Вести
Американски специјалци во Сирија убиле 32 борци на IS

Во акција на американските специјалци во Сирија, во којашто бил убиен еден од водачите на џихадистичката Исламска држава (IS), Абу Сајаф, убиени се 32 припадници на оваа терористичка група, вклучително уште четворица нејзини лидери, објави во неделата опозициска Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR), со седиште во Лондон, повикувајќи се на своите „активисти на теренот“
Претходно во саботата сириската државна телевизија објави дека армијата на владата на претседателот Башар ал-Асад убила еден од водачите на џихадистичката групација Исламска држава, заедно со уште 40 нејзини борци во источната провинција Деил ал-Зор. Бил убиен Абу ал-Тајем ал-Сауди, државјанин на Саудиска Арабија, кого во исламистичките кругови го нарекувале „министерот за нафта на Исламската држава“.
Ал Сауди бил убиен во специјална операција на сириската армија на најголемото сириско нафтоносно поле ал-Омар, коешто Исламската држава во јули 2014 година. Опозициската Сириска опозиција за човекови права (SOHR), објави дека нападот врз нафтоносното поле бил извршен воздушен напад при што се убиени дваесетина припадници на Исламската држава, меѓу кои најмалку дванаесет биле странски државјани.
Сириската армија во неделата соопшти дека во споменатиот напад врз позициите на Исламската држава биле убиени пет челници на оваа сунитска исламистичка група, по потекло од Саудиска Арабија, Турција, Чеченија, Јордан и Ирак.
„Во акцијата на американските специјалци убиени се 32 припадници на Исламската држава. Меѓу кои и четворица команданти на групи. Еден од нив функционер на Исламската држава (во калифатот што го прогласи на територии од Сирија и од Ирак –з.м.) задолжен за нафта, Бау Сајаф, заменикот министер за одбрана и функционер на IS за комуникации“, изјави за Reuters директорот на SOHR, Рахман Абделрахман.
Според него, тројца од четворицата важни членови на Исламската држава биле од северна Африка, а четвртиот „министер“ задолжен за комуникации бил Сириец.
Акцијата на американските специјалци, лично ја одобрил претседателот Барак Обама. Американските функционери изјавиле дека во петокот навечер во Сирија биле убиени десетици луѓе, а дека операцијата ја извеле припадници на американските специјални сили коишто се стационирани во соседен Ирак а чијашто задача била да го уапсат Абу Сајаф, пишува AFP.
Американските функционери всушност велат дека целта на операцијата била да се уништи седиштето на џихадистите во најголемото сириско нафтоносно поле ал-Омар, во покраина Деир ел-Езор, за чиешто ослободување всушност објави во саботата сириската армија.
Не е познато дали Вашингтон го известил официјален Дамаск за операцијата на американските специјалци на неговата територија, бидејќи е познато дека САД и Западот ги поддржуваат сунитските кралства во регионот против сирискиот претседател Башар ал-Асад, кој е алавит, односно шиит. Дури претседателот Обама во последен момент пред две години се одлучи да не интервенира против Асад. /крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.