Контакт

Вести

Американската полиција се сочува со нови протести во Мисури

Објавено пред

Припадници на интервентните единици на полицијата се соочуваат со новите протести во гратчето Фергусон, предградие на Сент Луси, во сојузната американска држава Мисури, откако по мирната ноќ по четирите насилни протести во саботата тензиите повторно пораснаа откако полицаец уби афроамерикански тинејџер.
 

dobivaj vesti na viber

Припадници на интервентните единици на полицијата се соочуваат со новите протести во гратчето Фергусон, предградие на Сент Луси, во сојузната американска држава Мисури, откако по мирната ноќ по четирите насилни протести во саботата тензиите повторно пораснаа откако полицаец уби афроамерикански тинејџер.

 

Според извештаите на американските медиуми, демонстрантите во Фергусон во саботата провалиле во неколку продавници и со шишиња ја гаѓале локалната продавница којашто, според полициската снимка којашто ја објави локалната полиција. На снимката направена извесно време пред убиството се гледа како 18-годишниот Мајкл Браун краде и го малтретира сопственикот на дуќанот.

До новите насилни протести доаѓа и покрај повиците на семејството на убиениот тинејџер, на многу познати американски личности од афроамериканската заедница, како и на претседателот Барак Обама, да се стивнат страстите. Семејството на момчето вели дека „Мајкл не бил совршен“, но ја критикуваа полицијата дека со емитувањето на снимката се обидува „да го оправда убиството во стилот на егзекуција“.

Полицијата подоцна објави дека полицаецот кој го застрелал тинејџерот не знаел дека Браун е осомничен за грабеж. Според некои претходни информации од полицијата во Фергусон, момчето било застрелано при борба за пиштол со полицаецот при обид тоа да биде внесено во полициско возило.

Началникот на полицијата во Фергусон, Томас Џексон, кој инаку е критикуван дека во гратчето со околу дваесет илјади жители од 53 полицајци само тројца се црнци, иако огромно мнозинство од жителите се афроамериканци, изјави дека ја објавил полициската снимка, бидејќи на тоа бил принуден поради многубројните повици од медиуми.

Според него, грабежот е изведен без употреба на огнено оружје. На снимката се гледа како продавачот во продавниците е малтретиран од крупен афроамериканец, кој подоцна полицијата го идентификуваше како Мајкл Браун. Тој „земал кутија цигари“ и му ја дал на вториот осомничен, на пријателот Дориан Џонсон, според снимката.

Началникот Џексон од убиството даде неколку интервјуа во кои изјави дека Браун ги подигнал рацете во воздух во знак на предавање пред да полицаецот да пука во него. Во петокот беше објавено и името на полицаец, Дарен Вилсон, кој го убил Браун и кој по интервенцијата бил примен во болница бидејќи се жалел дека е повреден во борбата со тинејџерот поради што имал оток на лицето.

Убиството на црниот тинејџер предизвика повеќедневни судири меѓу полицијата и демонстрантите, меѓутоа демонстрациите во петокот во Фергусон главно беа мирни. Меѓутоа, како што пренесе во саботата пренесе телевизијата CBS, протестите мотивирани од полициското убиство во Фергусон, ноќта кон саботата се проширија и на градот Окленд во сојузната држава Калифорнија и се претворија во безредија.

Американскиот претседател Барак Обама во четвртокот по повод инцидентот и протестите изјави дека полицијата на примерен начин би требало да постапува кон луѓето што протестираат поради убиството на Браун.

„Нема изговор за насилството кон полицијата или изговор за оние кои би сакале да ја искористат оваа трагедија за вандализам и грабежи. Исто така, нема изговор за полицијата за употреба на прекумерна сила против мирољубивите демонстранти или за нивното затворање, поради тоа што ги користат своите уставни права“, изјави во телевизиското обраќање претседателот на САД.

Од министерството за правда и од Федералното истражно биро (FBI) Обама побара да спроведат независна истрага за убиството на тинејџерот. „Кога ќе се случи нешто вакво, локалните власти, вклучително и полицијата, мораат да бидат отворени и транспарентни во истрагата на таквото убиство и да ги заштитат луѓето во нивните заедници“, истакна Обама.

По инцидентот во Фергусон веќе пет дена продолжуваа безредијата во коишто повредени беа повеќе лица и полицајци во судирите меѓу демонстрантите и припадниците на силите за одржување на редот, кои употребуваа солзавец, шок бомби и гумени куршуми, а над триесет лица се обвинети за насилство и грабежи. /крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

(Видео) Филипче: ВМРО-ДПМНЕ успеа за една и пол година да нѐ стави во групата со Косово, БиХ, Молдавија и со Украина

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека Извештајот на Европската комисија за напредокот на...

