Вести
Американците сакале да го пронајдат бин Ладен со помош на чипови во лекови

Американската агенција за национална безбедност (NSA) планирала да му влезе во трагата на сега ликвидираниот идеолог и основач на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда, Осама бин Ладен, со помош на минијатурни чипови ставени во лекови, пишува информативниот портал The Intercept, кој се повикува на документи доставени од поранешниот соработник на американското разузнавање Едвард Сноуден.
Според написот, максимално тајната презентација на NSA за ова прашање се одржала, во јуни 2010 година, помалку од една година пред ликвидацијата на бин Ладен од страна на американските маринци во пакистанскиот град Аботабад. Се истакнува дека на овој начин разузнавачите се обидувале да се справат со ткн „зона без електроника“, со којашто се опкружил дотогаш најбараниот терорист на светот.
На презентацијата било информирано за низа болести од кои пател челникот на Ал Каеда и се претпоставувало дека поаѓајќи од тоа аналитичарите ќе можат да ја утврдат веригата на снабдување на бин Ладен со лекови и медицинска опрема. Една од можните алки во тој синџир се претпоставувало дека е болница на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (ICRC). Дали во NSA дошле до фазата за почетокот на реализацијата на оваа замисла, новинарите не успеале да утврдат.
Портпаролот на ICRC одбил да ги коментира наводите од споменатите документи, но рекол дека „Црвениот крст силно се противи на користењето на здравствената заштита во други намени“.
Осама бин Ладен беше ликвидиран на 2-ри мај 2011 во пакистанскиот град Аботабад, во операција на американските маринци лично водена од претседателот Барак Обама. Според неодамнешното пишување германскиот весник Bild am Sonntag. германските тајни служби ѝ помогнале на американската Централна разузнавачка агенција CIA да му влеза во трагата на бин Ладен.
Bild am Sonntag пишува и дека BND ја користел станицата за прислушување во Бад Ајблинг во Баварија, за да ги следи телефонските комуникации и електронската пошта во северен Пакистан. Тоа било потребно, пишува весникот, за да се гарантира дека акцијата на американските тајни служби ќе остане потполно тајна./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.