Вести
Американски специјалци наскоро во Сирија

Повеќе десетици припадници на американските специјални сили кои администрацијата на претседателот Барак Обама минатиот месец одлучи да ги испрати во Сирија, наскоро ќе пристигнат на теренот, изјави во неделата висок американски функционер.
„Тие наскоро ќе пристигнат таму“, изјавил специјалниот пратеник на американскиот претседател за меѓународната коалиција против терористичката организација Исламска држава Брет Мекгарк, несакајќи да открива детали.Нивната улога е да ги организираат локалните сили, кои се борат против Исламската држава во северна Сирија, потсетил дипломатот во емисијата „Face the Nation“ за телевизиската мрежа CBS.Претседателот Обама кон крајот на октомври даде дозвола за распоредување на повеќе од 50 војници на американските специјални сили во Сирија, со неборбена улога на советници. Тоа ќе биде првото официјално распоредување на американски сили на сириска територија од почетокот на нивната воздушна интервенција во Сирија пред една година.Како и воздушната операција, и овој воен ангажман на Вашингтон е преземан без дозвола и без координација со владата во Дамаск, поради што е критикуван дека го повредува меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации.Белата куќа на 30-ти октомври дека 50-ина специјалци ќе бидат распоредени на северот од Сирија за да ги советуваат вооружените сили на сунитската опозиција која САД ја именуваат како „умерена“ против Исламската држава. Одлуката претставува промена во политиката на американскиот претседател Барак Обама кој долго време отфрлаше испраќање копнени војски за да се избегне инволвирање во нова војна на Блискиот исток.Оваа одлука следеше откако беше утврдено дека Новите сириски сили (NSF), сунитската вооружена опозиција обучувана и вооружена од американските војски која се бори против силите на претседателот Башар ал-Асад и која Западот ја оценува како „умерена“, ги предале камионите и муницијата во замена за безбедно минување низ подрачје под контрола на Џабхат ан-Нусра./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.