Македонија5 часа

Со 205 милиони евра од Британците изградбата на болниците во Штип, Тетово и во Кичево ќе почне најдоцна на почетокот на следната година

Градежните активности за изградба на болниците во Штип, Тетово и во Кичево ќе почнат до крајот на оваа или најдоцна...

Топ5 часа

Загинатите во тешката сообраќајна незгода кај Плетвар се од Кавадарци, објавен идентитетот на учесниците во несреќата

МВР објави информации за лицата кои загинаа и повредените во сообраќајната несреќа на патот Градско-Прилеп, во близина на Плетвар. При судир...

Македонија6 часа

До ДИК поднесени приговори за резултатите во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош

До претпладнево, во Државната изборна комисија (ДИК) се поднесени вкупно 16 приговори во врска со постапката за сумирање и утврдување...

Регион7 часа

Еден кат подолу од пеколот: фотографот зборуваше за човекот покрај прозорецот во домот во Тузла

Eдинаесет лица загинаа во пожарот што го зафати пензионерскиот дом во Тузла, а дополнително 35 побарале медицинска помош во Универзитетскиот...

Регион9 часа

Силен земјотрес во Грција, почувствуван и во Бугарија: „На 5. кат сме, се тресевме 10-ина секунди“

Земјотрес со магнитуда од 4,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција во 8.16 часот наутро, а беше почувствуван и...

Македонија10 часа

Две жени намамиле човек во мотел во Скопје, каде што го пречекале двајца мажи: го удирале со боксови додека не паднал, па го ограбиле

Истрага против четири лица – двајца мажи и две жени поведе Основното јавно обвинителство Скопје за кривично дело – Разбојништво...

Европа10 часа

Вучиќ сака да продава муниција на Европа, реагира Кремљ: Не сакаме оружјето од братска Србија да биде употребено против нас

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја коментираше изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека Србија е подготвена да продава муниција...

Регион10 часа

(Видео) Бројот на загинати во Тузла се зголемува, 35 повредени, со месеци имало предупредувања за домот

Според најновите официјални информации, вкупно 11 лица загинаа во пожарот што синоќа зафати дел од зградата на Домот за стари...

Свет11 часа

(Видео) Мамдани: Трамп, знам дека ме гледаш, имам четири збора за тебе

Новиот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, одржа победнички говор во Бруклин, во кој на остар начин рече дека „градот што...

Европа11 часа

(Видео) Украинците нападнаа база на една од најнапредните руски единици, убиени офицери

Припадници на Главната разузнавачка управа (ХУР) на Украина извршија прецизен напад во окупираниот град Авдиивка во регионот Донецк, уништувајќи го...

Македонија12 часа

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско затворена

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско...

Свет12 часа

(Видео) Зохран Мамдани е избран за градоначалник на Њујорк

Демократот Зохран Мамдани, кој се опиша себеси како „најлошиот кошмар на Трамп“, е избран за нов градоначалник на Њујорк. Мамдани...

Регион12 часа

(Видео) Ужасни детали од трагедијата во Тузла: Пожарот го зафати катот со лицата со попреченост, се задушија

Десет лица загинаа во трагичен пожар што избувна во дом за стари лица во Тузла. Пожарот се прошири на седмиот...

Регион12 часа

(Видео) Трагедија во Тузла: 10 луѓе загинаа во дом за стари лица

Најмалку десет лица загинаа во катастрофален пожар што избувна вчера вечер во дом за стари лица во Тузла. Најмалку пет...

Топ22 часа

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството

Во врска со тешката сообраќајна несреќа што попладнево се случи на патот Прилеп – Росоман, во близина на Плетвар, дежурен...

Топ22 часа

Двajца загинаа во сообраќајка кај Плетвар, петмина повредени

Денеска околу 17 часот на патниот правец Прилеп-Росоман, во близина на селото Радобил, се случила тешка сообраќајна несреќа помеѓу две...

Топ22 часа

Очув и мајка осомничени за обљуба на малолетно девојче

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца сопружници за обљуба со злоупотреба на положбат. Осомничениот...

Топ23 часа

Обвинителството бара одземање на пасошите и дозволата за возачот кој го прегази Јорго Ќука во Скопје

Обвинителството достави до судот предлог за определување мерки на претпазливост за 37-годишниот возач кој на 3 ноември со автомобил удри...

Македонија1 ден

Беким Сали ќе го наследи Изет Меџити како прв вицепремиер

Портпаролот на коалицијата ВРЕДИ, Дритон Сулејмани, денеска потврди дека Беким Сали ќе биде новиот прв вицепремиер, на местото на  Изет...