Вести
Американскиот државен правобранител Холдер се повлекува

Американскиот државен правобранител Ерик Холдер, кој важи за еден од најблиските соработници на претседателот Барак Обама, изјави ноќта кон петокот дека ќе се повлече од должноста.
Ерик Холдер беше првиот Афроамериканец кој ја извршуваше функцијата државен правобранител. Тој ќе остане на должноста сѐ додека не биде именуван негов наследник и тој не биде потврден, изјави американскиот претседател Барак Обама во кусото соопштение издадено од Белата куќа. Стоејќи покрај Холдер, Обама заминувањето на својот пријател Холдер го нарече „горко-слатко“, пренесува Reuters.„Никогаш нема да ја напуштам работата. Ќе продолжам да служам“, изјави Холдер чиишто речиси шест години на должноста го направија еден од најдолговечните државни правобранители во САД.Заминувањето на Ходлер, според аналитичарите, најверојатно ја најавуваа напнатата битка за потврдување на новиот американски државен праворанител во Сенатот на заседанието по изборите коишто ќе се одржат на 4-ти ноември, на кои републиканците очекуваат дека ќе добијат мнозинство во горниот дом на Конгресот, па демократот Обама веројатно ќе мора да ја испрати номинацијата пред заседанието на новиот состав на Конгресот во јануари.Наследникот на Холдер ќе се соочи со низа предизвици, меѓу кои и антитерористичките иницијативи против Исламската држава, урамнотежувањето на правата на приватноста со владиното шпионирање и одлуката дали да се продолжи со обидите за прогон на поранешниот соработник на американските разузнавачки агенции Едвард Сноуден кој сега живее со привремен азил во Русија, за откривање на мегаскандалот со следењето на електронските комуникации на милиони луѓе низ светот.Неименуван функционер од Белата куќа за Reuters вели дека претседателот Обама сѐ уште не донел одлука кој ќе го замени Холдер. Се споменуваат имињата на државниот правобранител на Менхетен, Прит Барар, главниот владин правобранител Дон Верили поранешниот помошник државен правобранител Камал Харис, државната правобранителка од Бруклин, Лорет Линч и гувернерот на сојузната држава Масачусетс, Девал Патрик.Ерик Холдер силно ги поддржа многуте од најлибералните ставови на Обама, меѓу кои и она за посилната контрола на оружјето, при критиката на американскиот здравствен систем и настојувањата на осомничените за тероризам да им се суди пред цивилните а не пред воените судови.Републиканците лошо го оценија неговиот мандат и најавија како ќе се однесуваат кон неговиот наследник при потврдувањето на именувањето.„Внимателно ќе ја оценам замената на претседателот, за да осигурам дека министерството за правосудство конечно ќе се врати на спроведувањето на законите како приоритет над партиските ставови“, изјави челникот на републиканците во Сенатот, Мич Мекконели од сојузната држава Кентаки./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.