан, призна дека програмата за затворање и испитување „има недостатоци и дека агенцијата грешела“, но тврди дека така извлечените информации „го унапредиле стратешкото и тактичко познавање на непријателот, на начини коишто и денес придонесуваат во антитерористичката борба“.

Се’ уште не е познато дали извештајот ќе доведе до барањето учесниците во овие измачувања судски да одговараат, но а многу опишани постапки и случаи настапи застареност на случајот.

Директорот на Американскиот сојуз за граѓански слободи (ACLU) Ентони Ромери напиша во коментарот за весникот The New York Times дека претседателот Барак Обама мора да прогласи официјална прошка за високите функционери и другите, за јасно да покаже дека тие постапки се злосторнички и на тој начин да помогне „американската влада повеќе никого да не мачи“.

Двајца републикански пратеници издадоа соопштение во коишто објавувањето на сенатскиот извештај го нарекуваат „невнимателно и неодговорно“. „Стравуваме дека тоа објавување би можело да ги загрози животите на Американците во странство, во опасноста да ги донесе американските односи со странските партнери, да поттикнат насилство, на нашите сојузници да им направат политички проблеми, а на нашите непријатели да им послужи како средство за регрутирање“, се вели во соопштението на сенаторите Марк Руби и Џим Риш.

Независниот сенатор Ангус Кинг изјави за CNN дека објавувањето на извештајот е важно, бидејќи би можело да помогне некој иден претседател да не посегне по истите методи. „Сме правеле работи за какви на јапонските војници по Втората светска војна им судевме за воени злосторства. Тоа не е Америка. Ние не сме такви, тоа му наштети на нашиот углед и ги поттикна терористите ширум светот. Дали мачевме луѓе? Да! Дали тоа вредеше? Не!“, рече Кинг.

Извештајот на повеќе од 500 страници претставува само извадок од големиот извештај од шест илјади страници коишто ќе остане тајна. Во објавениот се наоѓа и помал исечок од двесте страници за историјатот на програмата за испитување и 26 описи на случаи на испитување на точно одредени затвореници.

Меѓутоа, некои сенатори, како Џеј Рокфелер, сметаат дека претседателот Обама мора да го објави целиот извештај за работата на CIA, од периодот на претседателот Џорџ Буш помладиот, во кој се содржат и описи на обиди за дезинформации на властите и на јавноста. Како што дознава агенцијата DPA, претседателот Обама се залагал за објавување на скратената верзија на извештајот.

„Се надевам дека еден ден ќе биде објавен целосниот текст од извештајот. Претседателот Обама има овластувања за тоа, и јас се надевам едека тој ќе го стори тоа“, изјави сенаторот Џеј Рокфелер. Според него, доколку извештајот не биде објавен целосно, „оние коишто се одговорни за апсењата и измачувањата, ќе продолжат да ја користат неинформираноста на јавноста … и да тврдат дека податоците во извештајот се еднострани и пристрасни, или дека во извештајот нема важни делови“.

Високи функционери на американската администрација, пишува Reuters, кои ги брифирале во вторникот новинарите, објавувањето на извештајот како „доказ за демократијата“ на САД./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права

Владата на денешната 141 седница беше информирана за текот на постапката за номинирање кандидати за позицијата судија во Европскиот суд...

Македонија5 часа

Утрешното судење за пожарот во „Пулс“ е одложено за 26 јануари

Судењето за пожарот во „Пулс“ што требаше да се одржи утре е одложено за 26 јануари, соопшти Кривичниот суд. Расправата...

Македонија6 часа

Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина

Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина. Според...

Македонија6 часа

МНР апелира македонските државјани да го напуштат Иран во прва можна прилика

Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани што се наоѓаат во Иран да ја напуштат земјата поради влошената состојба....

Македонија6 часа

Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став...

Македонија7 часа

Техничката влада мора да остане, велат од СДСМ

Техничката влада мора да остане. Таа е единствена шанса, единствен обид за некакви минимални услови за фер избори, велат од...

Македонија11 часа

Со паричка во погача, голем број семејства вечерва ќе ја дочекаат Старата Нова година

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер се дочекува православната нова година, кај народот позната уште како...

Топ11 часа

Во Кавадарци се води истрага за два случаи на сексуално насилство врз деца

Кавадаречкото Обвинителство  споведува истрага за два одвоени случаи во кои има сомненија за силување на дете кое не наполнило 15...

Свет12 часа

Словачките лидери едногласни: Крај на воената помош за Украина

Највисоките словачки функционери – претседателот Петер Пелегрини, премиерот Роберт Фицо и претседателот на парламентот Рихард Раши – потврдија единство околу...

Свет12 часа

Претседателката на Молдавија: На референдум би гласала за обединување со Романија

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, изјави дека би гласала за обединување со Романија доколку тоа прашање некогаш се најде на...

Свет12 часа

Германија предупредува: Плановите на Трамп за Гренланд може да го загрозат НАТО

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека сојузниците во НАТО мора да соработуваат кога станува збор за безбедноста...

Свет12 часа

Конгресмен предлага закон за анексија на Гренланд

Републиканскиот конгресмен Ренди Фајн предложи закон до американскиот Конгрес со кој на САД би им се овозможила анексија на Гренланд...

Македонија23 часа

18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот....

Топ1 ден

Уапсен жител на Богданци за убиство на сопствената мајка

Полицијата уапси 39-годишен жител на Богданци, осомничен за убиство на сопствената мајка. Според информациите од МВР,  денеска во Полициската канцеларија...

Македонија1 ден

Уапсено лицето што го оштети стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје

Полициски службеници од МВР денеска (12 јануари 2026 година) во 12:40 часот на улицата Кирил и Методиј во Скопје го...

Македонија1 ден

Како членка на НАТО, не ни прилегаат технички влади, а предвремените избори носат нестабилност, рече Гаши

Претседателот на Собранието Африм Гаши изјави дека е поборник на идејата за одржување редовни избори, оценувајќи дека честите предвремени избори...

Култура1 ден

„Една битка по друга“, „Хамнет“ и „Адолесценција“ доминираа на Златните глобуси

Во неделата беа доделени престижните награди Златен глобус. Филмот „Една битка по друга“ (One Battle After Another) беше прогласен за...

Македонија1 ден

Непознати глутници се појавија преку ноќ – пронајдени улични кучиња од Албанија во Скопје, се бара истрага и проверка на безбедносните камери

Здружението за заштита на животните Анима Мунди алармира и јавно бара итна, темелна и независна истрага поради сериозни индиции за...

Македонија1 ден

Водата се повлекува во повеќе региони, дел од патиштата затворени поради поплави, одрони и снег

Центарот за управување со кризи информира дека по обилните врнежи, состојбата на терен е стабилизирана во дел од регионите, а...

Македонија1 ден

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР, отвораме јавна расправа пред неговото усвојување

Министерството за здравство информира дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде...