Вести
Американски дрон ликвидирал четворица припадници на јеменската Ал Каеда

Американско беспилотно летало ликвидирало четворица осомничени припадници на глобалната терористичка организација Ал Каеда во југоисточен Јемен, објавија во неделата локалните власти.
Убиените мажи се превезувале со автомобил кој движел на територијата на аеродромот „ал-Рајан“ во градот ел-Мукала, кој од април годинава е под контрола на Ал Каеда. Ракетата истрелана од американско беспилотно летало ги ликвидирала сите четворица на самото место, се наведува во соопштението што го пренесува AFP.
Во јуни, исто така, во напад на американско беспилотно летало, беше убиен поранешниот водач на јеменското крило на организацијата познато како Ал Каеда на Арапскиот полуостров (AQIP), Насер ал-Вахиши.
Уште тројца други наводни припадници на Ал Каеда загинаа во сличен воздушен напад во покраината Мариб, во централниот дел на Јемен, во петокот утрото.
Во саботата милитантите на Ал Каеда заземаа неколку клучни области на пристанишниот град Аден во јужниот дел од земјата, каде што коалицијата на арапските земји изведуваше воздушни удари против борците на побунетото шиитско племе Хути. Во освоените квартови се наоѓаат претседателската резиденција, а во тамошното пристаниште во петокот вплови првиот трговски брод од почетокот на воената операција во март годинава. Провладините сили го ослободија Аден од шиитските милиции во средината на јули.
Во Јемен продолжува вооружениот конфликт на кој на едната страна се бунтовниците од шиитската милиција „Ансар Алах“ и војниците лојални на поранешниот претседател Али Абдел Салех, а од друга страна силите на претседателот во егзил Абд Рабу Мансур Хади. Во земјата дејствува и контролира некои северни области Ал Каеда на Арапскиот полуостров, којашто се смета за една од најорганизираните и најопасни ќелии на Ал Каеда, која веќе организираше неколку обиди за терористички напади во странство./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.